2023
Светиот Дух може да ни Помогне
Јуни 2023


„Светиот Дух Може да ни Помогне“, Liahona, јуни 2023.

Месечна порака во јунскиот број на Liahona за 2023 година.

Светиот Дух може да ни Помогне

маж седи и гледа изгрејсонце

Светиот Дух е третиот член на Божеството. Светите писма се повикуваат на Него како Дух, Светиот Дух или Утешителот. Додека учиме да го слушаме Неговиот глас, То ќе ни сведочи за Исус Христос и ќе ни помогне да ги научиме вистините на евангелието.

Член на Божеството

Небесниот Отец, Исус Христос и Светиот Дух се Божеството. Тие нѐ сакаат и работат заедно за да се исполни планот за спасение. Иако Небесниот Отец и Исус Христос имаат тела од месо и коски, Светиот дух нема. Тој е дух.

слика од витраж на Отец и Синот

Сведоците за Отецот и Синот

Светиот Дух „сведочи за Отецот и Синот“ (2 Нефи 31:18). Ова значи дека ние можеме да добиеме сведоштво за Небесниот Отец и Исус Христос преку Светиот Дух.

Сведоштва за Вистината

Светиот Дух сведочи за сета вистина. Тој ќе ни помогне да знаеме дека евангелието—вклучуваќи го планот за спасение, Божјите заповеди, Обновувањето и Помирувањето на Исус Христос—се вистина. Тој ќе ги зајакне нашите сведоштва додека продолжуваме да се молиме, да се држиме до заповедите и да го проучуваме евангелието.

рака која држи компас

Нѐ Води и нѐ штити

Светиот Дух може да нѐ води во нашите одлуки и да нѐ заштити од физички и духовни опасности. Тој ќе ни помогне да најдеме одговори на нашите прашања додека се молиме и се трудиме да го правиме она што е исправно. Тој секогаш ќе нѐ води „да правиме добрина“ (Учење и Завети 11:12).

Нѐ Теши

Светиот Дух понекогаш се нарекува „Утешител“ (Јован 14:26). Тој може да нѐ исполни „со надеж и совршена љубов“ (Морони 8:26) кога сме загрижени, тажни или исплашени. Кога Тој ни помага да ја почувствуваме Божата љубов, ние можеме да го надминеме обехрабрувањето, и да се зајакнеме во нашите искушенија.

Дарот на Светиот Дух

Откако ќе не крстат, го примаме дарот на Светиот Дух во обред наречен потврдување. Откако ќе го добиеме овој дар, можеме да имаме постојана придружба на Светиот Дух сѐ додека живееме праведно.

двојка чита свети писма

Илустрација на Ј. Кирк Ричардс

Како го слушам Светиот Дух

Светиот Дух комуницира со луѓето на различни начини. Ова може да вклучува мирни, утешителни чувства или согледувања во врска со тоа што да се каже или да се направи. Кога се молиме за водство и ги слушаме Неговите поттикнувања, учиме како Тој ни зборува.