Лиахона
Господовото Големо Дело и Нашата Одлична Можност
Јули 2024


„Господовото Големо Дело и Нашата Одлична Можност”, Лијахона, јули 2024.

Месечна Порака на Лијахона , јули 2024

Господовото Големо Дело и Нашата Одлична Можност

Кога сакаме, споделуваме и покануваме, се трудиме заедно со Господ да и помогнеме на секоја скапоцена душа да дојде кај Него.

Две жени зборуваат додека одат по улицата

Секој пророк во оваа последна, голема евангелска епоха на целосноста на евангелието ги поучува членовите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни да го споделуваат обновеното евангелие на Исус Христос. Во мојот животен век, неколку примери ми паѓаат на памет:

Претседателот Дејвид О. Меккеј (1873–1970), пророкот од мојата младост, изјави, „Секој член е мисионер“,

Претседателот Спенсер В. Кимбал (1895–1985) поучува, „Денот за носење на евангелието до што повеќе места и луѓе е овде и сега“, и „ние мора да го продолжиме нашиот исчекор“ во споделување на евангелието со другите.

Претседателот Гордон Б. Хинкли (1910–2008) рече: „Големо е нашето дело, огромна е нашата одговорност во пронаоѓање на оние што ќе се подучуваат. Господ нѐ ракоположил со задача да го поучуваме евангелието на секое суштество. За оваа задача потребно е да вложиме многу напор“.

И Претседателот Расел М. Нелсон поучува: „Мисионерската работа е основен дел од големото собирање на Израел. Тоа собирање е најважната работа што се случува на земјата денес. Ништо друго не се споредува по големина. Ништо друго не се споредува по важност. Господовите мисионери—Неговите ученици—се вклучени во најголемиот предизвик, најголемата цел, најголемото дело на земјата денес“.

До ова сознание дојдов самостојно како млад мисионер на Британската Мисија. Уште посигурен сум во тоа сега. Како Апостол на Господ Исус Христос, сведочам дека можностите се насекаде да им се помогне на другите да дојдат кај Христос со тоа што ќе им ја покажеме нашата љубов, ќе ги споделиме нашите верувања и ќе ги поканиме да ни се придружат за да ја доживееме радоста на евангелието на Исус Христос.

Делото продолжува и понатаму

Имав привилегија да работам на задача во Мисионерскиот Оддел на Црквата кога беше претставено првото издание на Проповедај го Моето Евангелие во 2004 год. и повторно кога беше објавено второто издание во 2023 год. Верувам дека Проповедај Го Моето Евангелие ја благослови мисионерската работа во подлабока смисла.

Новиот прирачник Проповедај Го Моето Евангелие вклучува сѐ што научивме од 2004 год., инспиративна насока од секој член на Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли, и направените исправки за споделување на евангелието во дигиталната ера. Некои од овие исправки резултираа со значителен успех.

Откривме дека споделувањето на евангелието на едноставни, нормални и природни начини преку принципите на „љубов, споделување и поканување“ е голем благослов за царството. Исус Христос го споделуваше евангелието на овој начин кога Тој живееше на земјата. Го сподели Својот живот и Својата љубов и ги покани сите да дојдат кај Него (види Матеј 11:28). Да се сака, споделува и поканува како Тој што правел, е посебен благослов и одговорност за секој член на Црквата.

Започнете со Љубов

Во Гетсиманската градина и на крстот, Исус Христос ги превзел гревовите на светот и ги претрпел сите таги „болки, маки и искушенија од секаков вид“ (Алма 7:11). Ова „предизвика [Тој], … најголемиот од сите, да трепери од болка, и да крвари од секоја пора“ (Учењата и Заветите 19:18). Преку Неговото Помирување и Воскресение, Исус Христос им овозможи спасение и егзалтација на сите.

Свртувањето кон Спасителот и размислувањето за сѐ она што Тој го направил за нас; создава во нас срце исполнето со љубов за Него. Потоа, Тој ги насочува нашите срца кон другите и ни заповеда да ги сакаме (види Јован 13:34–35) и да го споделуваме Неговото евангелие со нив (види Матеј 28:19; Марко 16:15). Ако оние околу нас можат да почувствуваат дека искрено ги сакаме и се грижиме за нив, веројатно ќе ги отворат своите срца за нашите пораки, исто како што Царот Ламони го отворил своето срце за да го прими евангелието поради љубовта и службата на Амон (види Алма 17–19).

Кога го споделуваме евангелието, ајде да започнеме со љубов. Кога посегнуваме по другите во љубов—сеќавајќи се дека тие се нашите браќа и сестри, саканите чеда на нашиот небесен Отец—ќе имаме можности да го споделиме она што знаеме дека е вистина.

