2023
Рамислувајте Селестијално!
Ноември 2023


Месечна Порака на Лијахона , ноември 2023

Рамислувајте Селестијално!

Вашиот избор ќе одреди каде ќе живеете низ вечноста, со каков вид на тело ќе воскреснете, и со кого ќе живеете засекогаш.

Мои почитувани браќа и сестри, длабоко сум благодарен што можам да ви говорам денес. На моја возраст секој нов ден носи прекрасни и застрашувачки изненадувања. Пред три недели, си ги повредив грбните мускули. Така, иако одржавнад 100 говори на генералната конференција стоејќи, денес мислев дека ќе го направ тоа седејќи. Се молам за Духот да ја пренесе мојата порака во вашите срца денес.

Неодамна го прославив мојот 99-ти роденден и така започна мојата 100 година од животот. Често ме прашуваат која е тајната за толку долго живеење. Подобро прашање би било „Што научив за речиси еден век живеење?“

Времето денес не ми дозволува да дадам целосен одговор на ова прашање, но јас можам да ја споделам една од најважните лекции што сум ја научил.

Научив дека планот на Небесниот Отец за нас е возвишен, дека она што го правиме во овој живот навистина е важно, и дека Помирувањето на Спасителот го прави планот на нашиот Отец возможен.1

Додека се борев со огромната болка што ја чувствував предизвикана од мојата неодамнешна повреда, почувствував уште подлабока почит за Исус Христос и несватливиот дар на Неговото помирување. Размислете за тоа! Спасителот претрпел „болки и страдања од секаков вид“2 за да може да нė утеши, исцели и спаси во време на потреба.3 Исус Христос го опишал Неговото искуство во Гетсиманија и на Голгота: „Чие страдање ме натера мене, самиот Бог, најголемиот од сите, да треперам од болка и да крварам од секоја пора“.4 Мојата повреда ме наведе да се навраќам повторно и повторно на „величината на Светиот од Израел“.5 За време на моето закрепнување, Господ ја манифестираше Својата божествена моќ на мирољубиви и јасни начини.

Слика
Part of a worldwide series of photographs taken in connection with General Conference. September 30 - October 1, 2023. Pictures were taken in Peru.

Перу

Поради бесконечното искупување на Исус Христос, планот на нашиот Небесен Отец е совршен! Разбирањето на Божјиот возвишен план ја отстранува мизеријата од животот и неизвесната иднина. Му дозволува на секој од нас да избира како ќе живееме овде на земјата и каде ќе живееме засекогаш. Неоснованата претстава дека треба да „јадете, пијте и бидете весели, зашто утре ќе умреме; и ќе ни биде добро“6 е една од најапсурдните лаги во универзумот.

Еве ја одличната вест за Божјиот план; самите работи што ќе го направат вашиот живот во смртноста најдобар што може да биде, се истите тие работи што ќе го направат вашиот живот низ цела вечност најдобриот што може да биде! Денес, за да ви помогнам да се квалификувате за богатите благослови што Небесниот Отец ги има за вас, ве поканувам да ја усвоите практиката на „селестијално размислување“!7 Да се размислува селестијално значи да се биде исполнет со свети желби и цели. Учиме од пророкот Јаков од Книгата на Мормон дека „да се биде духовно настроен е вечен живот“.8

Слика
Part of a worldwide series of photographs taken in connection with General Conference. September 30 - October 1, 2023. Pictures were taken in Utah.

Соединети Држави

Смртноста е мастер клас во учењето како да се изберат работите од најголема вечна важност. Премногу луѓе живеат како овој живот да е сė што постои. Меѓутоа, вашите избори денес ќе одредат три нешта: каде ќе живеете низ вечноста, со каков вид на тело ќе воскреснете, и со кого ќе живеете засекогаш. Затоа размислувајте селестијално.

Во мојата прва порака како Претседател на Црквата, ве охрабрувам да започнете имајќи го крајот на ум. Ова значи да се постави селестијалното царство ваша вечна цел, а потоа внимателно да се размисли каде секоја ваша одлука овде на земјата ќе ве смести во следниот свет.9

Господ јасно поучил дека само мажите и жените кои се запечатени како сопруг и сопруга во храмот, и кои се држат до дадените завети, ќе бидат заедно во вечноста. Тој вели, „Сите завети, договори, врски, обврски, заклетви, клетви, изведби, врски, асоцијации, или очекувања, кои не се направени, склучени или запечатени од Светиот Дух на ветувањето … завршуваат кога луѓето ќе умрат“.10,

На тој начин, доколку неразумно избереме да живееме според телестијалните закони сега, избираме да бидеме воскреснати со телестијално тело. Избираме да не живееме со нашите семејства засекогаш.

