Поставките на Верата
на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни
Глава 1
1 Ние веруваме во Бог, Вечниот Отец, и Неговиот Син, Исус Христос, и во Светиот Дух.
2 Ние веруваме дека луѓето ќе бидат казнети за нивните сопствени гревови, а не за Адамовиот престап.
3 Ние веруваме дека преку Помирувањето на Христос, сето човештво може да биде спасено, преку послушност на законите и обредите на Евангелието.
4 Ние веруваме дека првите принципи и обреди на Евангелието се: најпрвин, Вера во Господ Исус Христос; второ, Покајание; трето, Крштавање преку потопување за опростување од гревови; четврто, Положување на раце за дарот на Светиот Дух.
5 Ние веруваме дека еден човек мора да биде повикан од Бог, преку пророштво, и преку положување на раце од тие што се овластени, да проповедуваат за Евангелието и послужуваат во обредите таму.
6 Ние веруваме во истата организација која постоеше во Примитивната Црква, имено, апостоли, пророци, пастори, учители, евангелисти, и така натаму.
7 Ние веруваме во дарот на јазици, пророштво, откровение, визии, исцелување, толкување на јазици, и така натаму.
8 Ние веруваме во Библијата дека е словото на Бог сè додека е преведено точно; ние исто веруваме во Книгата на Мормон дека е словото на Бог.
9 Ние веруваме во сè што Бог открил, сè што Тој сега открива, и ние веруваме дека Тој допрва ќе открие многу големи и важни нешта во врска со Царството на Бог.
10 Ние веруваме во буквалното собирање на Израел и во обновувањето на Десетте Племиња; дека Сион (Новиот Ерусалим) ќе биде изграден на Американскиот континент; дека Христос ќе владее лично врз земјата; и, дека земјата ќе биде обновена и ќе ја добие нејзината рајска слава.
11 Ние ја изјавуваме привилегијата за обожавање на Семоќниот Бог според диктирањата на нашата сопствена совест, и да им дозволи на сите луѓе иста привилегија, нека обожаваат како, каде, и кога сакаат.
12 Ние веруваме дека сме подложени на цареви, претстедатели, владетели, и судии, во покорување, почитување, и одржување на законот.
13 Ние веруваме во тоа да бидеме чесни, искрени, чедни, добродушни, доблесни, и во правење добро на сите луѓе; навистина, може да кажеме дека го следиме предупредувањето на Павле—Ние веруваме во сите нешта, ние се надеваме на сите нешта, ние сме издржале многу нешта, и се надеваме да можеме да издржиме во сите нешта. Ако постои нешто доблесно, прекрасно, односно со добар извештај односно што заслужува пофалба, ние ги бараме тие нешта.
Џозеф Смит.