Џозеф Смит—Историја
Извадоци од Историјата на Џозеф Смит, Пророкот
Глава 1
Џозеф Смит раскажува за неговите предци, членови на семејството, и за нивните рани живеалишта—Невообичаена возбуда за религија преовладува во западен Њујорк—Тој одлучува да бара мудрост како што е упатен од Јаков—Отецот и Синот се појавуваат, и Џозеф е повикан за неговото пророкувачко служење. (Стихови 1–20.)
1 Како резултат на многуте извештаи кои се прошириле преку злобните и лукави личности, во врска со подемот и напредокот на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, сè што било создадено од нивните автори таму да се побунат против нејзиниот карактер како Црква и нејзиниот напредок во светот—Јас бев поттикнат да ја напишам оваа историја, да го исправам јавното мислење, и да ги насочам сите што прашуваат по вистината при посед на факти, онакви какви што се случиле, во врска со себеси и со Црквата, онолку колку што имам такви факти во мој посед.
2 Во оваа историја јас ќе претставам различни настани во врска со оваа Црква, во вистина и праведност, како што се случиле, односно како што тие сега постојат, бидејќи сега е [1838] осмата години од организацијата на споменатата Црква.
3 Јас бев роден во годината на нашиот Господ илјада осумстотини и петта, на дваесет и третиот ден на Декември, во гратчето Шерон, Виндсор округ, Држава Вермонт. … Мојот татко, Џозеф Смит, Сен., ја напушти државата Вермонт, и се пресели во Палмира, Онтарио (сега Вејн) округ, во државата Њујорк, кога јас имав околу 10 години. За околу четири години после пристигнувањето на мојот татко во Палмира, тој се пресели со неговото семејство во Манчестер во истиот откруг Онтарио—
4 Неговото семејство се состои од единаесет души, имено, мојот татко, Џозеф Смит; мојата мајка, Луси Смит (чие име, пред нејзиниот брак беше Мек, ќерка на Соломон Мек); моите браќа, Алвин (кој умре на 19 Ноември, 1823 на 26-тата година од неговиот живот), Хајрим, себеси, Самуел Харисон, Вилијам, Дон Карлос; и моите сестри, Софронија, Катерине, и Луси.
5 Некое време во втората година после нашата преселба во Манчестер, постоеше невообичаена возбудливост во местото каде што живеевме на темата на религија. Започна со Методистите, но наскоро стана општа помеѓу сите секти во тој регион на земјата. Навистина, целиот реон на земјата изгледаше погоден од тоа, и големи мноштва се обиденија во различни религиозни партии, кои создадоа не така мали наведувања и поделби помеѓу народот, некои довикувајќи, „Гледајте, овде!“ а други, „Гледајте, таму!“ Некои се препираа за Методистичката вера, некои за Презбитеријанска, и некои Баптистичка.
6 Зашто, без оглед на големата љубов која преобратениците на овие различни вери ја искажуваа на времето на нивното преобратување, и големата ревност прикажана преку соодветните проповедници, кои беа активни при кревање и промовирање на зачудувачката сцена на религиозно чувство, со цел сите да се преобратат, како што тие сакаа да го нарекуваат, нека се придружат во онаа секта во која посакуваат; сепак штом преобратениците започна да пребегнуваат, некои во една заедница а некои во друга, се виде дека навидум добрите чувства и на свештениците и на преобратениците беа повеќе вештачки отколку вистински; пошто следеше сцена на голема забуна и лошо чувство—свештеник се препираше со свештеник, и преобратеник со преобратеник; за сите нивни добри чувства еден кон друг, ако некогаш беа ги имале, да бидат целосно изгубени во конфликт на зборови и препирање за мислења.
7 Јас во овој период бев во мојата петнаесетта година. Семејството на мојот отец беше преобратено во Презбитеријанската вера, и четворица од нив се придружија на таа црква, имено, мојата мајка Луси; моите браќа Хајрим и Самуел Харисон; и мојата сестра Софронија.
8 Во текот на ова време на голема возбуда мојот ум се повикуваше на сериозни одразувања и неудобност; но иако моите чувства беа длабоки и често трогателни, сепак јас се држев настрана од сите овие заедници, иако присуствував на неколку од нивните средби онолку често колку што пригодата ќе дозволеше. Во текот на времето мојот ум стана некако приврзан кон Методистичката секта, и почувствував одредена желба да бидам обединет со нив; но толку големи беа забуната и конфликтот помеѓу различни деноминации, што беше невозможно за една млада личност како што бев јас, и толку незапознаен со луѓе и нешта, да дојде до било каков одреден заклучок за тоа кој беше во право а кој грешеше.
9 Мојот ум понекогаш беше многу возбуден, довикувањето и збрканоста беа толку големи и непрекинати. Презбитеријанците беа најмногу насочени против Баптистите и Методистите, и ги искористија сите моќи и на причината и софистиката да ги докажат нивните грешки, односно, во најмала рака, да ги натераат луѓето да мислат дека тие грешат. Од друга страна, Баптистите и Методистисте за возврат беа подеднакво ревносни во настојување да се воспостават нивните сопствени постулати и да ги одбијат сите други.
10 На среде оваа војна на зборови и збрканост на мислења, јас често си велам на себеси: Што треба да се стори? Кои од сите овие страни се во право; или, дали тие сите заедно грешат? Доколку некој од нив е во право, кој е, и како ќе го знам тоа?
11 Додека јас работев под екстремните потешкотии предизвикани преку препирање на овие заедници од верници, еден ден читав во посланието на Јаков, прва глава и пети стих, каде што вели: Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, која на сите им дава изобилно и без приговарање; и ќе му се даде.
