Порака на Обласното Раководство
Евангелието е за Целото Човештво
Со 197 држави ширум 7 континенти, над 7000 различни јазици, и население од 7,9 милијарди, живееме во чудесно богат и разновиден свет. Постојат безброј традиции и култури на секое ниво, ширум секоја нација па дури и на секое поединечно семејство. Тоа навистина e чудо. Ние сме богати со различности, и тоа е прекрасно!
Општествените норми се повеќе се одделуваат од основните принципи на Евангелието на Исус Христос, познати и разбрани преку неговото обновување во овие подоцнежни денови. Но и покрај тоа, секогаш постои една константна, трајна и непоколеблива вистина, без разлика дали таа е разбрана или препознаена како таква, таа никогаш нема да се промени. А таа вистина е дека секој човек, жена или дете кој живеел, живее и ќе живее на оваа славна и разновидна земја, е Божјо дете на нашиот Небесен Отец. Дека ние сме тука на оваа земја да ја доживееме смртноста со божествена цел, зашто „Бог вели, ајде да го создадеме човекот според наш лик, по наше подобие. … Така Бог го создаде човекот според својот образ, според образот Божји го созададе: машко и женско ги создаде.“ (Битие 1: 26-27) и ние треба да станеме како самиот Бог „Јас кажав, Вие сте богови; и вие сте сите синови на Севишниот.“ (Псалм 82:6)
И во Проглас за Семејството се вели: „СИТЕ човечки суштества—машки и женски—се создадени според ликот на Бог. Секој е возљубен духовен син или ќерка од небесни родители, и, како такви, секој има божествена природа и судбина.“ Колку привилегирана позиција е да се знае и да се свати оваа суштествена вистина. Јас сум благодарен за тоа. Не ја земам здраво за готово. Како мало момче, врз основа на животните искуства што сум ги стекнал во тоа време, имав прашања за Божјата природа, кој беше тој, како изгледаше. Ги посетував локалните цркви и им ги поставував на службениците овие прашања. Им поставував прашања поврзани со целта на животот, и зошто сме овде ако трпиме болка и тага. Не можев да добијам задоволителен одговор за кој чувствував дека е правилен.
Има уште една божествена и доследна вистина, дека Христос, нашиот брат, и Спасител, се помири за престапите на целото човештво, за секоја поединец, без разлика на државата од каде потекнува, расата или вера. Воскреснувањето и бесмртноста се дарови за сите Божји деца безусловно. Сепак, треба да се плати цена за да се искористи моќта на божественоста на помирувањето, за вистинско покајание и за да бидеме ослободени од товарот на гревот. Спасителот лично го појаснува ова при неговото пристигнување помеѓу Американските земји; „И повеќе нема да Ми нудите Мене крвопролевање; да, вашите жртвувања и вашите жртви сепаленици ќе бидат укинати, бидејќи Јас нема да прифатам од вашите жртви и паленици. И вие ќе ми понудите за жртва скрушено срце и покајанички дух. И сите што ќе дојдат кај Мене со скрушено срце и покајанички дух, нив Јас ќе ги крштавам со оган и со Светиот Дух.“ (3 Нефи 9:19-20). Продолжувајќи со свеото обраќање Алма потврдува „Затоа, кој и да се покае, и не го закоравува срцето, тој ќе има право на милост преку Мојот Единороден Син, за простување на неговите гревови; и таквите ќе влезат во Мојот спокој.“ (Алма 12:34). И милосрдно дознаваме од учењата на Јаков опфакајќи ги оние кои ја немале можноста да бидат поучувани, разбрани, или немаат сведоштво за Христос; „Зашто помирувањето ги задоволува барањата на негова правдина врз сите оние на кои законот не им е даден, така што се избавени..; и тие се обновени кон оној Бог Кој им го даде здивот, кој е Светиот на Израел.“ (2 Нефи 9:26).
О колку прекрасен е овој дар, за целото човештво! Јас сум благодарен поради тоа, зашто јас редовно ја доживувам радоста на оној на кој му е простен гревот, и подеднаково радоста на оној кој е исцелуван.
Ќе заминам со потсетување на поканата дадена до секој од нас од самиот Спасител, 28 „Дојдете кај мене, сите изморени и обременети и јас ќе ве упокојам. Земете го мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој за вашите души. Зашто јаремот мој е благ и бремето мое е лесно.“ (Матеј 11:28-30)