Свети Писма
Вовед


Вовед

Скапоцениот Бисер е избор од одбрани материјали кои допираат многу значајни аспекти за верата и учењето на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Овие предмети беа преведени и произведени од Пророкот Џозеф Смит, и најмногу беа објавени во Црковните периодични изданија во неговото време.

Првата збирка на материјали носејќи го насловот Скапоцениот Бисер беше создадена во 1851 од Старешина Франклин  Д. Ричардс, тогашен член на Советот на Дванаесетте и претседател на Британската Мисија. Нејзината цел беше да овозможи поподготвен пристап кон некои важни статии кои ограничено беа кружеле во времето на Џозеф Смит. Додека Црковното членство се зголемуваше низ Европа и Америка, постоеше потреба да се направат овие предмети достапни. Скапоцениот Бисер беше широко употребуван и последователно стана стандардно дело на Црквата преку дејство на Првото Претседателство и генералната конференција во Солт Лејк Сити на 10 Октомври, 1880.

Неколку ревизии беа спроведени во содржините според потребите на Црквата што тоа го бараа. Во 1878 делови од книгата на Мојсеј кои не беа содржани во првото издание беа додадени. Во 1902 одредени делови од Скапоцениот Бисер кои го копираа материјалот исто објавен во Учење и Завети беа испуштени. Подредување во глави, и стихови, со фусноти, беше направено во 1902. Првата објава на страници со двојна колона, со индекс, беше во 1921. Никакви други промени не беа направени се до Април 1976, кога два предмета од откровение беа додадени. Во 1979 овие два предмета беа отстранети од Скапоцениот Бисер и вметнати во Учење и Завети, каде што сега се појавуваат како поглавја 137 и 138 . Во сегашното издание некои промени беа направени да се доведе текстот во складност со раните документи.

Следи еден краток вовед на сегашните содржини:

  1. Избори од Книгата на Мојсеј. Извадок од книгата на Битие од преводот на Џозеф Смит на Библијата, кој што тој го започна во Јуни, 1830.

  2. Книгата на Авраам. Инспириран превод на пишувањата на Авраам. Џозеф Смит го започна преводот во 1835 откако стекна одредени египетски папируси. Преводот беше објавен сериски во Times and Seasons почнувајќи од 1 Март, 1842, во Наву, Илиноис.

  3. Џозеф Смит—Матеј. Извадок од сведоштвото на Матеј во преводот на Џозеф Смит на Библијата (види Учење и Завети 45:60–61 за божествената наредба да започне преводот на Новиот Завет).

  4. Џозеф Смит—Историја Извадоци од официјално сведоштво и историја на Џозеф Смит, кои тој и неговите писари ги подготвиле во 1838–1839 и кои беа објавени сериски во Times and Seasons во Наву, Илиноис, почнувајќи од 15 Март, 1842.

  5. Поставките на Верата на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Изјава на Џозеф Смит објавена во Times and Seasons на 1 Март, 1842, придружена со кратка историја за Црквата која популарно беше позната како Писмо за Вентворт.