Месечна Порака на For the Strength of Youth, септември 2024
Се Плашите од Покајание?
Џесика Зои Стронг
Црковни Списанија
Според Претседателот Расел М. Нелсон, еве зошто не треба да се плашите.
Од што сте уплашени? Забавни паркови? Час по Математика? Кога се обидувате да го разберете Исаија?
Што е со покајанието? Ако помислата да се покаете ве тера да сакате да се скриете под наметката или пак да издете премногу чоколадо, оваа статија е за вас.
„Ве молам не стравувајте или не го одложувајте покајанието“, вели Претседателот Расел М. Нелсон. И тоа со добра причина. Еве неколку работи што покајанието претставува и што не претставува, според Претседателот Нелсон.
Прифатете го Божјиот Совршен Дар
Дали сте подготвени да му верувате на Спасителот за да го надминете сопствениот страв од покајание? Нема да зажалите.
Претседателот Нелсон вели: „Бидејќи светот има потреба од спасение, и бидејќи вам и мене ни е потребно спасение, [Небесниот Отец] ни испрати Спасител.
„… Ајде да го прифатиме Божјиот совршен и скапоцен дар. Да се ослободиме од нашите товари и гревови пред стапалата на Спасителот и да ја доживееме радоста што доаѓа од покајанието и промената“.