Бидете Грижливо Ангажирани и Споделувајте

Никој не беше попосветен да го сподели евангелието од Претседателот М. Расел Балард (1928-2023). Во неговото последно обраќање на генералната конференција, тој сведочеше, „една од најславните и најпрекрасни работи што секој на овој свет може да ја дознае [е] дека нашиот Небесен Отец и Господ Исус Христос се разоткрија во ова подоцнежно време и дека Џозеф [Смит] бил поттикнат да ја врати целосноста на вечното евангелие на Исус Христос“.

Во текот на неговиот живот, и низ поголемиот дел од светот, Претседателот Балард упорно се трудеше да ја сподели оваа прекрасна порака со сите. Нѐ охрабруваше да го сториме истото. Тој поучуваше дека го споделуваме евангелието „со тоа што сме добри соседи, што сме грижливи и покажуваме љубов“. Правејќи така, ние „зрачиме со евангелието во нашите сопствени животи, и … зрачиме кон [другите] благослови што евангелието ги нуди“. Исто така „даваме сведоштво за она што [ние] го знаеме и веруваме и во она што [ние] го чувствуваме“. Претседателот Балард поучуваше, „Чистото сведоштво … може да биде дадено со моќта на Светиот Дух во срцата на другите кои се отворени да го примат“.

Споделување на обновеното евангелие на Исус Христос беше најголемата желба на срцето на Претседателот Балард. Ние можеме грижливо да се завземеме—како што се завземаше тој— да го споделуваме евангелието со зборови и дела. Никогаш не знаеме кој меѓу нас би можел да ја бара светлината на евангелието, но не знае каде да ја најде (види Учењата и заветите 123:12).

двајца мажи се качуваат по некои скали

Упатете Искрени Покани

Помагајќи им на другите да дојдат при Христа, ги каниме да ја доживеат радоста што ја носат Спасителот и Неговото евангелие. Можеме да го направиме ова со тоа што ќе ги поканиме да дојдат на активност, да ја прочитаат Книгата на Мормон или да се сретнат со мисионерите. Можеме да им упатиме искрена покана да присуствуваат на сакраменталната средба со нас.

Присуствуваме на сакраменталната средба секоја недела за да „му се восхитуваме на Бога и за да земеме сакремент во сеќавање на Исус Христос и Неговото Помирување“. Ова е време на можности луѓето да го почувствуваат Духот, да се приближат до Спасителот и да ја зајакнат својата вера во Него.

Кога бараме начини да сакаме, да споделуваме и покануваме, нашето палнирање и напори треба да вклучат помагање на луѓето да присуствуваат на сакраменталните средби. Ако ја прифатат нашата покана и присуствуваат на сакраменталните средби, многу поверојатно е дека ќе продолжат по патот до крштевање и преобратување. Верувам со сето свое срце дека ќе имаме голем успех додека ги каниме другите да присуствуваат на сакраменталната средба и ќе им помогнеме да ги препознаат благословите што можат да ги добијат правејќи го тоа.

Господ Ќе Нѐ Води

Никогаш не знаеме колкав успех ќе доживееме ниту со какви предизвици ќе се соочиме кога сакаме, споделуваме и покануваме. Синовите на Мосија, „одеа од град во град, и од еден дом на богослужба до друг, … меѓу Ламанитите, да го проповедаат и да го поучуваат словото Божје меѓу нив; и така почна нивниот голем успех“. Преку нивните напори, „илјадници го спознаа Господ“, и многумина „беа преобратени … [и] никогаш не отпаднаа“ (Алма 23:4–6).

Иако ова никогаш нема да биде наше искуство, Господ вети дека Тој ќе се труди заедно со нас, бидејќи секоја душа му е драгоцена. Кога покажуваме доверба во Господ и сме ангажирани во Неговата служба, Тој ќе нѐ води на кој начин да го споделиме Неговото евангелие со другите, сакајќи ги, споделувајќи ги нашите животи и сведоштва со нив, и канејќи ги да ни се придружат во следењето на Него.

„Огромна ќе биде [нашата] радост“ (Учењата и Заветите 18:15) кога ја користиме секоја прилика околу нас да му помогнеме на Господ Исус Христос во Неговото големо дело да се донесат души кај Него.

Белешка

  1. Teachings of Presidents of the Church: David O. McKay (2003), xxii.

  2. Teachings of Presidents of the Church: Spencer W. Kimball (2006), 261, 262.

  3. Gordon B. Hinckley, “Find the Lambs, Feed the Sheep,” Liahona, July 1999, 121. Ова обраќање беше дадено на 21 фебруари 1999 год., за време на сателитското емитување од Плоштадот Табернакул во Солт Лејк.

  4. Russell M. Nelson, “The Everlasting Covenant,” Liahona, Oct. 2022, 9.

  5. M. Russell Ballard, “Praise to the Man,” Liahona, Nov. 2023, 74.

  6. M. Russell Ballard, “The Essential Role of Member Missionary Work,” Liahona, May 2003, 40.

  7. M. Russell Ballard, “Remember What Matters Most,” Liahona, May 2023, 107.

  8. Проповедај го Моето евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023), 88.

  9. Види Проповедај Го Моето Евангелие, 172.