Лиахона
Едноставноста што е во Христос
Август 2024


Порака за Лидерство во Областа

Едноставноста што е во Христос

Во едно интервју непосредно по добивањето на неговиот повик како најнов член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, Старешина Патрик Кирон рече: „Гледам поголема едноставност сега во евангелието отколку што сум видел […]“. Очигледно, тој не сугерираше дека неговиот повик ќе биде едноставен. Напротив, тој зборуваше и за неговиот „шок и самата потресна природа на овој повик“. Со други зборови, само неколку дена по овој свет повик да се биде апостол на нашиот Господ Исус Христос, Старешина Кирон се фокусираше на едноставноста на евангелието, а не на сложеноста на неговиот повик. Овој факт ме натера да размислувам за лекцијата „дека со мали и едноставни работи се остваруваат големи работи“.

Живееме во свет на зголемена сложеност. Само во последните 25 години се случија мноштво технолошки и социолошки промени кои влијаат врз повеќето од нас на дневна основа. Иако светот можеби отсекогаш бил сложен, тековната поплава на информации кои доаѓаат во нашите домови, вклучувајќи ги разликите во мислењата, социјалната и политичката несигурност, како и промените во животната средина понекогаш може да изгледаат огромно. Се чувствува како „целата земја [е] во метеж […]“. Значи, кој е нашиот одговор на оваа зголемена сложеност?

„Одговорот на наједноставните прашања и на најсложените проблеми е секогаш ист. Одговорот е Исус Христос. Секое решение се наоѓа во Него“. Апостол Павле нè учи да се фокусираме на „едноставноста што е во Христа“. Во свет со зголемена сложеност, Исус Христос може да ни помогне да разбереме што навистина е најважно.

Претседателот Нелсон не потсети: „Противникот е умен. Со милениуми тој прави доброто да изгледа како зло, а злото да изгледа добро. Неговите пораки имаат тенденција да бидат гласни, смели и фалбаџии. [...] Меѓутоа, пораките од нашиот Небесен Татко се неверојатно различни. Тој комуницира едноставно, тивко и со таква неверојатна јаснотија што не можеме погрешно да Го разбереме“.

Така, кога светот гласно извикува мешани пораки кои се збунувачки, поразителни и навидум сложени, примената на едноставноста што е во Христа значи да се отфрлат овие гласни гласови и, како што сугерира Старешина Ухдорф, да се направи „чекор назад, погледнете го вашиот живот од повисоко ниво и поедноставете го вашиот пристап кон учеништвото. Фокусирајте се на основните учења, принципи и примени на евангелието“.

Ја научив реалноста за ова во мојот сопствен живот. Кога се справувам со предизвици во моето семејство, работа или црковни повици, потпирањето само на мојата сила често не беше успешен пристап. Но, поставувајќи си го едноставното прашање - „Што би направил Исус? или разгледувањето на едноставни евангелски принципи кои би можеле да бидат применливи во мојата моментална ситуација ми помогна да се потпирам на небесните сили и да се справам со овие предизвици на многу подобар начин. Проблемите немаше нужно да исчезнат, но најдов сила, надеж и фокусирање во работата или живеењето со моите грижи. Конфузијата беше заменета со јасност на мислата и целта.

Старешина Балард често нè потсетуваше: „Одржете го тоа едноставно. Во таа едноставност ќе најдете […] мир, радост и среќа […]“. За ова сведочам и јас.

Белешки

  1. “Elder Kearon’s Message to News Media: Turn to the Source of All Peace — Jesus Christ”, 23 јануари 2024 – Salt Lake City News Release

  2. “Elder Kearon’s Message to News Media: Turn to the Source of All Peace — Jesus Christ”, 23 јануари 2024 – Salt Lake City News Release

  3. Алма 37:6

  4. Compare Rita McGrath, in Harvard Business Review, август 31, 2011

  5. Учење и Завети 45:26

  6. Рајан К. Олсон, “The Answer Is Jesus”, Генерална конференција октомври 2022

  7. 2 Коринтјаните 11:3

  8. Види Дитер Ф. Ухдорф, “Of Things That Matter Most”, Генерална конференција октомври 2010

  9. Расел М. Нелсон, “Hear Him”, Генерална конференција април 2020

  10. Дитер Ф. Ухдорф, “It Works Wonderfully!”, Генерална конференција октомври 2015

  11. Види Џефри Р. Холанд, “The Cost—and Blessings—of Discipleship”, Генерална конференција април 2014

  12. М. Расел Балард, “The True, Pure, and Simple Gospel of Jesus Christ”, Генерална конференција април 2019