Учење англиски
Додаток: Игри за Групата за разговор


„Додаток: Игри за Групата за разговор“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)

„Додаток: Игри за Групата за разговор”, EnglishConnect 1 за Ученици

Appendix

Conversation Group Games

Игри за Групата за Разговор

Овој прирачник содржи листа на забавни игри за вежбање на англиски јазик. Овие игри можете да ги играте на која било средба на групата. Користете реченични шеми и нови зборови од лекцијата на која сте или од претходната лекција. Најголемиот број од овие игри бараат да работите со партнер или со мала група.

Questions (10–15 minutes)

Прашања (10–15 минути)

три прашалници

Steps

Чекори

  1. Изберете прашање од списокот. Запамтете, може да ги замените подвлечените зборови со други зборови или фрази.

  2. Споделете го вашиот одговор со групата.

  3. Менувајте се наизменично избирајќи прашања и споделувајќи одговори. Можете да разговарате за колку што е можно повеќе прашања.

Questions to Review Patterns:

Прашања за проверка на реченичните шеми:

  • What do you like to do?

  • Why do you like to study English?

  • Can you tell me about your family?

  • What are you wearing?

  • What do you do before you come to the conversation group?

  • What do you do in the morning?

  • When do you work?

  • What’s the weather in New York?

  • Where do you work?

  • What do you do for work?

  • Do you like to teach people?

  • What do you eat for dinner?

  • What foods do you like?

  • What do you want for lunch?

  • What is your favorite food? How do you make it?

  • How much do groceries cost?

  • Where do you live?

  • Tell me about your house.

  • Where is your favorite place to eat?

More Questions:

Повеќе Прашања:

  • Tell me about your friends.

  • Tell me about your job.

  • Tell me about your city.

  • Tell me about your favorite place.

  • Tell me about your daily routine. What do you do every day?

  • What do you like to wear?

  • What do you do when you are sick?

  • What do you do when you are hurt?

  • What is expensive in your city?

  • What is cheap in your city?

Notes

Белешки

  • Можете да ја играте оваа игра со целата група или во помали групи од три до пет луѓе.

  • Не сте ограничени само со прашањата од постоечката листа. Може да смислите нови прашања. Можете исто така да ги замените подвлечените зборови за да смислите уште прашања.

  • Ако сакате да ја направите оваа игра уште потешка, наизменично споделувајте ги одговорите што ги паметите од секој член на групата.

  • Можете да ги користите овие прашања со други игри подолу, како на пример „Велосипедски Синџир“ или „Фрлена Топка“.

Hot Seat (10–20 minutes)

Жешко Столче (10–20 мин.)

Жена седи со грб свртена кон таблата

Steps

Чекори

  1. Поделете се на два тима.

  2. Изберете два ученика (по еден од секој тим). Овие ученици седат свртени кон групата (на „жешкото столче“) а грбот е свртен кон таблата.

  3. Вашиот предавач пишува збор или фраза од фондот на зборви на таблата. Учениците на „жешкото столче“ не можат да го видат зборот.

  4. Тимовите имаат две минути да им помогнат на своите соиграчи на „жешкото столче“ да го погодат зборот на таблата без да го кажат зборот.

  5. Седнатиот на „жешкото столче“ кој прв ќе го погоди зборот добива поен за својот тим. Ако тимот го каже зборот напишан на таблата додека се обидува да му помогне на својот соиграч да погоди, тие не добиваат поен.

  6. Повторете со нови зборови.

Notes

Белешки

  • Создадете еден до три тима во зависност од големината на групата.

  • Ако се среќавате виртуелно, играјте како цела група неместо во тимови. Едно лице е на „жешкото столче“ Ова лице не го знае зборот. Едно лице е „давач на идеи“. „Давачот на идеја“ го избира зборот и дава идеја за седнатиот на „жешкото столче“ да може да го погоди зборот.

Ball Toss (10–15 minutes)

Фрлена Топка (10–15 мин.)

млада жена со топка

Steps

чекори

  1. Најдете топка, мек предмет или стуткано парче хартија.

  2. Изберете прашање. (Искористете едно од лекцијата или видете „Прашања“ во овој додаток.)

  3. Поставете го прашањето и фрлете ја топката на ученик.

  4. Ученикот ја дофаќа топката и одговара на прашањето.

  5. Ученикот повторно го поставува прашањето и ја дофрла топката на друг ученик.

