2023
Отворете го своето срце за Светиот Дух
Aприл 2023


„Отворете го своето срце за Светиот Дух,” For the Strength of Youth, апр. 2023.

Месечна Порака на For the Strength of Youth , април 2023

Отворете го своето срце за Светиот Дух

Од едно обраќање на генералната конференција април 2018 година.

Оваа велигденска сезона, му се заблагодарувам на нашиот Небесниот Отец за дарот на Неговиот сакан Син, кој доброволно дојде на земјата да биде наш Искупител. Благодарен сум што знам дека Тој ги искупи нашите гревови и воскресна во Воскресението. Секојдневно сум благословен што знам дека преку Неговото Помирување, еден ден би можел да воскреснам за да живеам засекогаш во семејство исполнето со љубов.

Ги знам овие работи преку единствениот начин на кој секој од нас може да ги дознае. Светиот Дух му зборува на мојот ум и срце дека тие се вистина—не само еднаш туку често.

Го имаме бесценетото ветување на Светиот Дух како наш придружник. Наша обврска е да одбереме да ги отвориме нашите срца за да добиваме постојана духовна насока и утеха преку Светиот Дух во текот на нашите животи.

Слика
цвеќе

Илустрации од Емили Е. Џоунс

Првиот избор е да бидеме понизни пред Бога.

Слика
раце кои молат

Вториот е да се молиме со вера во Господ Исус Христос.

Слика
компас

Третиот е да ги почитуваме потполно.

Слика
во облик на срце

И четвртот е да се молиме за да ги дознаеме потребите и срцата на другите и како да им помогнеме за Господа.

Се молам со сето свое срце да го слушнете гласот на Духот, кој ви е испратен толку великодушно. И се молам секогаш да го отворите вашето срце за да го примите Духот за да може да ја почувствувате радоста што го имате како ваш постојан придружник.

Печати