“Свештенски благослови,” Лиахона, мaр. 2023.
Лиахона Месечна Порака, март 2023
Свештенски благослови
Благослов за свештенство се дава преку инспирација од носител на Мелхиседековото свештенство. Благословите на свештенството им овозможуваат на сите Божји чеда да ја добијат Неговата моќ, исцелување, утеха и водство.
Свештенството
Свештенството е моќта и овластувањето од Бога. Кога им се дадени свештенските влагослови достојните мажи кои се носители на Мелхиседековото свештенство дејствуваат во името на Исус Христос. Со давање на овие благослови, тие го следат примерот на Спасителот во благословувањето на другите.
Како носителите на свештенство даваат благослови
Свештенските благослови се даваат преку ракополагање. Носител на Мелхиседековото свештенство ги става рацете на главата на лицето кое го прима благословот. Потоа тој дава благослов како што му заповеда Духот. Оние кои даваат благослови и оние кои ги примаат, покажуваат вера во Бог и доверба во Неговата волја и време.
Именување и благословување Деца
Откако ќе се роди дете, носителот на свештенството му дава име и благослов (види Учењата и Заветите 20:70). Ова обично се случува на средбата за пост и сведоштво. На детето прво му се дава име. Потоа, носителот на свештенството му дава на детето благослов.
Благослови за болните
Носителите на Мелхиседековото свештенство можат да им даваат благослови на луѓето кои се болни. Овој вид на благослови има два дела: помазание со масло и запечатување на помазанието. Прво, носителот на свештенството става капка маслиново масло што е осветено, или благословено, на главата на лицето и кажува кратка молитва. Потоа, друг носител на свештенството го запечатува помазанието и му дава на лицето благослов како што заповеда Светиот Дух.
Благослови за утеха и совет
Носителите на Мелхиседековото свештенство можат да даваат благослови за утеха и совет на членовите на семејството и на другите што ги бараат. Татко кој е носител на Мелхиседеково свештенство може да даваат татковски благослови на своите деца. Тие може да бидат особено корисни кога децата се соочуваат со посебни предизвици.
Издвојување на Членови да служат во повици
Кога членовите на Црквата се повикани, им се дава благослов кога ќе бидат издвоени да служат. Водач на свештенството ги благословува со овластување да дејствуваат во повикот. Водачот на свештенството, исто така, им дава благослов за да им помогне во нивната служба.
Патријаршки благослови
Секој достоен член на Црквата може да добие патријаршки благослов. Овој благослов дава личен совет од Господ. Тој обезбедува водство и утеха во текот на животот на една личност. Тој, исто така, ја открива лозата на личноста во домот на Израел. Само ракоположен патријарх може да дава ваков вид на благослов.
© 2023 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во РСМ. English approval: 6/19. English approval: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, March 2023. Language. 18905 158