„Прилог: Принципи на учење Поимник“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)
„Поимник“, EnglishConnect 1 за Ученици
Appendix
Principles of Learning Glossary
Принцпици за Поимник за Учење
Agency
Слобода на Избор: Како Божји чеда, имаме слобода на избор, или моќ, да носиме сопствени одуки. Можеме да избереме во што да веруваме, што правиме и кој ќе станеме.
„Слобода на избор е способност и привилегија што Бог ни ја дава да избираме и да дејствуваме сами за себе” (Gospel Topics, „Agency and Accountability“, ChurchofJesusChrist.org).
„Поради Неговата љубов, Бог ни даде слобода на избор, или слобода да носиме одлуки. Вашата слобода на избор ви овозможува да носите добри одлуки што водат кон среќа; таа исто така ве прави способен да одлучувате и носите лоши одлуки, што водат кон моментална или евентуална несреќа. Бог нема да се меша во вашиот избор; Тој дозволува вие да ја донесете одлуката и да учите од последиците. Сепак Тој на крај нуди помош за да ги надминеме грешките и гревовите—спасителната моќ на Исус Христос. Без разлика колку лоши околностите може да станат или колку многу погрешни избори сте направиле, секогаш може да изберете да се промените и да најдете мир преку Исус Христос” („God Is There for You“, ComeuntoChrist.org).
Agent
Застапник: Застапник е лице кое има способност или моќ да постапува за себе. Како чеда на Бога, ние сме застапници, ја имаме слободата на избор, или моќта да носиме сопствени одлуки. Можеме да избереме во што да веруваме, што правиме и кој ќе станеме.
Bible
Библија: „Библија е света книга што го содржи божјето слово. Низ нејзините страници, Светиот Дух нé поучува дека Бог никогаш не престанал да ги сака Неговите чеда. …Да се следат учењата пронајдени во Библијата ни помага да го дознаеме кој е Бог … и подобро да разбереме како Тој сака ние да живееме. …”
„Исус Христос е Синот на Бог кој дојде на земјата да не спаси од гревот, тагата, осаменоста, болката, и многу повеќе. Додека беше на земјата Исус поучуваше прекрасни лекции во врска со служењето и сакањето и изведуваше многу чуда. Во Библијата, ние можеме да ги прочитаме овие приказни и да почнеме да осознаваме како да ги надминеме тешките работи со помш на Исус („What Is the Holy Bible?“, ComeuntoChrist.org).
Book of Mormon
Книга на Мормон: „Книгата на Мормон содржи свети пишувања од следбениците на Христос. Исто како што Бог им зборуваше на Мојсеј и Ное во Библијата, Тој исто така им зборувал и на луѓето од американските континенти. Овие луѓе, наречени пророци, го напишале Божјото слово. Нивните записи на крај се собрани во книга од еден пророк наречен Мормон. …
„Книгата на Мормон е доказ дека Бог ги сака сите Свои чеда и е вклучен во нивните животи. Таа служи како сведоштво на вистините во Библијата и на божественоста и учењата на Исус Христос” („What Is the Book of Mormon?,” ComeuntoChrist.org).
Doctrine and Covenants
Учењата и Заветите: „Учењата и заветите е книга за светото писмо која содржи откровенија од Господ до пророкот Џозеф Смит и современите пророци од подоцнежните дни. Таа е уникатна бидејќи не е превод на древни документи.
„Учењата и заветите е една од четирите книги на светото писмо кои се користат во Црквата на Светците од Подоцнежните Дни (другите три се библијата, Книгата на Мормон, и Скапоцениот Бисер)” (Gospel Topics, „Doctrine and Covenants“, ChurchofJesusChrist.org).
Faith
Вера: „Вера е принцип на дејствување и моќ. Кога и да работиме кон достоинствена цел, практикуваме вера. Ја покажуваме нашата надеж за нешто што сé уште не можеме да го видиме. …”
„Да се има вера во Исус Христос значи да се ослониме потполно на Него—да веруваме во Неговата бескрајна Моќ, интелегенција и љубов. Тоа исто така вклучува верување во Неговите учења. Тоа значи да се верува дека иако не ги разбираме сите работи, Тој ги разбира. Бидејќи ги преживеал сите наши болки, невољи и немоќ, Тој знае како да ни помогне да се издигнеме над нашите секојдневни тешкотии. … (види Алма 7:11–12; Учењата и заветите 122:8).”
„Верата е многу повеќе од пасивно верување. Ја искажуваме нашата вера преку дејствување—преку начинот на кој живееме. …”
„Верата е дарба од Бога, но ние мора да ја негуваме нашата вера за да ја одржиме силна. Верата е како мускул. Ако се практикува, станува силна. Ако се остави неподвижна, таа заслабува“ (Gospel Topics, „Faith in Jesus Christ“, ChurchofJesusChrist.org).