12 Никогаш ниту еден стих од светите писма не го допрел човечкото срце со поголема моќ како што беше овој стих во ова време за моето. Се чини дека навлезе со голема сила во секое чувство на моето срце. Јас се навраќав на тоа повторно и повторно, знаејќи дека ако на било која личност ѝ е потребна мудрост од Бог тогаш тоа бев јас; зашто не знаев како да постапам, и доколку можев да добијам повеќе мудрост отколку што тогаш имав, никогаш не би знаел; зашто учителите на религијата од различни секти ги разбираа истите пасуси на свети писма толку различно за да ја уништат сета доверба за решавање на прашањето со потпирање на Библијата.
13 Најпосле јас дојдов до заклучок дека морам или да останам во темнина и забуна, или морам да направам како што Јаков упатува, односно, да го прашам Бог. Јас најпосле дојдов до одлука „да го прашам Бог,“ заклучувајќи дека ако Тој им дадеше мудрост на тие на кои им недостигаше мудрост, и би дал слободно, и без приговарање, јас би можел да се впуштам.
14 Па, во согласност со ова, мојата одлучност да го прашам Бог, се засолнив во шумата да го направам овој обид. Беше наутро на еден убав, јасен ден, рано во пролетта на илјада осумстотини и дваеста. Тоа беше прв пат во мојот живот да направам таков обид, зашто насреде сите мои неспокои јас никогаш досега не бев се обидел да се молам на глас.
15 Откако јас се повлеков во местото каде што јас претходно бев одреден да одам, гледајќи наоколу, и пронаоѓајќи се сам, јас клекнав долу и започнав да ги принесувам желбите на моето срце на Бог. Јас едвај бев правел така, кога веднаш бев обземен од некаква моќ која целосно ме совлада, и имаше такво запрепастувачко влијание врз мене за да ми го врзе јазикот за да не можам да зборувам. Густа темнина се собра околу мене, и ми се чинеше за одредено време како да бев осуден на ненадејно уништување.
16 Но, напрегајќи ги сите мои моќи да го повикам Бог да ме избави од моќта на овој непријател кој ме обзема, и во самиот момент кога бев подготвен да потонам во очај и да се препуштам на уништување—не на измислена урнатина, туку на моќта на некакво битие од невиден свет, кое имаше таква зачудувачка моќ каква што јас порано не сум почувстувал во ниту едно битие—токму во овој момент на голема тревога јас видов столб од светлина токму врз мојата глава, над јаснотијата на сонцето, која се спушташе постепено сè додека не падна врз мене.
17 Штом се појави јас бев избавен од непријателот кој ме држеше заробен. Кога светлината се спушти врз мене јас видов два Лика, чија јаснотија и слава му пркосат на секаков опис, стоејќи над мене во воздухот. Еден од нив ми проговоре на мене, повикувајќи ме по име и кажа, покажувајќи на другиот—Ова е Мојот Возљубен Син. Слушни Го Него!
18 Мојата цел за да го прашам Господ беше да знам која од сите секти беше правилна, за да знам на која да се придружам. Не поскоро, затоа, се соземав себеси, за да можам да говорам, тогаш ги прашав Ликовите кои стоеја врз мене во светлината, која од сите секти беше правилна (зашто до овој момент ниту еднаш не ми влезе во срцето дека сите се погрешни)—и на која да ѝ се придружам.
19 Ми беше одговорено дека не смеам да се придружам на ниту една од нив, зашто сите тие беа погрешни; и Ликовите кои ми се обратија кажаа дека сите нивни убедувања беа одвратност во неговите очи; дека тие учители беа сите корумпирани; дека „тие се приближуваат до мене со нивните усни, но нивните срца се далеку од мене, тие ги поучуваат како учења заповедите на човекот, имајќи форма на божественост, но тие ја негираат таа моќ.“
20 Тој повторно ми забрани да се придружам на било која од нив; и многу други нешта Тој ми кажа на мене, кои јас не можам да ги напишам овој пат. Кога повторно си дојдов при себеси, се пронајдов себеси како лежам на грб, гледајќи кон небесата. Кога светлината беше заминала, немав сила; но наскоро закрепнувајќи постепено, заминав дома. И како што се потпрев до каминот, мајка ми ме праша во што е работата. Јас одговорив, „Нема врска, сè е добро—Јас сум доволно добар.“ И тогаш ѝ кажав на мојата мајка, „Јас самиот сватив дека Презбитеријанизмот не е вистински.“ Се чинеше како непријателот да беше свесен, од многу ран период од мојот живот, дека ми било судено да станам нарушувач и оштетувач на неговото царство; инаку зошто моќите на темнината да се здружат против мене? Зошто спротивставеност и прогонување кои се појавија против мене, речиси во моето детство?
Некои проповедници и други учители на религија го одбиваат извештајот за Првата Визија—Прогонување е насобрано против Џозеф Смит—Тој сведочи за реалноста на визијата. (Стихови 21–26.)
21 Неколку дена откако ја имав оваа визија, јас се случи да сум во дрштво на еден од Методистичките проповедници, кој беше многу активен во претходно споменатата религиозна возбуда; и, разговарајќи со него на темата за религија, најдов прилика да му дадам извештај за визијата која бев ја имал. Јас бев многу изненаден од неговото однесување; не само што ја третираше мојата комуникација незаинтересирано туку со голем презир, велејќи дека сето тоа беше од ѓаволот, велејќи дека не постоеја такви нешта како визии односно откровенија во овие денови; дека сите такви нешта запреа со апостолите, и дека никогаш повеќе нема да има повеќе од нив.
