Порака на Обласното Раководство
Првите Две Заповеди
На оној што прима ќе му дадам повеќе
Пред многу години додека служев како полновремен мисионер во Франција, мојот придружник и јас бевме поканети во домот на љубезна и верна христијанка. За време на пријатниот разговор, таа ја изрази својата загриженост за падот на верата во општеството. Според нејзино мислење, за ваквиот пад придонесла дел од верската терминологија, зборови како „покајание“ или „послушност“.. „Луѓето се плашат од овие зборови“, упорно тврдеше таа, „и се оддалечени од религијата“.
Оттогаш, јас често се навраќам на зборовите кои ги користиме во нашите разговори за евангелието. Иако е вистина дека општеството генерално има негативен став за одредени термини поврзани со евангелието, исто така е точно дека истите тие зборови може да имаат длабоко значење и моќ. Проучувањето на светите писма открива дека Господ прави сé според Својата намера и желба во врска со зборовите што Тој ги избира. Кога одвојуваме време за да го разбереме нивното значење, почнуваме подлабоко да ја разбираме Неговата порака и намери.
Покорноста е за доверба и љубов
Еден таков збор, што има подлабоко значење и моќ, е зборот „покорност“. Законот за покорност беше даден од Адам и Ева по нивното отпаѓање. Законот беше првиот чекор до пристапување до откупителната моќ на Спасителот. Спротивно на она што светот го мисли, покпрноста не е принуда; туку, станува збор за учење како да му се верува на Бога и Неговиот совет. „блажени се оние кои ги слушаат моите заповеди, и го слушаат мојот совет, зашто ќе научат што е мудрост; зашто на оној што прима ќе му дадам повеќе”. Кога учиме да му веруваме на Господ, почнуваме да развиваме личен однос со Него и да ги искусуваме чудесните ефекти од Неговите благослови. Довербата во Него ја создава љубовта, а љубовта продолжува да поттикнува доверба. Како што му се покоруваме на Неговиот глас, нашата љубов се продлабочува и нашиот однос со Него станува цврст и радосен.
Промена на срцето
Ми стана интересно што пред да ги поучи Фарисеите за првите две заповеди да се сака Бог и ближниот, Спасителот поучува за параболата за свадбата на царевиот син, завршувајќи со зборовите „зашто многумина се повикани, но само неколку се избрани“. Во современото откровение, Господ додава понатамошно објаснување на оваа реченица кога Тој поучува „…зошто тие не се избрани? Затоа што нивните срца се толку многу приврзани за работите од овој свет, и копнеат по почестите на луѓето…“. Кога сме послушни кон Господа и учиме да Му веруваме и да го сакаме, нашето срце постепено се менува, а нашите желби го пренасочуваат својот фокус кон нашиот заветен однос со Него. Во процесот на учење послушност, учиме и да ги чуваме и да се грижиме за добрите работи кои навистина се важни.
Како да не мислиме само на себе
Како што се менува нашиот фокус, постепено ги намалуваме нашите природни стремежи да бидеме егоцентрични (насочени само кон себе). Законот на покорност не беше наменет да создаде марионетки, туку наместо тоа, да развие ученици кои веруваат според избор и избираат да го сакаат Господ и другите. Нашиот Небесе Отец е совршен зашто Неговото срце се промени. Бог е Бог затоа што Тој постојано избира добро; Неговот срце повеќе нема никакви зли желби, и постојано избира да сака и да го прави она што е најдобро за нас. Според зборовите на Старешина Џефри Р. Холанд „првата голема заповед во целата вечност е да го сакаме Бога со сето свое срце, со сета наша моќ, со секоја наша мисла и со сета наша сила—тоа е првата голема заповед. Но првата голема вистина за сета вечност е дека Бог нé сака со сето Свое срце, со сета Негова моќ, со секоја негова мисла и со сета Негова сила. Таа љубов е камен-темелник на вечноста, и треба да биде камен темелник на нашиот секојдневен живот“.
За да најдеме сила да му веруваме и да го сакаме Господ покорувајќи се на Неговиот глас. Тогаш нашите срца ќе се сменат и ќе ја доживеат најдлабоката радост што доаѓа со постоење на личен однос со Него.