Порака од Обласното Раководство
Моќта на Благодарноста
Во есента 2020 година, пандемијата со КОВИД-19 го падна светот на колена. Сите ние на некој начин бевме погодени.
Со оглед на мојата вокација во индустријата за култура и туризам, пандемијата ми претставуваше сериозен предизвик на професионален план. Затоа, бев полн со очекувања кога дознав дека нашиот сакан пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, ќе одржи специјално обраќање до светот на 20 ноември 2020 година.
На почетокот, Претседателот Нелсон зборуваше за некои од предизвиците со кои се соочил во својот живот и ја изрази својата длабока загриженост за пандемијата. Потоа тој рече,
„Сепак, постои домашен лек, оној кој можеби изгледа изненадувачки, бидејќи делува спротивно на нашите природни интуиции. Неговите ефекти се потврдени од научници како и од мажи и жени верници.
Се повикувам на исцелителителната моќ на благодарноста.“1
Претседателот Нелсон нѐ покани да ги користиме социјалните мрежи како наш личен дневник на благодарност и да ја изразиме нашата благодарност до Бога во нашите секојдневни молитви за безбројните благослови во нашите животи.
Ја применував „терапијата“ што тој ја предложи и почувствував дека таа ми помогна во тоа тешко време да доживеам катарза и да имам радосно, верно срце.
Мојата полновремена мисија е еден од најголемите благослови во мојот живот. За тоа време, запознав многу луѓе од различни животни ситуации. Некои изгледаа дека имаат сѐ што им е потребно за среќен живот. Сепак запознав и луѓе, кои живееја во крајна сиромаштија, страдаа од сериозни болести, и се соочуваа со други предизвици, но сепак беа исполнети со радост. Кога се навраќам на моето размислување, сватив дека оние кои зрачеа од радост, дури и во искушвачки околности, беа исто така, секогаш благодарни. Препознав дека таа благодарност е клуч на радоста.
Па, како можеме да развиеме благодарно срце?
Потребни ни се редовни времиња во секојдневниот живот да паузираме и да имаме мир. Претседателот Нелсон рече, „Тивко време е свето време, време кое ќе го олесни нашето лично откровение и ќе ни всади мир.“2
Во тие моменти на тишина, можеме да ги отвориме очите, ушите и особено нашите срца за да видиме колку изобилно нѐ сака и благословува нашиот Небесен Отец. Можеме да видиме дека буквално секој моемент од нашите животи е дар од Бога. Тоа ќе нѐ исполни со радост и благодарност и ќе ни помогне да гледаме на непријатните, болни искуства во животот сѐ повеќе како можности да научиме нешто ново, да растеме лично и да равиеме особини што наликуваат на Исусовите.
Ако нашето срце е исполнето со благодарност, природно ќе почувствуваме желба да го споделиме со другите она што ни носи радост.
Благодарноста не е само клуч за лична радост. Таа исто така нѐ мотивира да им бидеме благослов на другите и да го менуваме светот кон подобро.
Јас сум длабоко благодарен за мојот Отец на Небесата, за богатите благослови во мојот живот, особено за моето семејство и за грижливите луѓе покрај мене. Му благодарам за големиот план за среќа и за мојот Спасител, Исус Христос. Тој е одличен пример за нас, за она што значи да се биде благодарен преку непогрешливото изразување на Неговата благодарност кон Неговиот отец. Ајде сега да го следиме Неговиот пример и да ја искористиме секоја можност да му заблагодариме на Бога и на оние околу нас за сета добрина во нашите животи. Колку ќе биде прекрасно доколку нашите секојдневни молитви се пред сѐ изрази на нашата благодарност!
Јас сум му благодарен на Исус Христос! Тој ни покажа како да живееме. Тој ни даде одговори на големите прашања во животот. Го исполни помирувањето, и на тој начин ни го отвори патот да се вратиме до нашиот Небесен Отец.
Тој е мојата надеж. Целото мое срце е Негово.