„Мртвите Ќе Застанат Пред Бога“, For the Strength of Youth, дек. 2023.
Месечна порака на For the Strength of Youth , за декември 2023 година
Мртвите Ќе Застанат пред Бога
Во неговото откровение, Јован го видел Конечниот Суд.
мртвите, мали и големи, стојат пред Бога
Моќта на Воскресението на Исус Христос ги носи сите луѓе во Божјо присуство за да им биде судено (види Алма 11:42–44; 33:22; 40:21; Хеламан 14:15–17; Мормон 9:13–14).
книгите беа отворени
Овие книги ги претставуваат записите што се чуваат на земјата за она што луѓето правеле тука за да го следат заветениот пат (види Учењата и Заветите 128:7).
книгата на животот
„Во извесна смисла Книгата на животот е збир на мисли и постапки на една личност—запис за неговиот живот. Меѓутоа, светите писма исто така укажуваат дека се води небесен запис за верниците, кој ги вклучува нивните имиња и записите за нивните праведни дела“ (Водич за Светите Писма, „Book of Life“, светиписма.ЦркватаНаИсусХристос.org).
судени
Крајниот Суд доаѓа откако луѓето ќе воскреснат. Исус Христос ќе биде Судија на секој човек. Овој суд ќе ја одреди вечната слава што секој човек ќе ја добие. (Види Водич за Светите Писма, „Суд, Последниот“, светиписма.ЦркватаНаИсусХристос.org; Алма 41:3–5; Учењата и Заветите 88:26–32.)
според нивните дела
Секој човек ќе биде суден според она што го направил и според она што го посакува (види Учењата и заветите 137:9). Ќе им се суди според нивната покорност кон Божјите заповеди и според тоа дали постапувале во склад со светлината и вистината што ги примиле во овој живот.
© 2023 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Translation approval: 6/23. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, December 2023. Language. 19049 158