  6. Повторете додека секој ученик во вашата група не одговори на прашањето. Потоа почнете отпочеток со ново прашање.

Notes

Белешки

  • За да ја направите оваа игра потешка, менувајте го прашањето секој пат кога ќе ја фрлите топката.

  • Ако се среќавате виртуелно, повикајте некого по име наместо да фрлате топка.

Dice Game (10–15 minutes)

Игра со коцки (10–15 мин.)

Две коцки

Steps

чекори

  1. Ви треба една коцка (или нумерирани картички од 1 до 6).

  2. Изберете шест глаголи и запишете ги на табла означени од 1 до 6.

  3. Работете со партнер или мала група. Фрлете ја коцката. Смислете реченица што го користи глаголот за бројот што се падна. Менувајте се наизменично.

Example

Пример

Предавачот пишува на таблата:

  1. cook

  2. stir

  3. bake

  4. boil

  5. cut

  6. add

Ученикот 1 ја фрла коцката и добива 6. Смислува реченица користејќи add.

  • I add sugar to my oatmeal.

Ученикот 2 ја фрла коцката и добива 4. Смислува реченица користејќи boil.

  • I boil eggs for lunch.

Ученикот 3 ја фрла коцката и добива 3. Смислува реченица користејќи bake.

  • I like to bake cookies.

Notes

Белешки

  • Други зборови може да се користат наместо глаголи.

  • Ако се среќавате виртуелно, работете со целата група. Користете виртуелна коцка и менувајте се наизменично во смислувањето на реченици.

Give One, Get One (10–20 minutes)

Дај еден, Земи Еден (10–20 минути)

Steps

чекори

  1. Изберете тема за групата (на пример: семејство, спортови, или храна)

  2. Напишете колку што е можно повеќе зборови за темата во рок од една до две минути.

  3. Станете и прошетајте низ собата. Најдете партнер.

  4. Споделете збор од вашиот список со вашиот партнер. Вашиот партнер споделува збор со вас. Ако е нов, додајте го на вашиот список.

  5. Прошетајте околку собата повторно. Најдете нов партнер. Повторете.

Example

Пример

Тема: семејство

Партнерот A пишува:

  • mom

  • dad

  • sister

  • brother

Партнер Б пишува:

  • grandfather

  • grandmother

  • mother

  • father

  • aunt

  • uncle

  • A: What’s one word from your list?

  • B: Grandmother.

  • A: I don’t have that word. I’ll add it to my list.

  • B: What’s a word from your list?

  • A: Mom.

  • B: I have mother. I will write mom next to mother.

И двајцата ученици додаваат нови зборови на нивниот список.

Списокот на партнерот A:

  • mom

  • dad

  • sister

  • brother

  • grandmother

Списокот на партнер Б:

  • grandfather

  • grandmother

  • mother, mom

  • father

  • aunt

  • uncle

Notes

Белешки

  • Ова е одличен начин да се научат или извежбаат новите зборови што не се од лекцијата.

  • Ако се среќавате виртуелно, секое лице нека сподели по еден збор од нивниот список со целата група наместо да се работи во двојки.

Speculation (15–20 minutes)

Шпекулација (15–20 минути)

две жени се смеат

Steps

чекори

  1. Замислете еден глагол.

  2. Кажете го глаголот гласно.

  3. Со помош на глаголот, смислете веродостојна реченица за друг ученик. Кажете, „I think that you …” за да ја започнете вашата реченица.

  4. Другите ученици кажуваат дали вашата реченица е вистина или не.

  5. Ако е вистина, добивате поен. Ако е не е, не добивате поен.

  6. Првиот ученик кој ќе добие пет поени победува!

  7. Свртете 10 до 20 рунди. Менувајте го глаголот за секоја рунда.

Example

Пример

Ученик A (на ученикот Б): The verb is like. I think that you like chocolate.

Ученикот Б: That’s true! (Ученикот А добива поен.)

Ученик Б (на ученикот Ц): I think that you like to play basketball.

Ученикот Ц: That’s not true! (Ученикот Б не добива поен.)

Notes

Белешки

  • Создадете групи од три до пет луѓе.

  • Оваа игра ќе вклучи 10 до 20 рунди. Ќе ви биде потребен глагол за секоја рунда. Менувајте се наизменично кажувајќи нов глагол секогаш кога ќе почне рундата.

