Лиахона
Повикани сме да Правиме Добрини
Јуни 2024


„Повикани сме да правиме Добрини“, Liahona, јуни 2024 год.

Месечна порака на Liahona за јуни 2024 година.

Повикани сме да Правиме Добрини

Го градиме царството Божје кога им служиме на другите, ја одржуваме нашата светост, и се залагаме за слобода на вероисповед.

Гидеон препознавал лажна доктрина кога и да ја слушнел. Ја слушнал и претходно од Царот Ное и неговите свештеници—свештениците кои „се возвишени во гордоста на нивните срца“ и кои „биле поддржувани во нивната мрзливост, во нивното идолопоклонство, и во нивните блудства преку даноците што Цар Ное му ги наметнал на својот народ (Мосија 11:5–6).

Уште полошо, Царот Ное го усмртил пророкот Абинади и се обидел да го уништи Алма и неговите преобратеници (види Мосија 17; 18:33–34). За стави крај на таквото зло, Гидеон се заколнал дека ќе го спречи царот, кого го поштедил само поради инвазијата на Ламанитите (види Мосија 19:4–8).

Подоцна, Гидеон со право ги обвинил Ноевите свештеници за грабнување на 24 Ламански ќерки. Тој бил сведок на исполнувањето на пророштвото на Абинади против народот бидејќи одбиле да се покаат. (Види Мосија 20:17–22.) Помогнал да се избави Лимхиевиот народ, кој бил под ропство на Ламанитите (види Мосија 22:3–9).

Сега веќе постар, Гидеон уште еднаш се соочил со гордоста и злото додека стоел пред Нехор, кој го вовел надрисвештенството меѓу луѓето. Нехор „сведочел против црквата“ и се обидувал да го заведе народот. (Види Алма 1:3, 7, 12; види и 2 Нефи 26:29.)

Користејќи го Божјото слово како оружје, храбриот Гидеон го прекорил Нехор за неговите злодела. Лут, Нехор го нападнал и убил Гидеон со својот меч. (Види Алма 1:7–9.) Така завршиле деновите на „праведниот човек“ кој „направи многу добрина меѓу неговиот народ“ (Алма 1:13).

Подоцнежните дни во кои ние денес живееме ни даваат многу можности да се угледаме на Гидеон како „орудие во Божјите раце“ (Алма 1:8) со тоа што „ќе бидеме во служба“ (Мосија 22:4) на другите, ќе се залагаме за праведност, ќе им се спротивставивставуваме на заканите за наша слобода да му се восхитуваме и да му служиме на Бог. Следејќи го верниот пример на Гидеон, и ние, можеме да направиме многу добрини.

Жена со послужавник со храна стои крај жена која лежи во кревет

Обединети во Служба

„Како следбеници на [Спасителот], настојуваме да го сакаме Бога и нашите ближни ширум светот“, вели Првото Претседателство. Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни, е желна да ги благослови другите и да им помогне на оние кои имаат потреба од тоа. Благословени сме што имаме капацитет, ресурси и доверливи глобални односи за да ја исполниме оваа света одговорност“.1

Благодарен сум за несебичната служба и грижа што членовите на Црквата ја пружаат во нашите храмови и нивните оддели, гранки и колови. Исто така сум благодарен што членовите на Црквата служат во безброј заедници, образовни и добротворни организации и се ангажирани во илјадници хуманитарни проекти секоја година, волонтирајќи милиони часови во речиси 200 земји и територии.2

Еден начин преку кој Црквата ги шири можностите за служба во неколку држави е преку JustServe.org. Спонзорирана од Црквата но достапна до сите кои сакаат да ги благословуваат другите, JustServe.org „ги поврзува потребите за волонтество на заедницата со волонтерите“ кои „го подобруваат квалитетот на животот во заедницата“.3

Црквата и нејзините членови исто така се екипираат со слични организации за служење ширум светот. Таа, благодарение на нејзините членови, даде „најголем придонес во крводарителството на Црвен Крст за 2022 год.“. Покрај тоа, Црквата неодамна донираше 8.7 милиони долари на Црвениот Крст.4

