Лиахона
Поканата да се следи Пророкот
Јануари 2024


Порака од Обласното Раководство

Поканата да се следи Пророкот

Кога Претседателот Расел М. Нелсон се претстави на медиумите како пророк и претседател на Црквата во јануари 2018 година, една моја тогашна колешка, која не беше член на Црквата, ме праша за возраста на нашиот нов пророк. „Не грижи се“, ѝ реков. На крајот на краиштата, таа не можеше да знае дека тој сѐ уште ги исполнуваше своите црковни должности секој ден, патуваше низ светот како дел од неговиот повик, дека на поодмината возраст научил кинески, и дека на 93 години сѐ уште со голема желба се спушташе по скијачките падини на Јута.

Сепак, нејзините зборови содржеа доза на суптилна критика, што често го слушаме од различни секуларни гласови: Како може некој „слепо“ да следи една личност во „современо општество“? Ваквата изјава покажува дека светот сѐ уште не ја разбира улогата на еден пророк. Старешина Нил Л. Андерсон од Кворумот на Дванаесетте Апостоли изјави: „Најважната улога на Господовиот пророк е да нѐ поучи за Спасителот и да не води до Него. … Еден пророк не нѐ одвојува [нас] од Спасителот. Напротив, тој стои покрај [нас] и покажува патот кон Спасителот.”1

Затоа, пророкoт секогаш има одговорност да ги насочи нашите очи и целото наше срце кон Господ Исус Христос—единствениот извор на нашето искупување и спасение. Не изненадува што, една од првите покани на Претседателот Нелсон по неговото издвојување беше следната: „Каква мудрост ви недостасува? Што итно треба да дознаете или да разберете? Следете го примерот на Пророкот Џозеф. Најдете мирно место каде што можете редовно да одите. Понизете се пред Бога. Изразете ги своите најдлабоки чувства кон вашиот Небесен Отец. Обратете му се за одговори и утеха. Молете се во името на Исус Христос за вашите грижи, стравови, вашите слабости–дури и за самите копнежи на вашето срце. А потоа слушајте! Запишувајте ги мислите што ќе ви паднат на памет. Запишувајте ги вашите чувства и следете ги дејствијата што се бара да ги преземете. … Не треба да се прашувате што е вистина. Не треба да се прашувате на кого може безрезервно да му верувате Преку лично откровение, вие може да добиете ваше сопствено сведоштво.”2

Го сакам овој вечен принцип на евангелието на Исус Христос дека можеме и треба да добиеме откровение за себе и да обезбедиме сведоштво за себе. Тоа нема никаква врска со слепата покорност. Сосема спротивно: Слепата покорност би била спротивна на овој принцип.

Всушност, Црквата на Исус Христос беше обновена токму поради овој нагон да се добиваат лични одговори. Кога младиот Џозеф Смит се вратил од својата чудесна Прва Визија и неговата загрижена мајка го прашала како се чувствува, имало многу работи што можел да ѝ каже. Но во тој момент едно сваќање му го привлекло вниманието и тој сакал да го сподели со неа: „Нема врска, добро е— прилично сум добар. … Научив за себе.”3 Тој веќе разговарал со многу верски учители, ги проучувал зборовите на библиските пророци, ги слушал советите на семејството и пријателите. Но во тој момент кога добил одговори директно од Господ, тој бил подготвен за неговата голема, посветена чудесна служба.

Примерот од животот на Џозеф Смит како и повикот на Претседателот Нелсон се покана до нас да се стремиме кон лично откровение секој ден. Колку и парадоксално да звучи на прв поглед: Да се следи пророкот значи да откриваме за себе, да стекнеме сопствено сведоштво и да бараме Божја насока за нашите сопствени животи и различни должности.

Ајде сите ние да го слушнеме и да размислуваме за советот на нашиот пророк и да откриваме за себе одново и одново она што Господ лично нѐ повикува да го правиме–а потоа и да дејствуваме според оваа покана со одлучност и со сето свое срце.

Белешки

  1. Старешина Нил Л. Андерсон, „The Prophet of God,“ April 2018 General Conference.

  2. Претседателот Расел М. Нелсон, „Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,“ April 2018 General Conference; додаден акцент.

  3. Joseph Smith—History 1:20; додаден акцент.

Печати