Порака од Обласното Раководств
Надминување на Разликите и Воспоставување на Сион
Секогаш сум троганат од приказната во Книгата на Мормон за појавувањето на Спасителот пред народот на Америка после неговото воскресение во Источната Хемисфера. Тој ги поучувл за важноста на помирувањето во Божјиот план, за благословите на заповедите, и за важноста на заветите и обредите. Тој им служел духовно, еден по еден1.
Господ бил со нив само неколку дни, но ефектот од неговата посета трае повеќе од два века. „И немаше кавги ниту расправии меѓу нив, и секој човек праведно се однесуваше еден со друг. И тие имаа сѐ заедничко; затоа немаше богати и сиромашни, поробени и слободни, туку сите беа ослободени и учесници во небесното богатство.“ … „И секако немаше посреќен народ од сите луѓе кои беа создадени од Божјата рака. Немаше разбојници, ниту убијци, ниту Ламанити, ниту било какви други -ити; туку сите тие беа како едно, Божји деца, и наследници на царството Божјо. И колку благословени беа тие! Зашто Господ ги благослови во сите нивни дела“2.
Што би можело да ја предизвика оваа промена и да има толку долготраен ефект? Одговорот е едноставен а сепак, значаен. Учењата на Господ и Неговото евангелие навлегоа во нивните срца, тие се оддалечија од природниот човек и станаа следбеници на Исус Христос. Го имаа името на Господ запишано во нивните срца3 и го развија духот на народот на Сион, како во деновите на Енох.
За жал, живееме во свет кој го прославува индивидуализмот, каде што кавгите и изразувањето на мислење се сметаат за израз на живост. Дури и како членови на црквата, не сме секогаш имуни на овие случувања. Пандемијата конкретно ги стави нашите оддели и семејства пред посебни предизвици. Во некои случаи, почнавме да се дефинираме себе си според нашите разлики, исто како и народите во Книгата на Мормон и создадовме наши сопствени -ити. Евангелието на Исус Христос и духот на Сион ни помагаат да ги надминеме овие разлики.
„Сион е Сион поради караткерот, атрибутите, и верноста кон своите граѓани. Запамтете, ‘Господ го нарекувал својот народ Сион, бидејќи тие беа со едно срце и со еден ум, и живееја во праведност; и помеѓу нив немаше сиромашни’4. Ако сакаме да го воспоставиме Сион во нашите домови, гранки, оддели и колови, ние мора да се издигнеме до овој стандард. … Не можеме да чекаме додека не дојде Сион за овие нешта да се случат—Сион ќе дојде само додека се случуваат“5.
Па, што ова значи конкретно за мене? Од каде да започнам доколку сакам да ги надминам разликите и да го зајакнам единството?
Во 1872, Пророкот Брингам Јанг им даде на Светите важен потсетник што веројатно е порелевантен денес од било кога порано. Тој рече: „Стоп! Чекајте! Кога ќе се разбудите наутро, пред да го каснете првиот залак, … поклонете се пред Господа, побарајте од него да ви ги прости гревовите, и да ве заштити во текот на денот, да ве сочува од искушенија и секакво зло, да ги води вашите чекори правилно, за да може да направите нешто во текот на тој ден што ќе биде од корист за царството Божје на земјата. Имате ли време да го сторите тоа?“6.
Позитивните промени започнуваат со секој од нас и нашата желба лично да придонесеме, да бидеме со едно срце и ум, да живееме во праведност, и совесно да водиме грижа за сиромасите и оние кои имаат одредена потреба. Клучот е да го направиме Господ наш сојузник во сето ова, градејќи врз основа на верата, надежта и милосрдието. „Сион е воспоставен и цвета поради животите и трудот на неговите граѓани инспирирани од Бога. Сион не доаѓа како подарок туку затоа што доблесни и заветни луѓе се здружуваат и го градат“7.