22 Јас наскоро открив, сепак, дека моето кажување на приказната беше возбудило многу голема предрасуда против мене помеѓу учители на религија, и беше причина за големо прогонување, кое продолжуваше да се зголемува; и иако јас бев мрачно момче, само помеѓу четиринаесет и петнасет години, и моите околности во животот како да се направи момче без последици во светот, сепак луѓе од висока позиција ќе забележат доволно да го поттикнат јавниот ум против мене, и да создадат горко прогонување; и ова беше вообичаено помеѓу сите секти—сите обединети да ме прогонуваат.
23 Тоа ми предизвика сериозно да се навратам, и често оттогаш, колку чудно беше што едно мало момче, кое е малку постаро од четиринаесет години, и едно исто, кое беше осудено на неопходноста да стекне недоволна издршка со неговата дневна работа, треба да биде замислено како карактер на доволна важност да привлече внимание на големите од најпопуларните секти на денот, и на начин да создаде во нив еден дух на најогорченото прогонување и побуна. Но чудно или не, така беше, и често беше причината за голем тага за себеси.
24 Како и да е, сепак тоа беше факт дека јас бев имал визија. Оттогаш размислував, дека многу се почувствував како Павле, кога тој направи негова одбрана пред Цар Агрипа, и го поврза извештајот со визијата која тој беше ја имал кога виде светлина, и слушна еден глас но сепак постоеја малку кои му веруваа; некои велеа дека е нечесен, други дека е луд, и беше исмеван и навредуван. Но сето ова не ја уништи реалноста на неговата визија. Тој беше имал визија, тој знаеше дека имаше, и сите прогонувања под небесата не можеа да го оспорат тоа; и иако тие ќе го прогонуваа до смрт, сепак тој знаеше, и ќе знае до неговиот последен здив, дека тој и виде светлина и слушна глас како му говори на него, и сиот свет не може да го натера да мисли или верува во спротивното.
25 Па така беше со мене. Јас всушност бев видел светлина, и на среде таа светлина јас видов два Лика, и тие навистина ми збореа на мене; и иако ме мразеа и прогонуваа зашто кажав дека видов визија, сепак беше навистина; и додека ме прогонуваа, навредуваа, и лажно разговараа на сите начини на зло против мене зашто така велам, јас бев воден да кажам во моето срце: Зошто ме прогонуваа мене зашто ја кажувам вистината? Јас всушност имав визија; и кој сум јас да му одолеам на Бог, или зошто светот мисли дека може да ме натера да го негирам тоа што всушност сум го видел? Зашто јас бев видел визија; знаев, и јас знаев дека Бог знаеше, и не можев да го негирам тоа, ниту се осмелував, барем знаев дека правејќи така ќе го навредам Бог, и ќе бидам под осуда.
26 Сега го задоволив мојот ум што се однесува до секташкиот свет—дека не беше моја должност да се придружам на било која од нив, туку да продолжам каков што бев додека не ме упатат понатаму. Јас бев го пронашол сведоштвото на Јаков дека е вистинито—дека еден човек на кому му недостига мудрост може да ја побара од Бог, и да ја стекне, без приговор.
Морони му се појавува на Џозеф Смит—Името на Џозеф ќе биде познато за добро и за зло помеѓу сите нации—Морони кажува за Книгата на Мормон и за претстојните пресуди на Господ и цитира многу свети писма—Тајното место на златните плочи е откриено—Морони продолжува да го упатува Пророкот. (Стихови 27–54.)
27 Јас продолжив да ги следам моите вообичаени занимања во животот сè до дваесет и први Септември, илјада осумстотини дваесет и трета, цело време претрпувајќи тешки прогонувања од рацете на сите класи на мажи, и религиозни и нерелигиозни, бидејќи продолжив да потврдувам дека бев имал визија.
28 Во текот на времето помеѓу времето кога јас имав визија и годината илјада осумстотини дваесет и трета—ми беше забрането да се придружам на било која религиозна секта на времето, и бидејќи бев на многу нежни години, и прогонувам од оние кои требаше да се мои пријатели и да ме третираат љубезно, и доколку претпоставуваа дека сум во заблуда да настојуваа на соодветен и пријатен начин да ме повртат—Јас бев оставен на сите видови на искушенија; и, мешајќи се со сите видови на општества, јас често правев многу будалести грешки, и прикажував слабост поради младоста, и мани на човечката природа; кои, се извинувам што ќе кажам, ме водеа во разновидни искушенија, навредливи во очите на Бог. При давање на оваа исповед, никој не треба да претпоставува дека сум виновен за било какви големи односно малигни гревови. Склоност да се сторат такви никогаш не беше во моја природа. Но јас бев виновен за лекомисленост, и понекогаш поврзуван со весело друштво, итн., не постојан со тој карактер кој треба да се одржува од оној што беше повикан од Бог како што јас бев. Но ова нема да изгледа многу чудно на било кој што се сеќава на мојата младост, и е запознаен со мојот роден весел темперамент.
29 Како последница на овие нешта, јас често се чувствував осуден за мојата слабост и несовршености; кога, на вечерта на гореспоменатиот дваесет и први Септември, откако јас се повлеков во мојот кревет за ноќта, јас се оддадов во молитва и молење на Семоќниот Бог за прошка за сите мои гревови и будалаштини, и исто за прикажувањето на мене, за да знам за мојата состојба и да стојам пред Него; зашто имав целосна доверба во стекнување на божествен приказ, како што претходно добив еден.
