„Гетсиманија“, For the Strength of Youth, април 2023
Местата од светите писма
Гетсиманија
Дознајте повеќе за местото каде страдањата на Спасителот започнуваат во ваше име.
Каде е тоа?
На падината на Маслиновата Гора, источно од Ерусалим (десно на илустрацијата, означено со преголемо дрво).
Што имаше Таму?
Маслинова градина и веројатно преса за добивање масло од маслинките.
Што се Случи Овде?
По Тајната вечера, Исус Христос замина со единаесет од своите апостоли во Гетсиманија. Тој се тргна настрана за да се помоли и ги зеде Петар, Јаков и Јован со Него.
Тој рече „останете тука и бидете будни“. Тој рече, „душата ми е до смрт нажалена“ (Марко 14:33–34).
Тој се молеше, „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене: Но нека не биде волјата моја, туку Твојата!
„И му се јави ангел од небото, и го поткрепуваше.
„Па бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта му беше како капки крв, што паѓаа на земјата” (Лука 22:42–44).
По оваа агонија од страна на Спасителот, Тој бил предаден од Јуда и уапсен од еврејските службеници и група Римски војници.
© 2023 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Translation approval: 6/23. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, June 2023. Language. 19026 158