Црквата се здружува со организации за да донесе чиста вода и проекти за санитација во области низ целиот свет. Во 2022, Црквата учествуваше во 156 вакви проекти.5 Ние, исто така, соработуваме и донираме на другите агенции кои им носат олеснување на Божјите чеда кои страдаат.6

„Кога се здружуваме за да им служиме на луѓето кои имаат потреба од тоа“, вели Претседателот Хенри Б. Ајринг, Втор советник во Првото Претседателство, „Господ ги обединува нашите срца“.7

Склопени раце и сончева светлина

Зајакнете ја вашата светлина

Како Исусови следбеници, ги благословуваме нашите ближни кога ги одржуваме нашите завети и водиме Христијански животи. Книгата на Мормон поучува дека „луѓето од црквата“ не само што треба да бидат праведни туку, тие, исто така, мора да се потрудат нивниот ваквиот глас да биде слушнат доколку сакаат Господ да ги заштити и унапреди (види Алма 2:3–7; види и Мосија 29:27). Господ очекува да ја споделиме нашата вера и верувања за да ја зајакнеме нашата светлина. „Ете јас сум светлината до која ќе се држите“ (3 Нефи 18:24).

„Ние не му служиме на нашиот Спасител правилно доколку се плашиме од луѓето повеќе отколку што се плашиме од Бога“, Претседател Далин Х. Оукс, Прв Советник во Првото Претседателство. Тој додаде, „Повикани сме да ги воспоставиме Господовите стандарди, не да ги следиме световните“.8

Без разлика дали се на училиште, на одмор, на состанок со девојката, или на интернет, Господовите ученици не се „срамат да го преземат Христовото име“ (Алма 46:21). Преку нашите зборови и нашите дела, сведочиме дека Бог живее и дека го следиме Неговиот Син.

„Нашата вера не треба да ги раздвојува вистинскиот живот од духовниот, или таа секако не треба да биде средство за делба. Верата не е само за во црква, не е само за дома, таа не е само за на [училиште],” констатира Пол Ламберт, светец од подоцнежните Дни, експерт за религиозен плурализам. „Таа е за сé она што го правиме“.9

Ние не знаеме какво влиајние ќе има нашето сведоштво, добар пример, и добри дела врз другите другите. Но, кога се залагаме за правилното и се држиме до Спасителовата светлина, луѓето ќе нé приметуваат и небесата ќе ни се вкоренат.

Жена стои пред храм

Борете се за Слобода на вероисповед

Денешното надрисвештенство, со сé повеќе секуларни општества кои дејствуваат против луѓето со вера, не е ништо поразлично од она во времето на Книгата на Мормон. Гласот на оние кои се спротивставуваат на важната улога на религијата јавно и во политичките арени станува сé погласен. Секуларистите и владите, вклучувајќи многу училишта и универзитети се однесуваат насилно и прозелизираат неморал, атеизам и морален релативизам.

Нападите на слободата на вероисповест ќе успеат доколку ние не се залагаме за нашите религиозни права. „Како црква“, неодамна поучував, „ние се здружуваме со другите религии за да ги заштитиме луѓето од сите вери и верувања и нивното право да ги искажат сопствените убедувања.“10

Војната на небесата се водеше за моралната слобода на избор—нашата слобода за носење одлуки. За да ја сочуваме нашата слобода на избор, мора да бидеме доследни во заштита на нашата слобода на вероисповед.

Енергична религиозна вера ги зајакнува и штити семејствата, заедниците и народите. Таа предивикува покорност кон законот, влева почит кон животот и имотот, и поучува на хуманост, искреност и моралност—особини потребни да се овековечи едно праведно, слободно и граѓанско општество. Никогаш не треба да се извинуваме за нашата вера.