Two Truths and One Lie (10–15 minutes)

Две Вистини и Една Лага (10–15 минути)

Steps

чекори

  1. Размислете за две работи што се вистина за себе си. Измислете една работа која не е вистина. Обидете се да го користите вокабуларот и фразите од лекцијата.

  2. Гласно прочитајте ги изјавите пред вашата група.

  3. Членовите на вашата група ви поставуваат прашања со цел да погодат која изјава е лага. Одговорете на нивните прашања.

Example

Пример

Член на групата 1: “I like pizza. I like French fries. I like chocolate. Which is not true?

Другите членови на групата поставуваат прашања:

  • Q: What is your favorite kind of pizza?A: I like cheese pizza.Q: What is your favorite candy bar?A: I like chocolate and caramel.Q: Where do you like to get French fries?A: I don’t have a favorite place.

Другите членови на групата погодуваат: „I think you don’t like French fries.

Член на групата 1: „That’s right! I don’t like French fries.

Vocabulary Cards (10–15 minutes)

Картички со нови зборови (10–15 мин.)

жена со картичка со збор на нејзиното чело

Steps

Чекори

  1. Напишете 5 до 10 нови зборови на мали парчиња хартија (лепливи белешки се супер за оваа намена). Ставете парчиња хартија на куп.

  2. Најдете партнер.

  3. Превртете ги куповите зборови наопаку за да не можете да ги видите зборовите. Разменете ги куповите со вашиот партнер.

  4. Изберете хартија Не гледајте во зборот. Држете ја хартијата до челото. Вашиот партнер го опишува зборот (или дава превод), за да можете да го погодувате зборот на хартијата. Ако сте погодиле точно, добивате поен.

  5. Менувајте се наизменично. Повторете за секоја хартија од купчето.

Notes

Белешки

  • Ако се среќавате виртуелно, работете со целата група наместо во парови. Секое лице пишува список на зборови. Копирај информации од сопствениот список до семејното стебло на групата. Менувајте се наизменично избирајќи по еден збор од списокот. Опишете и го на групата без да го кажете зборот. Членовите на групата го погодуваат зборот.

Bicycle Chain (in person) (10–20 minutes)

Велосипедски синџир (лично) (10–20 минути)

Оваа вежба е наменета само за групи кои се среќаваат лично.

Steps

Чекори

  1. Изберете прашање. (Искористете некое од лекцијата или види „Прашања“ во овој додаток.)

  2. Наредете се во два реда свртени еден кон друг.

    Дијаграм од два реда на луѓе свртени еден кон друг
  3. Луѓето кои се свртени со лице еден со друг се партнери.

  4. Партнерите поставуваат и одговараат на прашањето.

    Дијаграм од два реда луѓе каде секој се движи кон позицијата на лицето од десно
  5. Движете се во круг за да секое лице добие нов партнер.

    дијаграм што прикажува два реда луѓе кои се среќаваат со поглед со нови луѓе од оние со кои започнале
  6. Партнерите поставуваат и одговараат на прашањето.

  7. Повторете ги чекорите 5 и 6.

Notes

Белешки

  • Ако имате непарен број на луѓе, создадете група од тројца

Mingle and Share (in person) (10–15 minutes)

Измешајте и Споделете (лично) (10–15 минути)

Оваа вежба е наменета само за групи кои се среќаваат лично.

двајца луѓе разговараат

Steps

Чекори

  1. Изберете прашање. (Искористете едно од лекцијата или видете „Прашања“ во овој додаток.)

  2. Станете и најдете партнер.

  3. Поставете му го на партнерот прашањето. Запамтете го одговорот на вашиот партнер. Одговорете на прашањето на партнерот.

  4. Прошетајте околу собата и најдете нов партнер. Поставувајте и одговарајте на прашања. Повторете неколку пати со нови партнери. Сетете се на сите одговори на вашиот партнер.

  5. Вратете се на место. Споделете го она што го дознавте со групата.

Example

Пример

Question: How many people are in your family?

Учениците одат наоколу поставувајќи и одговарајќи на прашањата со различни партнери.

  • Maria: How many people are in your family?

    Luna: There are four people in my family. How many people are in your family?

    Maria: Three.

Учениците го споделуваат она што го научиле

  • Teacher: How many people are in Maria’s family?

    Luna: There are three people in Maria’s family.