За Силата на Младите
За силата на младите: Пораката на Спасителот до Вас
Март 2024


„За силата на младите: Исусовата Порака до Вас“, For the Strength of Youth, мар. 2024.

Месечна Порака За силата на младите , мaрт 2024

For the Strength of Youth: Исусовата Порака до Вас

Водичот ви помага да ги усогласите вашите одлуки со Исусовите и Неговите учења.

Исус Христос

I Stand at the Door and Knock, (Ете стојам пред вратата и чукам), насликана од Ј. Кирк Ричардс

Замислете дека живеете во некогашна Галилеја, пред 2000 години. Вие и вашите пријатели сте поканети на духовна молитвена сесија за млади во блиската синагога, со посебен гостин говорник: Исус од Назарет. И во одреден момент од Неговата порака, Исус ги кани младите во публиката да му поставуваат прашања.

Каков вид на прашања, очекувате дека ќе слушнете?

Претпоставувам дека некои прашања ќе бидат одраз на културата и околностите на времето. Но јас навистина верувам дека многу од нив ќе звучат како и прашањата кои и денес ги имаме.

На пример, во Новиот Завет, луѓето го прашуваат Спасителот прашања како овие:

  • Што да направам за да стекнам вечен живот?1

  • Дали сум прифатен? Дали припаѓам?2

  • Ако брат ми греши против мене, колкупати треба да му простам?3

  • Што ќе му се случи на овој свет во иднина? Ќе бидам ли безбеден?4

  • Можете ли да ги исцелите моите ближни?5

  • Што е вистина?6

  • Како да знам дали сум на вистинскиот пат?7

Зарем сите ние не се прашуваме за истото од време навреме? Низ вековите, прашањата не се променија многу. Ниту пак сочувството што Спасителот го има кон оние кои го прашуваат. Тој знае колку проблематичен и збунувачки може да биде животот. Тој знае колу е лесно да се изгуби нашиот пат. Тој знае дека понекогаш се грижиме за иднината. И тој ни вели вам и мене, како што им го велел тоа на Неговите следбеници одамна:

  • „Нека вашето срце не биде вознемирено.“8

  • „Јас сум патот [и] вистината“.9

  • „Следете ме“.10

Кога ви претстои донесување на важни одлуки, Исус Христос и Неговото обновено евангелие се најдобриот избор. Кога имате прашања, Исус Христос и Неговото обновено евангелие се најдобриот одговор.

Ова е причината зошто го сакам For the Strength of Youth: A Guide for Making Choices (За силата на младите: Водич за Донесување Одлуки). Нė упатува кон Исус Христос за да ја добиеме Неговата сила. Постојано чувам примерок во мојот џеб. Кога среќавам луѓе ширум светот кои сакаат да знаат зашто ние, членовите на Црквата на Исус Христос, го правиме она што го правиме, го споделувам овој водич со нив.

For the Strength of Youth поучува вечни вистини за Спасителот и Неговиот начин. Ве води да донесувате одлуки врз основа на овие вистини. И ги споделува ветените благослови што ги упатува кон Неговите следбеници. Ве молам читајте, размислувајте и споделувајте го овој водич!

Поканете го Него да Влезе

Исус Христос сака да биде дел од вашиот живот—постојано, секојдневно присуство, во добри и лоши времиња. Не стои залудно на крај од патот, чекајќи да посегнете по Него. Го следи секој ваш чекор по патот. Тој е патот!

Но Тој нема насилно да влезе во вашиот живот. Поканете го внатре, преку вашите одлуки. Ова е причината зошто водичот за носење одлуки, како For the Strength of Youth, е толку вреден. Секој пат кога донесувате праведни одлуки базирани на вечните вистини на Спасителот, покажувате дека го посакувате Него во животот. Ваквите одлуки ги отвораат рајските порти, а Неговата сила се влева во вашиот живот.11

Изградете силна Врска

Можеби се сеќавате дека Спасителот ги споредува оние кои ги слушаат и извршуваат Неговите поговорки со мудриот човек кој „ја изградил својата куќа врз карпа“. Тој објаснил:

„И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа; но таа не падна зашто беше изградена на камен“.12

Никоја куќа не преживува бура затоа што таа е цврста. Исто така не преживува единствено поради тоа што каменот е силен. Куќата ја преживува бурата зашто е цврсто прицврстена на тој цврст камен. Важна е силата на врската со каменот.

Слично, кога ги градиме нашите животи, важно е да донесуваме добри одлуки. И важно е да ја разбереме вечната вистина на Спасителот. Но силата што ни е потребна за да ги пребродиме животните бури доаѓа кога ќе ги поврземе нашите одлуки со Исус Христос и Неговото учење. Тоа е она што прирачникот За силата на Младите ни помага да го направиме.

На пример, вашите пријатели можеби знаат дека се трудите да не користите навредлив јазик. Можеби ќе видат како посегнувате до тоа дете на училиште кое повеќето луѓе едноставно го игнорираат или дури го малтретираат. Но дали тие знаат дека ги донесувате овие одлуки бидејќи Исус Христос поучувал дека „сите луѓе се ваши браќа и сестри—вклучувајќи ги … луѓето кои се различни од вас“?13

Вашите пријатели можеби знаат дека одите во црква секоја недела. Можеби ќе забележат кога ќе прекинете одредена песна или ќе одбиете покана да гледате одреден филм. Но дали знаат дека ги носите овие одлуки бидејќи имате „радосен заветен однос со Небесниот Отец и Исус“, и тоа е дел од таа посветеност да се следи Спасителот, вие сте благодарни што „го имате Светиот Дух како ваш постојан придружник“?14

Луѓето можеби знаат дека не пиете или пушите или не користите други штетни дроги. Но знаат ли дека ги донесувате овие одлуки затоа што Исус Христос поучувал дека „вашето тело е свето“, „неверојатен дар од вашиот Небесен Отец“, создаден според Неговиот лик?15

Вашите пријатели можеби знаат дека нема да мамите или лажете и дека серизоно го сваќате образованието. Но зарем не знаат дека тоа е затоа што Исус Христос учел дека „вистината ќе ве ослободи?“16

Што е најважно, дали пријателите знаат дека ги носите овие понекогаш непопуларни одлуки за да останете верни на Неговите стандарди, зашто знаете дека „Исус е вашата сила?“17

Тој е вашата сила

Ви го давам моето сигурно сведоштво дека Исус Христос е Патот кон светла и славна иднина—вашата иднина. Тој исто така е Патот кон светла и славна сегашност. Одете по Неговиот Пат, и Тој ќе оди со вас. Вие можете да го направите ова!

Почитувани мои млади пријатели, Исус Христос е силата. Продолжете да чекорите со Него, и Тој ќе ви помогне да се вивнете „со крила како орли“18 кон вечната радост што Тој ја подготви за вас.