God/Heavenly Father
Бог/Небесен Отец: „Бог Отецот е Натприродното Суштество во кое веруваме, на кое му се восхитуваме, и на кое му се молиме. Тој е крајниот Творец, Владетел и Заштитник на сé. Тој е совршен, ја има сета моќ, и ги знае сите работи” (Gospel Topics, „God the Father“, ChurchofJesusChrist.org).
„Бог е нашиот сакан Отец на Небесата. … Тој е Отецот на [нашите] дух[ови]. … [Небесниот Отец] ги сака сите Свои чеда, вклучувајќи ве и вас. … Тој сака да воспостави однос со вас” („God’s Love“, ComeuntoChrist.org).
Во светите писма, зборот Бог често се користи кога се мисли на Небесниот отец или Исус Христос бидејќи тие се обединети во цел. Се молиме на нашиот Небесен Отец.
Holy Spirit
Светиот Дух: „Светиот Дух, е сведок за Бога и Исус Христос. … Светиот Дух ни дава утеха, ни помага да ја препознаеме вистината, и сведочи за Исус Христос. … Еден од начините преку кои Бог комуницира со нас е преку Светиот Дух. Светиот Дух им зборува на нашиот ум и нашите срца преку мисли и чувства” („The Holy Spirit“, ComeuntoChrist.org).
Jesus Christ
Исус Христос: „Исус е Спасителот на светот и нашиот совршен пример. Кога го следиме Него, наоѓаме поголема среќа во животот. …”
„Исус Христос е Синот на Бог. Нашиот Небесен Отец го испрати Својот Син, Исус Христос, да ги преземе на Себе, гревовите на сите што ќе живеат на земјата за да ни биде простено. …”
„Исус живееше совршен живот за да ни го покаже начинот на кој ќе се вратиме назад кај Небесниот Отец. …”
„Исус страдаше и умре за нашите гревови. Исусовата мисија со доаѓањето на земјата беше да не спаси од нашите гревови. Тој доброволно настрада и се жртвуваше за да ја плати цената за нашите грешки за да може да се покаеме и да ни биде простено. …”
„Исус беше воскреснат за да ние можеме да живееме повторно. Три дни по неговата смрт, Исус се крена од гробот и им се појави на многу од Неговите пријатели и следбеници. Тој беше првиот кој воскресна, што значи дека неговиот дух беше повторно обединет со неговото совршено физичко тело по смртта. Бидејќи Исус ја победи смртта, и ние ќе бидеме воскреснати еден ден” („Following Jesus Christ, Our Perfect Example“, ComeuntoChrist.org).
Prayer
Молитва: Молитва е „понизен разговор со Бога за време на кој некое лице дава благодарност и бара благослови. Молитвите се адресирани до нашиот Небесен Отец во името на Исус Христос” (Водич до Светите Писма, „Prayer,” ChurchofJesusChrist.org).
„Бог е нашиот возљубен Отец на Небесата, и Тој сака да ве ислуша” („How to Pray“, ComeuntoChrist.org).
Prophet
Пророк: „Пророк е некој кој е повикан од Бога да му дава водство на целиот свет. Од Авраам и Мојсеј до живите пророци на денешницата, Бог го следи моделот на давање водство на Своите чеда преку пророците“ („God Speaks to Us through Prophets“, ComeuntoChrist.org).
Savior
Спасител: „Оној кој спасува. … ‘Спасител’ е име и титула на Исус Христос” (Guide to Scriptures, „Savior“, ChurchofJesusChrist.org).
Исус Христос е наш Спасител бидејќи Тој го даде Својот живот и беше воскреснат за да ние можеме да ги надминеме последиците од гревот и смртта и да живееме со Бога повторно.
„Исус настрада и умре за нашите гревови. Исусовата мисија со доаѓањето на земјата беше да нé спаси од нашите гревови. Тој доброволно настрада и се жртвуваше за да ја плати цената за нашите грешки за да може да се покаеме и да ни биде простено. …”
„Исус беше воскреснат за да ние можеме да живееме повторно. Три дни по Неговата смрт, Исус се издигна од гробот и им се појави на многу од неговите пријатели и следбеници. Тој беше првиот воскреснат, што значи дека неговиот дух беше повторно обединет со неговото совршено физичко тело по смртта. Бидејќи Исус ја победи смртта, сите ние ќе бидеме воскреснати еден ден” („Following Jesus Christ, Our Perfect Example“, ComeuntoChrist.org).
Scripture
Свети писма: „Кога свет човек од Бога пишува или зборува преку моќта на Светиот Дух, нивните зборови ќе бидат свето писмо, ќе бидат волјата Господова, ќе бидат умот Господов, ќе бидат гласот Господов, и моќта на Бога кон спасението’ (Учењата и заветите 68:4). …
„Главната цел на светото писмо е да сведочи за Христос и да ги води Божјите чеда за да можат да дојдат кај Него и да добијат вечен живот (види Јован 5:39; 20:31; 1 Нефи 6:4; Мосија 13:33–35)” (Gospel Topics, „Scriptures“, ChurchofJesusChrist.org).