„Седум дена Споделување,” For the Strength of Youth, јули 2023.
Месечна Порака на For the Strength of Youth , јули 2023
Седум Дена Споделување
Можете да го споделувате евангелието на вообичаени и природни начини. Дали сте подготвени за предизвикот?
Кога зборуваме за споделување на нашите сведоштва, често размислуваме за давање на нашите сведоштва на сакраметалните средби или на некоја друга конвенционална средина. Но не охрабруваат да „бараме можности да ја зајакнеме вашата вера на вообичаен и природен начин.“1
Во седмодневниот предизвик подолу, можете да го споделите вашето сведоштво на различен начин секој ден од неделата. Можете да ги правите овие работи во било кој редослед, или дури и да излезете со свои идеи! Дали сте подготвени за предизвикот?
Ден 1: Црква
Размислете да го дадете своето сведоштво на денот за пост и сведоштво во црквата ако се согласувате. Ако не, можете да го споделите вашето сведоштво во црква при посетување на часови во недела и на семинарија. Коментарите што ги споделувате таму може да ги охрабрат другите и да го зајакнат нивното и ваше сведоштво
Ден 2: Пријатели
Што научивте во црква неделата? Дали ви се допадна она што некој го кажа во говорот за време на сакраменталната средба или на дискусијата за време на часот? Можеби песната за отворање беше некоја од вашите омилени химни. Соопштете му го тоа на некој пријател! Потоа прашајте како го поминал викендот.
Ден 3: Социјални медиуми
Социјалните медиуми се одлично место за споделување на духовни работи на вообичаен и природен начин. За овој ден на предизвик, размилсете за да споделите објава за:
-
Еден од вашите омилени стихови.
-
Восхитувачки цитат од генералната конференција
-
Духовна мисла или искуство.
-
Нешто што сакате или цените кај Спасителот.
-
Некој начин на кој Тој ви помогна неодамна или квалитет поради кој му се восхитувате и зошто.
Ден 4: Порака или видео запис
Испратете возбудлива порака на пријател преку смс или видео запис. Можете да споделите говор од генерална конференција за кој сметате дека им се допаѓа, да им кажете нешто поради што ги цените, или да споделите нешто за вашата вера во Исус Христос. На пример, тие можеби имаат потреба да знаат дека Небесниот Отец ги сака. Секогаш можете да им кажете и лично!
Ден 5: Служба
Можеби се прашувате како служењето на другите може да биде начин да се сподели вашето сведоштво. Апостолот Павле му кажа на Тимотеј, „На верните да им служиш како пример, во слово, поведение, љубов, дух вера, и чистота“ (1 Тимотеј 4:12). Така може да им ги покажете вашите верувања преку вашиот пример, служејќи им на другите како што Спасителот би им служел.
Ден 6: Уметност
Понекогаш луѓето користат уметност како начин да се споделат нивните мисли и чувства. Може да користите слики, скулптури, поезија, музика или било кој друг вид на уметност за да споделите што чувствувате за Исус Христос и Неговото евангелие.
Ден 7: Обични разговори
Не плашете се да ги спомнете вашите верувања во обични средини, исто како што би споделиле и било која мисла што ја имате за одредена тема.
Можете, секако, да зборувате за црковните активности или за стих што неодамна сте го прочитале, но исто така може да биде уште пообично од тоа. На пример:
-
Кога ќе се чувствувате инспирирани од природата, изразете му ја вашата благодарност за Божјите творби на некој друг
-
Можеби неодамна сте доживале пријатно духовно искуство. Соопштете му го тоа на некој пријател доколку не е премногу лично.
-
Најдете евангелски аналогии во некоја книга или филм кој ви се допаѓа, и споделете ги вашите впечатоци.
Вообичени и Природни
Како што наоѓате различни начини да ги споделите вашите верувања, ќе ви станува поприродно да го правите тоа. Можеби на почеток изгледа чудно, но тоа е во ред! Запамтете, вашето сведоштво само по себе е природно за вас, тоа е дел од она што сте. Да се сподели истото, станува исто така природно Сѐ што е потребно е да го изразите секој ден малку повеќе.
Како ќе го споделите вашето сведоштво денес?
© 2023 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Translation approval: 6/23. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, July 2023. Language. 19045 158