Виш мисионерска служба
Она што Треба да Знаете за Служење Сениорска Мисија
Изберете служење сениорска мисија или осмислете сопствена служба за мисија
Во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни, ние веруваме веруваме во пружање на служба. Како постари мисионери, може да изберете да служите каде било во светот, но многу мисионери ќе служат додека живеат дома. Во некои ситуации, може да биде поефективно да служите во вашата матична земја или област.
Повеќе од 27,000 постари мисионери на служба од Црквата помагаат во Црковните Комуникации, мисионерските канцеларии, центрите за дистрибуција, центрите и библиотеките на СемејноПребарување, програмите за самостојност, Патвеј БЈУ ширум светот, центрите а вработување и многу други места. Би можеле да имате и прилагодена мисија базирана на вашите специфични вештини и интереси.
Црквата лансира нов глобален систем за управување со Постари Мисионери за да им помогне на истите да пронајдат или создадат можности за мисија за служба. Под водство на Старешина Роберт Гејл aи Сестра Лесли Гејл, се повикуваат координатори на Област ширум светот да ви помогнат да дознаете која мисија најмногу ви одговара.
Доколку служите во странство како полновремени мисионери, постојат многу можности и потреби. Доколку се соочувате со здравствени проблеми, семејни потреби, или други грижи, служба за време на мисија може да биде вистинскиот пат за вас. Ако нудите посебни вештини, најдобрата опција може да биде да поработите со вашиот координатор на област за да осмислите мисија според вашите потреби.
Мисионерите на служба служат од шест месеци до две години по осум до 40 часа неделно. Мисионерите може да се венчани или самци. Тие може да возат неколку милји до нивната локација за служење или да седат пред нивниот персонален компјутер за да ги завршат своите задачи.
Откако ја отслужиле својата полновремена мисија, Старешина Петар Коп и Сестра Беатрис Коп работеле како мисионери на служба во Службата за благосостојба и самостојност во близина на нивниот дом во Швајцарија. За тоа време, тие се здобија со цврсто сведоштво за иницијативата за самостојност на Црквата. Тие рекоа за својата служба, „Бидејќи ги познававме речиси сите водачи на кол со кои бевме повикани да соработуваме, имавме лесен пристап до сите нив. Тие имаа слух за нашите потреби и го почувствуваа нашиот ентузијазам за овој дел од работата.“
Како квалификуван советник-терапевт, Старешина Роберт Дуркин имаше прилагодена мисија. Тој беше повикан како Координатор за Пред-Мисиска проценка. Старешина Дуркин, исто така, ги координираше сите координатори на програмите за закрепнување од зависности во Европските Области каде што се користи оваа програма. Ги обучи координаторите и се погрижи записите да бидат ажурирани.
Тој и неговата сопруга служеа полновремена мисија во ЦОМ(Центар за Обука на Мисионери) во Черли, каде што имаше повик во претседателството на ЦОМ. По нејзината смрт, одлучи да служи уште една мисија. Сакаше да служи и живее во Германија, па затоа реши да се пресели од Обединетото Кралство во Франкфурт, каде би ги плаќал сопствените трошоци како мисионер на служба наместо да плаќа месечни мисионерски такси. Поради КОВИД, тој остана во ОК и ја заврши својата мисија од неговиот дом. Вели дека беше во можност да изврши сѐ што беше потребно додека живееше дома. Ги охрабрува и другите да служат мисија. Старешина Дуркин вели, „Не ја пропуштајте можноста. Мисијата е одлична можност да се зближите со Господ.“
Ако имате искуство во локалната политика, би можеле да служите мисија стапувајќи во контакт со клучните лидери на јавното мислење за да и помогнете на Црквата да изгради односи во заедницата. Ако сакате да пишувате, може да служите пишувајќи мисионерски натписи, објавувајќи ги во медиумите во вашата локална област и на социјалните мрежи. Ако сте активни во заедницата за служење, би можеле да помогнете да се развијат можностите за програмата JustServe за објавување на веб-страницата во вашата област. Би можеле дури и да предавате Патвеј БЈУ ширум светот во Африка додека живеете во вашиот дом во Европа.
Посетете го новиот портал Мисионери на служба на црковната веб-страница под „Служи“, „Волонтирај и Служи“, „Постари Мисионери на Служба“ а потоа изберете „Можности за Пребарување“ или кликнете на оваа врска сениорскимисиизаслужба за да ги разгледате можностите за служење мисија на служба. Можете и да разговарате со вашиот претседател на кол или мисија за тоа како би можеле да служите. Кога ќе се повикаат новите Обласни координатори, можете да им кажете за можностите и тие ќе ви помогнат да одлучите каква мисија да изберете или да ви асистираат во осмислување на своја мисија.