30 Додека јас бев така во чин на повикување на Бог, јас открив светлина која се појавува во мојата соба, која продолжуваше да се зголемува додека собата не стана посветла отколку попладне штом веднаш еден лик се појави покрај мојот кревет, стоејќи во воздухот, зашто неговите стапала не го допираа подот.
31 Носеше лабава наметка од најисклучителна белина. Тоа беше белина вон било што земно што некогаш бев видел; ниту верувам дека нешто земно може да биде создадено да изгледа толку извонредно бело и блескаво. Дланките му беа голи, а исто така и рацете, малку над зглобот; па, исто и стапалата му беа голи, како што му беа и нозете, малку над глуждовите. Неговата глава и врат му беа исто така непокриени. Можев да видам дека немаше друга облека на себе освен неговата наметка, што беше отворена, па така можев да му ги видам градите.
32 Не само што неговата наметка беше исклучително бела, туку неговиот цел лик беше величествен вон опис, и неговиот лик навистина како молња. Собата беше извонредно светла, но не толку многу јасна како непосредно околу неговиот лик. Штом јас првпат го погледнав него, Јас бев исплашен; но стравот наскоро ме напушти.
33 Тој ме повика по име, и ми кажа на мене дека тој беше гласник испратен од Бог за мене, и дека неговото име беше Морони; дека Бог имаше работа за мене да ја чинам; и дека моето име треба да биде познат за добро и зло помеѓу сите нации, колена, и јазици, односно дека треба да биде говорено за добро и зло помеѓу сите народи.
34 Тој кажа дека имаше една книга закопана, напишана врз златни плочи, давајќи извештај за поранешните жители на овој континент, и изворот од каде што доаѓаат. Тој исто така кажа дека целината на вечното Евангелие беше содржана во неа, како што беше пренесена од Спасителот на древните жители;
35 Исто, дека постоеја два камења во сребрени арки—а тие камења прицврстени за граден оклоп, го сочинуваа она што се нарекуваше Урим и Тумим—положени со плочите; а поседувањето и користењето на овие камења беа тие што ги сочинуваа „јасновидците“ во древните односно поранешните времиња; и дека Бог беше ги подготвил со целта за преведување на книгата.
36 Откако ми ги кажаа овие нешта, тој започна да ги цитира пророштвата на Стариот Завет. Тој најпрвин цитираше дел од третата глава на Малахија; и тој исто го цитираше четвртото односно последно поглавје од истото пророштво, иако со мала измена од начинот на кој се пишува во Библијата. Наместо да го цитира првиот стих како што се пишува во нашите книги, го цитираше вака:
37 Зашто ете, денот доаѓа кога ќе гори како рерна, и сите горди, да, и сите што прават пакосно ќе горат како плевел; зашто тие кои ќе дојдат ќе ги изгорат, кажа Господ на Војските, така што нема да остави ниту корен ниту гранка.
38 И повторно, тој го цитираше петиот стих така: Ете, јас ќе откријам на тебе Свештенство, преку раката на Илија пророкот, пред да дојде големиот и ужасен ден на Господ.
39 Тој исто го цитираше наредниот стих поразлично: И тој ќе всади во срцата на децата на човекот ветувања направени на нивните татковци, и срцата на децата ќе се завртат кон нивните татковци. Да не беше така, целата земја би била целосно уништена при Неговото доаѓање.
40 Како прилог на овие, тој го цитираше единаесеттото поглавје на Исаија, велејќи дека наскоро ќе биде исполнето. Тој го цитираше исто третото поглавје на Дела, дваесет и второ и дваесет и трети стих, прецизно како што се напишани во Новиот Завет. Тој кажа дека пророкот беше Христос; туку денот сè уште не дошол кога „тие што нема да го послушаат неговиот збор ќе бидат отсечени од помеѓу народот,“ но наскоро ќе дојде.
41 Тој исто така го цитираше второто поглавје на Јоил, од дваесет и осми стих до последен. Тој исто кажа дека ова сè уште не беше исполнето, но наскоро ќе биде. И тој понатаму изјави дека целината на Неевреите наскоро доаѓа. Тој цитираше многу други пасуси од светите писма, и принесе многу објаснувања кои не може да бидат споменати овде.
42 Повторно ми рече, дека кога ќе ги добијам плочите за кои беше ми зборувал—бидејќи времето кога ќе ги добијам сѐ уште не беше дојдено—Не треба да ги покажувам на ниту една личност; ниту пак градниот оклоп со Уримот и Тумимот; само на оние на кои ќе ми биде заповедано да им ги покажам; Ако го сторам тоа ќе бидам уништен. Додека тој зборуваше со мене за плочите, визијата беше прикажана во мојот ум така што можев да го видам местото каде што плочите беа положени, и тоа толку јасно и видливо што повторно го знаев местото кога го посетив.
43 После ова соопштение, видов како светлината во собата почна да се собира непосредно околу личноста на тој што ми зборуваше, и тоа продолжи така сè додека собата повторно не стана темна, освен само околу него; кога, одеднаш видов, како, премин се отвора право кон небото, и тој се воздигна сè додека сосема не исчезна, а собата остана каква што беше пред оваа небесна светлина да беше се појавила.
44 Лежев размислувајќи за единственоста на сцената, и чудејќи се многу на тоа што ми беше кажано преку овој невообичаен гласник; кога, среде моето размислување, одеднаш открив дека мојата соба повторно почнуваше да се осветлува, и во еден момент како што беше, истиот небесен гласник беше повторно покрај мојот кревет.
