2023
Како Пораките од Генералната Конференција Го Благословија Мојот Живот
Октомври 2023


Порака од Лидерство на Област

Како Пораките од Генералната Конференција Го Благословија Мојот Живот

Со објавување на ова издание на Лиахона, со нетрпение очекуваме уште една Генерална Конференција. Учења и Завети ни дава урнек за нашите средби.

кога ќе се собирате заедно за да се подучувате и поттикнувате дни со други, за да знаете како да постапувате и да ја водите мојата црква, …. и ќе се обврзете да дејствувате во сета светост пред мене.1

Мора да ни биде i. наложено, ii. просветлено, и iii. да се обврземе да дејствуваме според она што го слушаме.

Пред неколку години разговарав со еден пријател кој присуствуваше на црковна средба претходно истиот ден и прашав како беше. Одоговорот беше негативен; очигледно говорите беа просечни а средбата воопшто не беше просветлувачка. Подоцна тој ден зборував со уште еден пријател кој присуствуваше на истата средба и му го поставив истото прашање ‘Беше прекрасно’ беше одговорот.

Често размислував за доживувањата на овие двајца пријатели. И двајцата присуствуваа на истиот состанок и ги слушнаа истите говори, но едниот замина духовно гладен а другиот целосно нахранет. Можно е да темата на говорите едноставно повеќе го исполнува мојот втор пријател. Сепак, можам да препоставам дека беше многу повеќе од тоа. Мојот втор пријател замина духовно поподготвен да слуша со отворено срце и со желба да постапи според слушнатото.

Секако, оние задолжени да зборуваат или да подучуваат треба посветено да бараат воство од духот поврзано со темата, содржината и презентацијата на нивната поука. Мој впечаток сепак е дека оние што присуствуваат имаат приближно еднаква одговорност да се подготват духовно за да можат да се просветлат и да имаат волја да дејствуваат според она што го слушаат.

Кога ја читам Книгата на Мормон, чувствувам голема моќ во зборовите на Нефи, на Цар Бенџамин, на Алма, Мосија и другите. На Генералната Конференција, истата таа моќ е присутна кај нашиот пророк, Претседателот Нелсон и другите генерални службеници на црквата.

Земете во предвид само неколку поуки од Генералната Конференција во последниве години:

„Но, почитувани мои браќа и сестри, толку многу прекрасни работи нѐ очекуваат. Во деновите што доаѓаат, ќе ги видиме најголемите манифестации на Спасителовата моќ што светот некогаш ги видел. Помеѓу сега и времето кога Тој ќе се врати „со сила и голема слава“ Тој ќе дарува безброј привилегии и чуда на верниците.“2

Учам дека Небесниот Отец е позаинтересиран за мојот раст како следбеник на Исус Христос отколку за мојата утеха. Можеби не сакам секогаш да биде така—но тоа е!

Живот во погодност не носи моќ. Моќта што ни е потребна за да ја издржиме топлината на денот е Господовата моќ, и Неговата моќ тече преку Нашите завети со Него.“3

„Ништо не ги отвора небесата како што го прави тоа комбинацијата на зголемена чистота, изискувањето понизност, искреното барање, секојдневното насладување со Исусовите зборови во Книгата на Мормон, и редовно време посветено на работа во храмот и на семејната историја.“4

„Спасителот сака да го обнови она што вие не можете да го вратите; Тој сака да ги лекува раните што вие не можете да ги залечите; Тој сака да го поправи она што е неповратно скршено; Тој ја надоместува секоја направда што ти е направена; и Тој сака трајно да ги поправа дури и скршените срца.“5

Колку прекрасна поука, просветлување и повици за дејствување од овие и стотици други инспиративни говори. Додека учествуваме на генералната Конференција, лично или преку директен пренос, или додека ги читаме и гледаме говорите потоа, го поканувам секој од вас духовно да се подготви за да биде просветлен и да има волја да дејствува според она што го слушнал. Исто како што цар Бенџамин се советувал со луѓето во свое време, така и денешните водачи ќе нѐ водат низ овие несигурни и бурни времиња, градејќи ја нашата вера во Исус Христос и поканувајќи нѐ да правиме избори што ќе нѐ одржуваат безбедно на заветениот пат.

Белешки

  1. Учења и Завети 43:8-9.

  2. Претседател Расел М. Нелсон ‘Надминете го Светот и Најдете Мир,’ октомври 2022.

  3. Види M. Russell Ballard, ‘Like a Flame Unquenchable,’ April 1999, цитиран во Michelle D. Craig, ‘Wholeharted,’ October 2022.

  4. President Russell M. Nelson ‘Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,’ April 2018.

  5. Elder Dale G. Renlund: ‘Consider the Goodness and Greatness of God,’ April 2020.