Библиотека
Зошто Завети


Порака на Обласното Раководство

Зошто Завети

Во претсмртниот живот, нашиот Небесен Отец обезбеди план, преку помирувањето на Исус Христос, да можеме да се вратиме во Негово присуство. Патот што нé води дома често се нарекува патот на заветот, затоа што јасно ги става на знање критериумите и условите за наше враќање. Заветниот пат e свет договор помеѓу Бог и некое лице или група на луѓе. Бог поставува конкретни услови и Тој ветува дека ќе нé благослови доколку се покоруваме на овие услови1. Претседателот Нелсон поучува, „Вашата посветеност да го следите Спасителот преку склучување завети со Него и потоа држење до тие завети ќе ја отвори вратата за сите духовни благослови и привилегии достапни на мажите, жените и децата низ целиот свет“2.

Господ му открил на Пророкот Џозеф Смит, „Постои закон, неповратно уреден на небесата уште пред основањето на овој свет, на кој се темелат сите благослови. И кога добиваме некаков благослов од Бога, тоа е поради покорност кон овој закон врз кој истиот е заснован“3. Старешина Д. Тод Кристоферсон нé потсети, „Заветите што Бог им ги нуди на своите чеда не само што нé водат, туку нé врзуваат за Него, и, врзуваат со Него, преку нив, ние можеме да надминеме сé“4. Господ ни ветува дека сме врзани ако го правиме она што Тој го вели, „но ако не го правите она што Јас го велам, немате ветување“5.

Низ времињата Бог склучувал завети со неговиот народ. Знаеме дека Господ склучил завет со Адам и Ева, пророците кои дошле по нив, и многу други. Во наше време, често зборуваме за заветот што Бог го склучил со Авраам, Авраамовиот Завет. Бог ветил дека ќе го благослови Авраам и неговото потомство, „со благословите на евангелието, што се благослови за спасение, и тоа за вечен живот“6.

Како наследници на Авраамовиот завет, ја имаме одговорноста да им го пренесеме евангелието на сите луѓе на земјата, да ги поканиме сите да дојдат при Христа, и да бидеме врзани со Него. Да се поканат другите да дојдат при Христа е покана за влез на заветниот пат, за отворање на портата преку „заветот на крштевањето за секој благослов“, и на крајот примање на најголемиот од сите Божји дарови, дарот на вечниот живот7.

Благословите што Бог им ги ветил на Авраам и на неговото потомство во врска со големиот собир во подоцнежните дни се исполнуваат во наше време. Претседателот Нелсон изјави, „Овој собир е најважното нешто што се случува на земјата денес. Ништо друго не е споредливо по величината, ништо друго не е споредливо по важност, ништо друго не е споредливо по величественост.“ „Секојпат кога ќе направите нешто што ќе му помогне некому—од двете страни на превезот—правите чекор кон склучувањето завет со Бога и добивање на основните крштални и храмски обреди—вие помагате да се собере Израел. Тоа е толку едноставно да се разбере“8.

Секоја недела ни се дава можност да размислуваме за заветите што сме ги склучиле со Бога. Кога достојно земаме причест, повторно се обврзуваме и се обидуваме секогаш да се сеќаваме на Исус Христос и да го преземеме Неговото име врз нас. Додека се држиме до Неговите заповеди, секогаш ќе го имаме Неговиот дух со нас9. Токму преку нашиот заветен однос со Бога ние го запознаваме и се подготвуваме да се вратиме дома за да го добиеме најголемиот од сите Божји дарови. „А животот вечен е тоа, да те познаваат Тебе единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос“10.

Белешки

  1. Евангелска Библиотека, Тематски водич.

  2. Russell M. Nelson, “As We Go Forward Together”, Ensign or Liahona, Apr. 2018, 7.

  3. Учењето и заветите 130:20–21.

  4. D. Todd Christofferson, “Why the Covenant Path”, General Conference April 2021.

  5. Учењето и заветите 82:10.

  6. Авраам 2:9–11.

  7. Учењето и заветите 14:7.

  8. Russell M. Nelson, “Hope of Israel”, Worldwide Youth Devotional June 3, 2018.

  9. Учењето и заветите 20:77, 79.

  10. Јован 17:3.

Печати