45 Тој започна, и повторно ми ги раскажа истите нешта што беше ги кажал при неговата прва посета, без најмала измена; кога го стори тоа, ме извести за големите пресуди кои доаѓаа врз земјата, со големи пустоши од глад, меч и чума; а дека овие тешки пресуди би дошле на земјата во ова поколение. Откако ми ги раскажа овие нешта, тој повторно се воздигна како што беше направил претходно.
46 До ова време, толку длабоки беа впечатоците направени во мојот ум, што сонот беше ми избегал од очите и лежев совладан од вчудоневиденост од она што бев го видел и слушнал. Но колкаво беше моето изненадување кога повторно го здогледав истиот гласник покрај мојот кревет, и го слушнав како пак ми ги раскажува односно повторува истите нешта како претходно; а додаде и предупредување за мене, велејќи ми дека Сатаната ќе се обиде да ме искушува (како последица на сиромашните околности во семејството на татко ми), да ги земам плочите со намера да се збогатам. Тој ми го забрани ова, велејќи дека не смеам да имам друга цел на видик за добивање на плочите освен да го славам Бог, и не смеам да бидам под влијание на ниту еден друг мотив освен оној за градење на Неговото царство; во спротивно не би можел да ги добијам.
47 После оваа трета посета, тој повторно се воздигна кон небото како и претходно, а јас повторно бев оставен да размислувам за необичноста на она што пред малку бев го искусил; кога речиси веднаш откако небесниот гласник беше се воздигнал по трет пат, петелот закукурика, и видов дека се разденуваше, па така нашите разговори сигурно траеле целата таа ноќ.
48 Јас набргу потоа станав од креветот, и, како и обично, започнав со неопходните работи во денот; но, обидувајќи се да работам како порано, мојата сила беше толку истрошена што ме направи сосема неспособен. Татко ми, кој работеше заедно со мене, виде дека нешто не е во ред со мене, и ми рече да си одам дома. Тргнав со намера да одам на кај куќата; но, во обид да ја преминам оградата на нивата каде што бевме, силата целосно ме напушти, и паднав беспомошен на земјата и извесно време бев прилично несвесен за било што.
49 Првото нешто на кое можам да се сетам беше еден глас што ми зборува, повикувајќи ме по име. Погледнав нагоре и го здогледав истиот гласник што стоеше над мојата глава, опкружен со светлина како претходно. Тој тогаш повторно ми раскажа сè што беше ми раскажал претходната ноќ, и ми заповеда да одам кај татко ми и да му кажам за визијата и заповедите кои бев ги добил.
50 Послушав; се вратив кај татко ми на нивата и му раскажав за целиот случај. Тој ми одговори дека тоа беше од Бог, и ми рече да одам и да сторам како што е заповедано од гласникот. Ја напуштив нивата, и отидов до местото каде што гласникот беше ми рекол дека плочите беа положени; и поради јаснотијата на визијата што бев ја имал во врска со тоа, го знаев местото во мигот кога пристигнав таму.
51 Блиску до селото Манчестер, округот Онтарио, Њујорк, стои рид со значителна големина, и најиздигнат од било кои во соседството. На западната страна на овој рид, недалеку од врвот, под еден камен со значителна големина, лежеа плочите, положени во камена кутија. Овој камен беше дебел и заоблен по средината на горната страна, а потенок кон рабовите, така што средниот дел му беше видлив над почвата, но работ наоколу беше покриен со земја.
52 Откако ја отстранив земјата, зедов еден лост, што го подметнав под работ на каменот и со малку напор го подигнав. Погледнав внатре, и навистина ги здогледав плочите, Уримот и Тумимот, и градниот оклоп, како што кажа гласникот. Кутијата во која лежеа беше направена од поставени камења заедно со некаков вид на цемент. На дното на кутијата беа положени два камења, напречно од кутијата, а на овие камења лежеа плочите и другите нешта со нив.
53 Се обидов да ги извадам надвор, но ми беше забрането од гласникот, и повторно бев известен дека времето за нивно појавување сѐ уште не беше дошло, ниту би дошло, додека не поминат четири години од тогаш; но ми рече дека треба да дојдам на тоа место точно по една година од тогаш, и дека тој таму ќе се сретне со мене, и дека треба да продолжам да правам така додека не дојде времето за добивање на плочите.
54 Според тоа, како што ми беше заповедано, одев на крајот од секоја година и секој пат го наоѓав истиот гласник таму и добивав упатства и просветлување од него при секој од нашите разговори, во поглед на тоа што Господ ќе го направи, и како и на кој начин Неговото царство треба да биде спроведено во последните денови.
Џозеф Смит се венчава со Ема Хејл—Тој добива златните плочи од Морони и преведува некои од знаците—Мартин Харис ги покажува знаците и преводот на Професор Антон, кој вели, „Јас не можам да читам запечатена книга.“ (Стихови 55–65.)
55 Додека светките околности на мојот отец беа многу ограничени, ние бевме во неопходност да работиме со нашите раце, најмувајќи за дневна работа и друго, додека можевме да добиеме можност. Понекогаш бевме дома, а понекогаш во странство, и преку постојан труд можевме да овозможиме удобна издршка.
56 Во годината 1823 семејството на мојот татко се соочи со голема неволја со смртта на мојот најстар брат, Алвин. Во месец Октомври, 1825, јас најмив еден постар господин со име Хосија Стол, кој живееше во Ченанго округ, Држава Њујорк. Тој беше слушнал нешто за сребрена руда која беше ископана од Шпанците во Хармонија, Саскуехана округ, Држава Пенсилванија; и беше, пред да го најмам него, копал, со цел доколку е можно да ја открие рудата. Откако заминав да живеам со него, ме одведе, со остатокот од неговите раце, да ја копаме сребрената руда, на која јас продолжив да работам речиси еден месец, без успех во нашиот потфат, и конечно јас успеав со стариот господин да престанеме да копаме по неа. Оттука се крена многу успешна приказна за мене дека сум копач на пари.
