2023
Вера во Исус Христос
Aприл 2023


„Вера во Исус Христос,“ Лиахона, апр. 2023.

Месечна Порака на Лиахона , април 2023

Вера во Исус Христос

Слика
профилот на Исус

Исус Христос, од Хари Андерсон

Да се има вера во Исус Христос е првото начело на евангелието (види Поставки на Верата 1:4). Нашата вера ќе ни помогне да направиме избори што ќе нè одведат назад кај нашиот Небесен Отец. Мора да работиме за да ја зајакнеме нашата вера во текот на нашите животи.

Слика
децата и младите собрани околу книга

Што е вера?

Верата е цврсто верување или доверба во нешто. Да се има вера вклучува да се надеваме и да веруваме во работи што се вистинити, дури и кога не можеме да ги видиме или целосно да ги разбереме (види Евреите 11:1; Алма 32:21).

Слика
портрет на Исус Христос

Детали од Христос и Богатиот Млад Човек, од Хајнрих Хофман

Вера сосредочена на Исус Христос

За да води кон спасение, нашата вера мора да биде сосредочена на Исус Христос како наш Спасител и Искупител. Да се има вера во Исус Христос значи да се има доверба во Него. Тоа значи целосно да се потпрете на Него—да верувате во Неговата моќ, неговата интелигенција и неговата љубов. Тоа исто така вклучува верување и следење на Неговите учења.

Слика
двојка ги проучува светите писма

Зајакнување на Нашата Вера

Верата е дар од Бога, но мора да ја бараме и да работиме за да ја одржиме силна. Можеме да ја зајакнеме нашата вера преку молитва и проучување на светите писма и учењата на пророците од подоцнежните дни. Ние исто така ја зајакнуваме нашата вера кога живееме праведно и се држиме до нашите завети.

Живеење со вера

Верата е многу повеќе од само верување. Вклучува дејствување според тоа верување. Ја покажуваме нашата вера според начинот на живеење. Верата на Исус Христос нѐ мотивира да го следиме Неговиот совршен пример. Нашата вера нѐ води кон покорување кон Неговите заповеди, покајание за нашите гревови и склучување и држење до завети.

Слика
Исус исцелува слеп човек

Верата Води кон Чуда

Вистинската вера носи чуда, кои можат да вклучуваат визии, соништа, исцеленија и други дарови што доаѓаат од Бога. Светите писма содржат многу приказни за луѓе кои примиле чуда од Господа поради нивната вера во Него. Види „Чудо“ во Водичот за Светите Писма за некои примери.

Верата Може да Донесе Мир

Да се има вера во Бога и Неговиот план за спасение може да нѐ зајакне во нашите предизвици. Верата може да ни даде сила да продолжиме напред и храбро да се соочиме со нашите тешкотии. Дури и кога иднината изгледа неизвесна, нашата вера во Спасителот може да ни даде мир.

Слика
татко го држи своето дете додека гледаат слика на Исус

Верата во Христос води кон Спасение.

Практикувањето вера во Христос ќе доведе до нашето спасение. Христос го подготвил патот за да добиеме вечен живот. Ако живееме со нашата вера во Него, може да ни бидат простени гревовите и да се вратиме повторно да живееме со Бога

Печати