Дојдете, Следете ме
Научете, Учете и Применувајте ги Пораките од Генералната Конференција
Кворумот на Старешини и Здруженето за Помош играат многу битна улога во работата на спасение и егзалтација. За време на неделните средби, тие расправаат за тоа како да се применат учењата од неодамнешните пораки од Генаралната Конференција во нивните напори во оваа работа. Претседателствата на Кворумот на Старешини и Здружението за помош избираат една конференциска порака од која ќе учат за време на секоја неделна средба, врз основа на потребите на членовите и водство од Духот. Повремено, епископот или претседателот на кол исто така можат да предложат порака. Генерално, водачите треба да изберат пораки од членовите на Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Сепак, може да се води расправа за секоја порака од последната генерална конференција.
Предавачите се фокусраат како да им помогнат на членовите да ги применат учењата од пораките од генералната конференција во нивните животи. Водачите и предавачите наоѓаат начини да ги охрабрат членовите да ги проучуваат избраните пораки пред средбите.
За повеќе информации за состаноците на кворумот на старешини и Здружението за Помош, види General Handbook: Serving in The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 8.2.1.2, 9.2.1.2, ChurchofJesusChrist.org.
Правење план за подучување
Следниве прашања можат да им помогнат на предавачите кога планираат да користат порака од генералната конференција за подучување. По потреба, предавачите се советуваат со претседателствата на кворумот на старешини или на Здружението на жени кога размислуваат за овие прашања.
-
Зошто кворумот на старешини или здружението за помош ги избираат овие пораки за да расправаат? По расправата за избраната порака, што се надеваат предавачите дека членовите ќе знаат и ќе направат?
-
Што сака говорникот да разберат членовите? Кои принципи од евангелието тој или таа ги подучува? Како овие приципи се применуваат во мојот кворумот на старешини или Здружение за Помош?
-
Кои свети писма користи говорникот за подршка на сопствената порака? Постојат ли други свети писма што членовите би можеле да ги прочитаат а би го продлабочило нивното разбирање? (Може да пронајдете некои од завршните белешки од пораката или во Водичот за Светите Писма [scriptures.ChurchofJesusChrist.org].)
-
Кои прашања би можел да ги прашам што би им помогнале на членовите да размислуваат и да ги применуваат учењата од пораката? Кои прашања ќе им помогнат да ја видат важноста на овие учења во нивните животи, во семејствата и во Господовата работа?
-
Што можам да направам за да го поканам Духот на нашата средба? Што можам да употребам за да ја зајакнам расправата, вклучувајќу приказни, аналогии, музика и уметнички дела? Што прават говорниците за да им помогнат на членовите да ги разберат нивните пораки?
-
Дали говорникот упатува било какви покани? Како би можел да им помагам на членовите да ја почувствуваат желабата да постапуваат според упатените повици?
Идеи за Активност
Има многу начини на кои предавачите може да им помогнат на членовите да научат и да ги применуваат пораките од генералната конференција. Еве неколку примери; предавачите може да имаат поинакви идеи што ќе функционираат подобро во нивниот кворум на старешини или пак Здружението за помош.
-
Применувајте ги вистините во нашите животи. Поканете ги членовите да ги разгледаат конференциските пораки барајќи вистини што би можеле да им помогнат да се постигне делото што Бог им го има дадено ним како поединци или како кворум на старешини или Здружение на жени. На пример, што учиме што би ни помогнало како службеници? како родители? како членови на мисија? Како оваа порака влијае врз нашите мисли, чувства и дејствија?
-
Дискутирајте во групи. Поделете ги членовите на мали групи и доделете и на секоја група различен дел од конференциската порака да го прочитаат и да расправаат. Потоа побарајте од секоја група да сподели по една вистина што ја пронашле и како таа се однесува на нив. Или би можеле да создадете групи составени од членови кои проучуваат различни делови од пораката и дозволете им да го споделат пронајденото еден со друг.
-
Барајте одговори за прашањата. Поканете ги членовите да одговараат на прашања како следниве во врска со конференциската порака: Кои вистини за евангелието ги наоѓаме во овие пораки? Како можеме да ги примениме овие вистини? Кои покани и ветени благослови беа дадени? Што нè учи оваа порака за тоа што Бог сака да правиме? Или составете самостојно неколку прашања кои ги охрабруваат членовите да размислуваат подлабоко за пораката или да ги применат вистините што таа ги учи. Потоа дозволете им на членовите да одберат прашање и да пронајдат одговори во пораката.
-
Споделувајте изјави од пораката. Поканувајте ги членовите да споделуваат изјави од конференциската порака што ги инспирира да ги исполнуваат своите обврски во работата за спасение и егзалтација. Охрабрувајте ги да размислуваат како би можеле да ги споделуваат овие изјави за да благословат некој, вклучувајќи ги саканите и луѓето на кои им служите.
-
Споделете практичен пример. Однапред, поканете неколку членови да донесат предмети од дома што би можеле да ги користат при поучување за конференциска порака. За време на состанокот, прашајте ги членовите да објаснат како овие предмети се поврзуваат со пораката и како пораката се применува во нивните животи.
-
Подгответе лекција што ќе ја земете дома. Поканете ги членовите да работат во парови за да ја испланираат лекцијата за семејна домашна вечер врз основа на конфернциската порака. Тие би можеле да одговорат на прашања како следните: Како да ја направиме пораката суштинска за нашето семејство? Како да ја споделиме оваа порака со луѓето на кои им служиме?
-
Споделете искуства. Прочитајте заедно неколку изјави од конференциската порака. Поканете ги членовите да споделат примери од свтите писма и од сопствените животи што ја илустрираат или засилуваат доктрината научена во овие изјави
-
Најдете реченица. Поканете ги членовите да пребаруваат по конференциската порака за да најдат реченици кои се значајни за нив. Замолете ги да ги споделат речениците и што научиле од нив. Замолете ги да споделат како овие учења им помагаат да ја остварат Господовата работа.
За повеќе идеи за тоа како да проучувате и да предавате од пораките на генералната конференција, види „Идеи за Учење и Поучување од Генералната Конференција.“ (Кликнете на „Идеи за проучување“ под „Генерална Конференција“ во Евангелска Библиотека.)