„Лекција 1: Воведна лекција“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)
„Лекција 1“, EnglishConnect 1 за Ученици
Lesson 1
Introductory Lesson
Добре дојдовте на EnglishConnect! Толку многу сме среќни што сте тука. Ние сме заедница на луѓе кои сакаат да ги прошират нашите можности со учење англиски. Можеби потекнуваме од различни средини, зборуваме различни јазици, имаме различен стапен на познавање на англиски, но заедно можеме да ги постигнеме нашите цели.
EnglishConnect е поинаква од повеќето програми за учење англиски. EnglishConnect е осмислена да ви помогне да развиете вештини за англиски јазик во опкружување на вера, заедништво и раст. Тоа значи дека ова нема да го правите сами. Сите во вашата EnglishConnect група ќе се поддржуваат и ќе се охрабруваат едни со други. Тоа исто така значи дека ќе ги применувате духовните принципи на учење додека проучувате и учите.
Во оваа лекција, ќе го претставиме процесот што ќе го користите за секоја лекција во самостојното проучување и вашата група за разговор.
Ајде да започнеме!
Conversation Group
Цел: Ќе научам да се претставам себе си и другите.
Вие Сте Божјо Дете
Знаевте ли дека една од најважните работи што може да ги направите за да постигнете некоја цел е да се фокусирате на вашите верувања за себе? Верувањата што ги имате за вашите способности ќе имаат значително влијание врз вашиот труд и резултати. Може да се сомневате во вашите способности поради претходни неуспеси. Добрата вест е вие можете да ги промените вашите верувања! Кога ги менувате вашите верувања за себе, можете да ги менувате вашите резултати. Кога ги менувате вашите верувања за себе, можете да ги промените вашите резултати.
Вие сте чедо на Бога. Тој ве сака. Како Негово чедо, вие имате вечен потенцијал и цел. Имате способност да учите и да се менувате. Имате способност да растете и да се подобрувате. Бог сака да ви помогне да напредувате. Тој сака да соработува со вас за да ви помогне да го достигнете вашиот потенцијал. Соработката со Бога во учење англиски ќе ви помогне да го запознаете подобро. Тој исто така ќе ви помогне да се запознаете себе си подобро.
Можете да се молите на Бога. Тој ќе ве ислуша. Можете да побарате од Него да ви помогне да научите англиски. Можете да му се заблагодарите Нему за вашите благослови. Кога се молите, обрнете внимание на вашите мисли и чувства. Можете да знаете дека Бог е тука, Тој ве сака, и Тој сака да ви помогне. Можете да изберете да верувате дека сте Божјо чедо со вечен потенцијал, и можете да побарате помош од Него да научите англиски.
Ponder
-
Како може сознанието дека сте дете на Бог да влијае на вашите верувања за себе?
-
Како може сознанието дека сте дете на Бог да ви помогне да научите англиски?
Activity 1: Practice the Pattern
(10–15 minutes)
Part 1: Разгледајте ја листата нови зборови со партнерот.
Кога ги учите новите зборови, фокусирајте се на значењето и изговорот на секој збор.
I/my |
јас/мое |
you/your |
ти/твое |
he/his |
тој/негово |
she/her |
таа/нејзино |
no |
не |
yes |
да |
name |
име |
please |
ве молам |
thank you/thanks |
ви благодарам/благодарам |
What is … ? |
Што е … ? |
Nice to meet you. |
Ми беше драго што се запознавме. |
Part 2: Вежбајте ја реченичната шема со партнерот.
Вежбајте ги реченичните шеми со партнер. Вашата цел е самоуверено да поставувате и да давате одговор на прашања и да разбирате што е кажано.
Вежбајте поставувајќи прашања
Cоздавајте колку што е можно повеќе прашања.
Example 1
What is your name?
Example 2
What’s his name?
Вежбајте одговарање на прашања
Cоздавајте колку што е можно повеќе одговори. Можете да ги замените подвлечените зборови со ваши сопствени зборови.
Example 1
My name is Rosa.
Example 2
His name is Niko.
Вежбајте разговор користејќи реченични шеми.
Поставувајте и одговарајте на прашања користејќи реченични шеми.
Example
-
A: Hi! What is your name?
-
B: Hello! My name is .
-
A: Nice to meet you.
-
B: What’s your name?
-
A: My name is .
-
B: Nice to meet you.
-
A: What’s her name?
-
B: Her name is Rosa.
Activity 2: Create Your Own Sentences
(5–10 minutes)
Целта на оваа активност е да ги користите реченичните шеми и новите зборови за да смислите сопствени реченици.
Погледнете ги сликите. Поставувајте и одговарајте прашања за името на секоја личност. Менувајте се наизменично.
Example: Talia
-
A: What’s her name?
-
B: Her name is Talia.
Activity 3: Create Your Own Conversations
(10–15 minutes)
Целта на оваа активност е да се раговара на англиски.
Part 1
Запознајте се со вашата група. Прашајте за името на секој ученик од групата. Бидете креативни. Користете онолку зборови колку што знаете.
Example
-
A: Hi, what’s your name?
-
B: My name is Mei. What is your name?
-
A: My name is Sione. Nice to meet you.
-
B: Nice to meet you. Goodbye.
-
A: Bye!
Part 2
Најдете партнер и претставете им го вашиот партнер на групата.
Example
-
A: Hi, what’s her name?
-
B: Her name is Luna. What is his name?
-
A: His name is Seth.
Подгответе се за Следната Лекција
(5 minutes)
Бог е секогаш тука да нé поддржи. Тој исто така очекува од нас да дадеме сé од себе. Ќе имате корист и од најмал труд вложен во подготовка за лекцијата. Еве три работи што треба да ги направите за секоја лекција пред да присуствувате на вашата група за разговор:
-
Проучете го принципот на учење.
-
Научете ги на памет новите зборови.
-
Вежбајте ги реченичните шеми.
Можете да ги најдете овие три работи во делот „Самостојно проучување“ на почетокот на секоја лекција. Не заборавајте да учите и вежбате секојдневно.