Порака за Лидерство во Областа
Вистинското значење на саботата
Почитувани пријатели,
Каква радост е да одам со вас и со Господ, сите заедно по патот на учеништвото.
Кога Исус ги посети Нефитите, тој одржа говор сличен на Проповедта на Гората, нагласувајќи дека работите што биле од дамнина, кои биле според законот, се исполнуваат иле во Него1. Господовата изјава дадена пред повеќе од 2.000 години дека старото е укинато и сѐ стана ново,2 сè уште одекнуваат денес. Беше даден повисок „закон“, се учеше еден посвет начин на живеење.
Кога Исус бил на земјата, Тој е поучувал преку олеснување на товарите и помагање на оние на кои им е потребна помош. Некои можеби мислат дека нашите верувања ја ограничуваат нашата способност да носиме одлуки и да делуваме врз нив под водство на Бога и можностите, но сите ние сме доживеале дека чистата вистина и доктрина дадени од Господа нè ослободува и обезбедува божествено водство, олеснување и сигурност во турбулентен свет.
Исусовите учења се разликувале од оние на Фарисеите, особено во тоа како да се почитува денот Сабат. Фарисеите се обиделе да изгледаат како праведни, но нивните мотиви биле нечисти. Исус поучувал дека е поважно да се прави добро и да им се помага на луѓето, отколку да се следат строгите толкувања на законот. Тој ги користел исцелителните чуда како можност да поучува за вистинското значење на Сабат и за важноста на сочувството и љубовта.
Кога Исус рекол дека „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата“.“3 Тој сакал да каже дека денот Сабат е скапоцен дар од Бога, кој ни обезбедува одмор од предизвиците на секојдневниот живот и шанса за физичкои и духовно обновување. Сабат не е ден за занимавање со редовни секојдневни активности, туку дава дополнителна можност за одмор и утеха, лично откровение преку слушање и учење на Неговото слово и шанса да се прави добро и да се подигнат другите.
Поставување на строги и слепи правила засновани на традицијата и структури над вечните и вистински божествени принципи не успева во Својата божествена цел да ни помогне да напредуваме. Кога ги насочуваме нашите животи на Господ, Неговиот јарем е благи Неговото бреме станува лесно.4 Бог ни дава заповеди, вклучувајќи ја и онаа да го почитуваме Сабат, не за да нè угнетува, туку да нè благословува. Патот до Небесниот Отец е прав и тесен, но Господ дојде да објави дека не треба сами да одиме по него. Неговата покана до сите што се чувствуваат „обременети“5 е да застанеме покрај Него, радосно да се врземе за Него и да му дозволиме да ги сподели нашите бремиња.
На хебрејски, зборот Сабат значи „одмор“. Да, Неговото ветување е „Ќе најдете одмор за своите души.“6
Дали сè уште правиме списоци со што треба или не треба да се прави на денот Сабат? Или сме се промениле во и со Христа и дали со помош на Небесниот Отец го цртаме нашиот индивидуален план за времето пред, за време и по денот Сабат?
Можеме да го направиме денот Сабат радосен со тоа што ќе им служиме на другите, особено на оние што не се чувствуваат добро или на оние што се осамени или имаат потреба. Со подигнување на нивниот дух ќе го подигнеме и нашиот.7
Ајде постојано да сме поврзани со Небесниот Отец , особено на Сабат, и во и надвор од црквата, во нашите домови и во домовите на нашите пријатели и семејства.
Благодарен сум за можноста да одам со вас и со Господ по патот на учеништво. Се чувствувам благословен што имам Господ и вас како мои браќа и сестри и пријатели на моја страна. Благодарен сум за Сабат во мојот и во животот на моето семејство. Тој ни помага во повторното духовно обединување и да поминуваме време заедно што ја зајакнува нашата љубов и врски.
ве повикувам да размислите за вашите индивидуални како да го направите Сабат задоволство. Ни треба вашата подадена рака и вашата пријателска насмевка на нашите неделни средби во нашите капели. Не можеме сами да одиме по патот. Да продолжиме да ги учиме и да ги применуваме Неговите учења во нашите животи и да се трудиме да го почитуваме денот Сабат како свет дар од Бога. Да го споделиме овој подарок со другите!