Нашите мисионерски напори, нашата служење во име на други лица во храмовите, нашите напори да го изградиме Божјото царство и нашата среќа бараат да ја браниме религиозната вера и слобода. Не смееме да ја изгубиме таа слобода без да изгубиме други слободи.

Пророкот Џозеф Смит поучувал, „Љубовта кон слободата е таа што ја инспирира мојата душа—граѓанската и слободата на вероисповест за целиот човечки род.“11 Верската слобода ќе ги инспирира и нашите души кога го следиме советот од црковните водачи:

  • „Бидете информирани за прашања од јавна важност, а потоа говорете храбро и учтиво“12

  • „Признајте дека ерозијата на Слободата на вероисповест ќе има значајно влијание врз нашите можности за зајакнување и раст на знаењето за евангелието, за да бидеме благословени со свети обреди, и да се потпреме на Господ да ја води Неговата Црква“.13

  • Залагајте се и потврдувајте дека Бог постои и дека постојат апсолутни вистини што ги утврдуваат Неговите заповеди“.14

  • „Оспорувајте закони што би ја нарушиле нашата слобода да ги практикуваме нашите вери“.15

  • „Ќе одите по светот и ќе правите добрини, за да изградите вера во Семоќниот Бог, и за да помогнете да се донесат други на посреќно место“.16

  • Проучете ги ресурсите на religiousfreedom.ChurchofJesusChrist.org и на religiousfreedomlibrary.org/documents.

Го градиме царството Божје кога им служиме на другите, ја одржуваме нашата светост, и се залагаме за слобода на вероисповед. За да Господ нé благослови во нашите обиди да направиме „многу добрини“ меѓу семејствата, заедниците и народите.

Белешки

  1. “A Message from the First Presidency,” („Порака од Првото Претседателство“) во Caring for Those in Need: 2022 Annual Report of The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, 3, ChurchofJesusChrist.org.

  2. Види Caring for Those in Need: 2022 Annual Report, 4, ChurchofJesusChrist.org.

  3. Justserve.org/about. JustServe е активна во 17 земји. Илјадници луѓе и организации се благословени преку оваа иницијатива.

  4. Види Kaitlyn Bancroft, “Church Donates $8.7 M as Part of Red Cross Collaboration,”,„Црквата Донораше 8,7 милиони долари како дел од соработката со црвен Крст“ Church News, Apr. 22, 2023, 23.

  5. Види Mary Richards, “Church Joins with Groups around the World to Tap into the Gift of Water,” Church News, May 27, 2023, 12.

  6. Види Dallin H. Oaks, “Helping the Poor and Distressed,” Liahona, Nov. 2022, 6–8.

  7. Henry B. Eyring, “Opportunities to Do Good,” Liahona, May 2011, 25.

  8. Dallin H. Oaks, “Unselfish Service,” Liahona, May 2009, 94–95.

  9. Пол Ламберт, во говорот на Рејчел Стерцер Гобсон, „Зошто е Потреба Вера на Работното место?“ (“Why Is There a Need for Faith in the Workplace?”) Church News, Apr. 22, 2023, 16.

  10. Ronald A. Rasband, “To Heal the World,” Liahona, May 2022, 92.

  11. Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2011), 345.

  12. D. Todd Christofferson, “Religious Freedom—A Cherished Heritage to Defend” ((обраќање за време на Фестивалот Слободна Патриотска Служба, Прово. Јута, 26 јуни, 2016) address at Freedom Festival Patriotic Service, Provo, Utah, June 26, 2016), 5–6, speeches.byu.edu.

  13. Ronald A. Rasband, “Free to Choose” (Brigham Young University devotional, Jan. 21, 2020), 3, speeches.byu.edu.

  14. Dallin H. Oaks, “Truth and Tolerance” (Brigham Young University devotional, Sept. 11, 2011), 2, speeches.byu.edu.

  15. Dallin H. Oaks, “Truth and Tolerance,” 4.

  16. Ronald A. Rasband, “Free to Choose,” 5, speeches.byu.edu.