2023
Како да се Пронајде Личен Мир
Мај 2023


Месечна Порака на Liahona , мај 2023

Како да се Пронајде Личен Мир

Извадоци

позадина

Денес ќе зборувам за она што го научив за чудото за наоѓање на личен мир, без оглед на нашите околности. …

Научив најмалку 5 вистини од учењата на Спасителот.

Прво, дарот на мирот се дава откако ќе имаме вера да се држиме до Неговите заповеди. …

Второ, Светиот Дух ќе дојде и ќе остане со нас. …

Трето, Спасителот ветува дека додека ги одржуваме нашите завети, можеме да ја чувствуваме љубовта на Отецот и на Синот за секој од нас. …

Четврто, држењето до Господовите заповеди бара повеќе од само послушност. Треба да го сакаме Бога со цело наше срце, сила, ум и душа. …

Петто, јасно е дека Господ нѐ засакал доволно за да ја плати цената за нашите гревови за да можеме—преку нашата вера во Него и нашето покајание, преку можноста сите да воскреснеме—да го имаме дарот за мир што „надминува секакво разбирање“ [Филипјаните 4:7], во овој живот и со Него во вечноста. …

Членовите на Црквата ширум светот го почувствуваа Господовиот дар за личен мир. Тој ги охрабрува сите да им помогнат на другите да имаат можност да дојдат кај Него и да се квалификуваат за истиот тој мир. За возврат, ќе изберат да бараат инспирација за да знаат како да им го пренесат тој дар на другите.

Генерацијата која расте ќе стане воспитувач на генерацијата што следи. Ефектот на мултиплицирање ќе произведе чудо. Ќе се шири и ќе расте со текот на времето, а Господовото царство на земјата ќе биде подготвено и спремно да Го поздрави со извици на осана. Ќе има мир на земјата.