„Што точно Ветуваме Кога ќе се крстиме?“, For the Strength of Youth, јуни 2024.
Месечна порака на For the Strength of Youth ,јуни 2024
Што точно Ветуваме Кога ќе се крстиме?
Светите писма нé поучуваат дека кога ќе се крстиме, се заветуваме дека сме подготвени да го преземеме името на Христос, да му служиме на Бога, и да се држиме до Неговите завети (види Мосија 18:10; Учењата и заветите 20:37, 77).
Од светите писма исто така учиме дека крштевањето ни помага да ја исполниме нашата желба „да влеземе во стадото Божје и да се наречеме негов народ“ (Мосија 18:8). Со други зборови, една од причините поради која се крштеваме е што сакаме да се приклучиме на Црквата на Исус Христос и да уживаме во љубовта и чувството на припадност што доаѓаат од тоа што сме обединети во Христос.
Посветеноста да му се служи на Господ, и да се одржуваат Неговите заповеди може да вклучи многу работи во текот на нашите животи. На пример, таа вклучува да бидеме „спремни да си ги носиме товарите еден на друг, … да тагуваме со оние кои тагуваат; да, да ги тешиме оние кои имаат потреба од утеха, и да застанеме како сведоци на Бога во сите работи, и насекаде“ (Мосија 18:8–9).
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, June 2024. Macedonian. 19299 158