57 За време додека бев така вработен бев сместен со Г-дин Исак Хејл, на тоа место; таму прв пат ја видов мојата жена (негова ќерка), Ема Хејл. На 18ти Јануари, 1827, ние бевме венчани, додека бев сè уште вработен во служба на Г-дин Стол.
58 Поради мојата постојаност да се утврдува дека јас бев имал визија, прогонување сè уште ме следеше, и семејството на таткото на мојата жена беа против тоа ние да се венчаме. Јас бев, затоа, под неопходност да ја одведам на друго место; па ние заминавме и се венчавме во домот на мировниот судија Тарбил, во Јужен Бенбриџ, Ченанго округ, Њујорк. Веднаш после мојот брак, го напуштив Г-дин Стол и заминав кај мојот татко, и работев на фармата со него таа сезона.
59 Најпосле дојде времето за добивање на плочите, Уримот и Тумимот, и градниот оклоп. На дваесет и вториот ден од Септември илјада осумстотини дваесет и седмата кога отидов како вообичаено на крајот од уште една година до местото каде што беа положени, истиот небесен гласник ми ги предаде со ова задолжение: дека јас треба да бидам одговорен за нив; дека, ако ги оставам безгрижно, односно преку било какво мое запоставување ќе бидам отсечен; но ако ги употребам сите мои настојувања да ги зачувам сè додека тој, гласникот, не ги побара, тие ќе бидат заштитени.
60 Наскоро ја открив причината зошто бев добил толку строги задолженија да ги чувам безбедни, и зошто гласникот беше рекол дека кога ќе бев го сторел тоа што се бараше од мене, тој ќе ги побара. Штом беше познато дека јас ги имав, најтешките напори беа преземени да ми бидат одземени. Секоја итрина што можеше да се измисли беше употребена за таа цел. Прогонувањето стана погорко и потешко отколку порано, а мноштвата беа на готовост постојано да ми ги одземат ако е можно. Но преку мудроста на Бог, тие останаа безбедни во моите раце, додека не бев го исполнил преку нив она што се бараше од мене. Кога, според договорите, гласникот ги побара, му ги предадов; и тој ги има во негово задолжение до овој ден, а тоа е вториот ден од Мај, илјада осумстотини триесет и осма.
61 Возбудата, сепак, сè уште продолжи, и гласина на илјадници јазици беше цело време во служба на кружење на лаги за семејството на мојот татко, и за себеси. Доколку би раскажал илјадити дел од нив, тоа би исполнило томови. Прогонувањето, сепак, стана толку неподносливо колку што јас бев во неопходност да замина од Манчестер, и одејќи со мојата жена во Саскуехана округ во Државата Пенсилванија. Додека се подготвував да започнам—бидејќи бев многу сиромашен, и прогонувањата толку тешки врз нас колку што не постоеше веројатност дека ние некогаш би биле подобри——на среде нашите неволји ние пронајдовме пријател во еден господин по име Мартин Харис, кој дојде кај нас и ми даде педесет долари за да ми помогне во моето патување. Г-дин Харис беше жител на Палмира гратчето, Вејн округ, во Државата Њујорк, и почитуван фармер.
62 Преку оваа временска помош јас можев да го достигнаме местото на мојата дестинација во Пенсилванија; и веднаш после моето доаѓање таму јас започнав да ги копирам знаците на плочите. Јас копирав значаен број од нив, и преку начини на Урим и Тумим јас преведов одредени од нив, кои јас ги сторив помеѓу времето кога пристигнав во куќата на таткото на мојата жена, во месецот Декември, а Февруари кој следеше.
63 Понекогаш во овој месец Февруари, гореспоменатиот Г-дин Мартин Харис дојде во нашето место, ги имаше знаците кои јас ги нацртав на плочите, и тргна со нив во градот Њујорк. За тоа што се случи поврзано со него и знаците, јас посочувам на неговиот сопствен извештај на околности, додека тој ги поврза со мене после неговото враќање, кое беше како што следи:
64 „Јас заминав во градот Њујорк, и ги претставив знаците кои беа преведени, со преведувачот таму, на Професор Чарлс Антон, еден господин прославуван за неговите литературни достигнувања. Професор Антон изјави дека преводот беше точен, повеќе отколку било кој што некогаш беше го превел од Египетски. Јас тогаш му ги покажав оние кои сè уште не беа преведени, и тој кажа дека беа Египетски, Хајдејски, Асириски, и Арапски; и тој кажа дека беа вистински знаци. Тој ми даде еден сертификат, потврдувајќи му на народот на Палмира дека тие беа вистински знаци, и дека таквиот превод на нив како што беа преведени беше точен. Јас го земив сертификатот и го ставив во мојот џеб, и само што го напуштав домот, кога Г-дин Антон ме повикаа назад, и ме прашаа како младиот човек откри дека тоа беа златни плочи во местото каде што ги пронашол. Јас одговорив дека еден Божји ангел беше му открил на него.
