Friend
Се Ќе Биде Добро Поради Храмските Завети
Мај 2024


Месечна Порака на За Силата на Младите , Мај 2024

Се Ќе Биде Добро Поради Храмските Завети

Извадоци

алт текст

САД

Браќа и сестри, јас понизно сведочам дека додека присуствуваме во храмот, можеме да бидеме потсетени на вечната природа на нашите духови, нашата врска со Отецот и Неговиот Божествен Син, и нашата крајна цел да се вратиме во нашиот небесен дом.

Под инспирирано водство на Претседател Нелсон, Господ забрзува, и ќе продолжи да забрзува, градење на храмови низ светот. Ова ќе овозможи на сите Божји деца да примат обреди на спасение и возвишување и да склучат и одржуваат свети завети.

Често учество во обредите на храмот може да создаде модел на посветеност на Господ. Кога ги одржувате вашите храмски завети и се сеќавате на нив, вие поканувате придружба на Светиот Дух да ве зацврсти и прочисти.

Преку запечатувачките завети во храмот можеме да примиме осигурување на прекрасно семејство и врски кои ќе продолжат после смрт и ќе траат до вечност. Почестување на бракот и семејните завети во храмот на Бог ќе обезбедат заштита од злото на себичност и гордост.

Испити, предизвици, и срцеви болки сигурно ќе дојдат на сите нас. Никој од нас не е имун од „трнови на месото“ [види 2 Коринтијани 12:7-10]. Сепак, додека присуствуваме во храмот и се сеќаваме на нашите завети, можеме да се подготвиме да добиеме лична насока од Господ. …

Мои драги браќа и сестри, јас сведочам дека не постои ништо поважно отколку да се почестат заветите кои сте ги склучиле или ќе ги склучите во храмот.