За Силата на Младите
Завети и Одговорности
Мај 2024


Месечна Порака на За Силата на Младите , Мај 2024

Завети и Одговорности

Извадоци

алт текст

Филипини

Завет е посветеност да се исполнат одредени одговорности. Лични посветувања се суштински за регулација на индивидуални животи и за регуларно фунционирање на општеството. …

Кога времето дојде за Обновувањето на целината на евангелието на Исус Христос, Бог повика еден пророк, Џозеф Смит. [Книгата на Мормон] е главниот извор на Обновувањето за целината на евангелието, вклучувајќи го Божјиот план за Неговите деца, и Книгата на Мормон е исполнета со референци за завети. …

Заветите беа основни за обновувањето на евангелието. Ова е очигледно при најраните чекори кога Господ го насочуваше Пророкот да ги преземе организирањето на Неговата Црква. …

Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни гради храмови низ целиот свет. Нивната цел е да ги благослови заветените деца на Бог со храмска богослужба и со свети одговорности и вечни благослови кои ги примаат преку завет.

Црквата на Исус Христос е позната како црква која ги нагласува заветите со Бог. Заветите се наследни во секој од обредите за спасение и возвишување кои оваа овновена Црква ги послужува. Обредите и поврзаниот завет на крштевањето се суштински услови за влез во селестијалното царство. Обредите и поврзаните завети на храмот се суштински услови за возвишување во селестијалното царство, што е вечен живот, „најголемиот од сите дарови на Бог.“ [Учење и Завети 14:7]. Тоа е фокусот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.