65 „Тој после ми кажа на мене, ‘Да го видам тој сертификат.’ Според тоа јас го извадив од мојот џеб и му го дадов на него, кога тој го зема и го искина на парчиња, велејќи дека не постоеше такви нешто како служење на ангели, и дека ако јас му ги донесам плочите на него тој ќе ги преведе. Го информирав дека дел од плочите беа запечатени, и дека ми беше забрането да ги донесам назад. Тој одговори, ‘Јас не можам да читам запечатена книга.’ Јас го оставив него и тргнав кај Д-р. Мичел, кој го санкционираше тоа што Професор Антон беше го кажал во врска и со знаците и со преводот.“
· · · · · · ·
Оливер Каудери служи како писар во преведување на Книгата на Мормон—Џозеф и Оливер ги добиваат Ароновото Свештенство од Јован Крстител—Тие се крстени, ракоположени, и го добиваат духот на пророштвото. (Стихови 66–75.)
66 На 5от ден од Април, 1829, Оливер Каудери дојде во мојата куќа, а до тогаш никогаш не бев го видел. Тој ми изјави дека бидејќи предавал во училиштето во соседството каде што мојот татко постојуваше, а мојот татко како еден од оние кои испратиле повик до училиштето, тој замина да се смести за една сезона во неговиот дом, и додека беше таму семејството му раскажа за околностите мои при добивање на плочите, и според тоа тој беше дошол да ме праша мене.
67 Два дена после доаѓањето на Г-дин Каудери (на 7ми Април) Јас започнав да ја преведувам Книгата на Мормон, а тој започна да пишува за мене.
· · · · · · ·
68 Ние сè уште ја продолжувавме работата за преведување, кога, во следниот месец (Мај, 1829), ние на одредени денови заминавме во шумата да се молиме и да го прашаме Господ во врска со крштавање за опростување на гревови, што го пронајдовме споменато во преводите на плочите. Додека така бевме зафатени, молејќи се и повикувајќи го Господ, еден гласник од небесата се спушти од еден облак од светлина, и беше ги положил неговите раце врз нас, тој не ракоположи нас, велејќи:
69 Врз вас мои граѓани слуги, во името на Месијата јас го доделувам Свештенството на Арон, кое ги држи клучевите на служењето на ангели, и на евангелието на покајание, и на крштавање преку потопување за опростувањето на гревови; и ова никогаш нема да биде повторно одземено од земјата, сè додека синовите на Леви повторно не му принесат еден принос при Господ во праведност.
70 Тој кажа дека ова Ароново Свештенство немаше моќ за ракоположување како дар на Светиот Дух, туку дека ова треба да биде предадено на нас оттука; и тој заповеда на нас, да одиме и да бидеме крстени, и ни даде насоки дека треба да го крштавам Оливер Каудери, и дека отпосле тој треба да ме крсти мене.
71 Според тоа ние заминавме и бевме крстени. Јас најпрвин го крстев него, а после тоа тој ме кртеше мене—по што јас ги положив рацете врз неговата глава и го ракоположив него во Ароновото Свештенство, и после тоа тој ги положи неговите раце врз мене и ме ракоположи на истото свештенство—зашто така ни беше заповедано*
72 Гласникот кој нè посети нас за време на оваа пригода и го предаде ова Свештенство врз нас, кажа дека се вика Јован, истиот што се вика Јован Крстител во Новиот Завет, и дека тој делуваше под насока на Петар, Јаков и Јован, кој ги држеше клучевите од Свештенството на Мелхиседек, кое Свештенство, тој кажа, наскоро ќе ни биде предадено на нас, и дека јас треба да бидам повикан како прв Старешина на Црквата, а тој (Оливер Каудри) како втор. Тоа беше на петнаесетиот ден од Мај, 1829 дека бевме ракоположени под раката на овој гласник, и крстени.
73 Веднаш при нашето излегување од водата откако бевме крстени, ние искусивме големи и величествени благослови од нашиот Небесен Отец. Само што бев го крстил Оливер Каудери, Светиот Дух се спушти врз него, им тој стоеше исправен и пророкуваше многу нешта кои наскоро ќе се случат. И повторно, веднаш штом бев крстен од него, Јас исто така имав дух на пророштво, кога, исправен, јас пророкував во врска со воздигнувањето на оваа Црква, и многу други нешта во врска со Црквата, и ова поколение од децата на човекот. Ние бевме исполнети со Светиот Дух, и се радувавме на Бог во наше спасение.
74 Нашите умови сега беа просветлени, ние започнавме да ги отвораме светите писма за наше сваќање, и вистинско значење и намера за нивните помистериозни пасуси откриени при нас на начин кој никогаш не би го постигнале претходно, ниту претходно би помислиле за тоа. Во меѓувреме ние бевме присилени да одржуваме тајни за околностите да се има примено Свештенство и да се биде крстенм поради духот на прогонството кој веќе беше се прикажал себеси во соседството.
75 Ние бевме по закани дека ќе бидеме нападнати, од време на време, и ова, исто од учители на религија. И нивните намери да нè нападнат беа единствено побивани од влијаните на семејството на таткото на мојата жена (под Божестена промисла), кои станаа многу пријателски со мене, и кои беа против толпи, и сметаа дека треба да ми биде дозволено да продолжам со делото за преведување без прекин; и затоа ни понудија и ветија заштита од сите незаконски постапки, онолку колку што тие можеа.
-
Оливер Каудери ги опишува овие настани така: „Овие беа денови што никогаш не се забораваат—да се седи под звукот на гласот диктиран од инспирација од небесата, ја разбуди најголемата благодарност во овие гради. Ден по ден јас продолжив, непрекинато, да пишувам од неговата уста, додека тој преведуваше со Урим и Тумим, односно како што Нефитите ќе кажеа, ‘Толкувачи,’ историјата односно записот наречен ‘Книгата на Мормон.’
„Да се забележи, со други зборови, интересен запис овозможен од Мормон и неговиот верен син, Морони, односно еден народ своевремено возљубен и уважуван на небесата, ќе го надмине мојот сегашен план; затоа јас ќе го препуштам ова на иден период, и, како што кажав во воведот, ќе преминам подиректно на некои други директно поврзани инциденти со воздигнувањето на Црквата, кои може да се забавни за неколку илјадници кои истапиле напред, насреде мрштењето на празноверните и клеветата на лицемерите, и го прифатија Евангелието на Христос.
„Ниту еден човек, при неговата трезна состојба, може да ги преведе и напише упатствата дадени на Нефитите од устата на Спасителот, на прецизниот начин на кои луѓето треба да ја изградат неговата Црква, и особено кога расипливост беше проширила несигурност врз сите форми и системи практикувани помеѓу народот, без посакување за привилегија на покажување на спремноста на срцето да се биде закопан во течен гроб, да се одговори на ‘добра совест преку воскреснувањето на Исус Христос.’
„После пишувањето на извештајот даден од службата на Спасителот до остатокот од потомството на Јаков, врз овој континент, беше лесно да се биде виден, како што пророкот кажа дека ќе биде, дека темнината ја покри земјата и голема темнина ги покри човечките умови. Набљудувајќи понатаму беше лесно да се виде дека помеѓу големите конфликти и врева во врска со религија, ниту еден немаше власт од Бог да ги послужува обредите на Евангелието. Зашто може да се постави прашањето, дали луѓето имаат власта да послужуваат во името на Христос, кои ги негираат откровенијата, кога Неговото сведоштво не е помало од духот на пророштвото, и Неговата религија базирана, изградена, и поддржана од непосредни откровенија, во сите ери на светот кога Тој имал народ на земјата? Ако овие факти беа закопани, и внимателно скриени од човекот чија вештина би била во опасност ако еднаш се дозволило да сјае во лицата на народот, тие повеќе не ни беа на нас; и ние само ја чекавме заповедта да се даде ‘Станете и бидете крстени.’
„Ова не беше долго посакувано додека не се остваруваше. Господ, кој е богат со милост, и секогаш спремен да одговори на постојаната молитва на понизните, откако ние бевме сме го повикале Него на ревносен начин, настрана од живеалиштата на луѓето, не удостои со прикажување на Неговата волја. Ненадејно, како насреде вечноста, гласот на Искупителот ни говореше на нас, додека превезот беше разделен и ангелот на Бог се симна облечен во слава, и ги достави желно очекуваната порака, и клучевите од Евангелието на покајание. Каква радост! какво чудо! какво зачудување! Додека светот беше растргнат и одвлечен—додека милиони го бараа ѕидот како слепи, и додека сиот народ почиваше врз несигурноста, како јавно тело, нашите очи прогледаа, нашите уши слушнаа, како на ‘дневно светло’; да, повеќе—над сјајот на Мајскиот сончев зрак, кој потоа засвети со својата сјајност врз лицето на природата! Тогаш неговиот глас, иако млак, пробуши до центарот, и неговите зборови, ‘Јас сум твој другар слуга,’ го отфрли секој страв. Ние слушавме, ние гледавме, ние се восхитувавме! Тоа беше гласот на еден ангел од слава, тоа беше порака од Највисокиот! И додека слушавме ние се радувавме, додека Неговата љубов се распалуваше врз нашите души, и бевме заврзани во визијата на Семоќниот! Дали имаше простор за сомнеж? Немаше: несигурноста избега, сомнежот потона за повеќе да не се крене, додека измислиците и измамата беа исчезнале засекогаш!
„Но, драг брате, размисли, понатаму размуслувај за еден момент, каква радост ги исполни нашите срца, и со какво изненадување мора да сме се поклониле, (зашто кој не би се поклонил за таков благослов?) кога ние го добивавме под неговата рака Светото Свештенство како што тој кажа, „Врз вас мои другари слуги, во името на Месијата, Јас го предавам ова Свештенство и оваа власт, која ќе остане на земјата, дека Синовите на Леви може сепак да понудат принос при Господ во праведност!“
„Јас нема да се обидам да ви ги нацртам чувствата на ова срце, ниту величествената убавина и слава која не опкружува во оваа пригода; но вие ќе ми верувате кога ќе велам, дека ниту земја, ниту народ, со елоквентност за време, не можат да започнат да отсликаат јазик на волку интересен и совршен начин како оваа света личност. Не; ниту оваа земјена моќ да се даде радост, да се дарува мирот, или да се разбере мудроста која беше содржана во секоја реченица додека беа избавени преку моќта на Светиот Дух! Човек може да ги измами неговите сограѓани, измама може да следи после измама, и децата на пакосниот може да имаат моќ да ги заведуваат будалестите и неучените, додека ништо освен измислици не ги хранат многуте, и плодот на лажливоста ги носи со својата струја лекомислените во гроб; но еден допир со прстот на Неговата љубов, да, еден зрак на слава од горниот свет, односно еден збор од устата на Спасителот, од градите на вечноста, го погазува сето тоа како незначајно, и го брише засекогаш од умот. Уверувањето дека бевме во присуство на ангел, сигурноста дека го слушнавме гласот на Исус, и вистината неизвалкана додека протекуваше од една чиста личност, диктирана од волјата на Бог, е минат опис на мене, и јас секогаш ќе гледам на овој израз за добрината на Спасителот со чудење и благодарност додека ми е дозволено да престојувам; и во тие замоци каде што совршеноста живее а гревот никогаш не доаѓа, јас се надевам да обожавам во тој ден што никогаш нема да запре.“—Messenger and Advocate, том. 1 (Октомври 1834). стр. 14–16.