Затоа, почитувани мои браќа и сестри, како , каде и со кого вие сакате да живеете засекогаш? Изберете сами.11

Кога правите избори, ве поканувам да анализирате долгорочно–да стекнете вечен поглед на нештата. Поставете го Исус Христос на прво место, зашто вашиот вечен живот зависи од вашата вера во Него и Неговото Помирување.12 Тој зависи и од вашата покорност кон Неговите закони. Покорноста го трасира патот за вашиот радосен живот денес и голема вечна награда за иднината.

Кога сте соочени со дилема, размислувајте селестијално! Кога ќе бидете истестирани од искушение, размислувајте селестијално! Кога животот или саканите ве изневерат, размислувајте селестијално! Кога некој предвреме почине, размислувајте селестијално. Кога некој долго боледува од разорна болест, размислувајте селестијално. Кога животните притисоци ве обземаат, размислувајте селестијално! Кога се опоравувате од несреќа или повреда, како што го правам тоа јас сега, размислувајте селестијално!

Додека се фокусирате на селестијално размислување, очекувајте да наидете на противење.13 Пред неколку децении, еден професионален колега ме критикуваше поради тоа што има „премногу храм“ во мене, а неколку претпоставени ме казнија поради мојата вера. Убеден сум, сепак, дека селестијалното рамислување ја унапреди мојата кариера.

Кога размислувате селетсијално, вашето срце постепено ќе се менува. Ќе сакате да се молите почесто и поискрено. Ве замолувам вашите молитви да не звучат како список за купување. Господовото гледиште на нештата ја надминува нашата смртна мудрост. Неговиот одговор на вашите молитви може да ве изненади и да ви помогне да размислувате селестијално!

Размислете за господовиот одговор до Џозеф Смит кога тој молел за ослободување во Затворот Либерти. Господ го поучил Пророкот дека поради неговиот нехуман третман ќе стекне искуство и ќе биде за негово добро.14 „Ако истраеш добро“, вети Господ, „Бог ќе те воздигне на високо.“15 Господ го поучи Џозеф да размислува селестијално и да замислува вечна награда наместо да се фокусира на неподносливите тешкотии од денот. Нашите молитви можат да бидат–и треба да бидат–животни разговори со нашиот Небесен Отец.

Кога размислувате селестијално, ќе се најдете како избегнувате сė што ви ја одзема слободата на избор. Било каква зависност–дали тоа е играње, коцкање, создавање долгови, дрога, алкохол, лутина, порнографија, сексуална или дури и зависност од храна–го навредува Бога. Зошто? Зашто вашата опсесија станува ваш бог. Вие барате утеха во неа наместо во Него . Ако се борите со зависност, побарајте ја духовната и професионална помош што ви е потребна. Ве молам, не дозволувајте опсесија да ја одземе слободата да се следи Божјиот возвишен план.

Селестијалното размислување исто така ќе ви помогне да се покорите на законот за чедност. Малку работи ќе ви го искомпликуваат вашиот живот побрзо од прекршувањето на овој божествен закон. За оние кои склучиле завети со Бога, неморалот е еден од најбрзите начини да се изгуби вашето сведоштво.

Многу од најнемилосрдните искушенија на непријателот вклучуваат прекршување на моралната чистота. Моќта да се создаде живот е единствената привилегија на божеството што Небесниот Отец им ја дозволува на Неговите смртни чеда да ја практикуваат. На тој начин, Бог постави јасни упатства за користење на оваа животна, божествена сила. Физичката интимност е само за маж и жена кои се меѓусебно венчани.

Голем дел од светот не верува во ова, но јавното мислење не е арбитер на вистината. Господ изјави дека ниту еден бесчеден човек нема да стигне до селестијалното царство. Затоа кога носите одлуки во врска со моралноста, ве молам размислувајте селестијално. А доколку сте биле бесчедни, ве молам да се покаете. Дојдете при Христа и добијте го Неговото ветување за целосно простување со целосно покајание за вашите гревови.16.

Слика
Three young children sit together and watch a session of conference together. Part of a worldwide series of photographs taken in connection with General Conference. September 30 - October 1, 2023. Pictures were taken in Denmark.

Данска

Кога размислувате селестијално, ќе гледате на вашите искушенија и противења со ново светло. Кога некој ваш сакан ја нападне вистината, размислувајте селестијално и не го доведувајте во прашање вашето сведоштво. Апостолот Павле прорекол дека „во подоцнежните времиња некои ќе ја напуштат верата, обрнувајќи внимание на заведувачките духови и учењата на демоните“.17

Не постои крај на измамите на противникот. Ве молам бидете подготвени. Никогаш не прифаќајте совет од оние на кои не им верувате. Барајте водство од гласовите на кои може да им верувате–од пророци, јасновидци, откровители и од шепотењата на Светиот Дух, „кој ќе ви ги покаже сите работи што треба да ги направите“.18 Ве молам вршете духовна работа за да го зголемите капацитетот за добивање лично откровение.19

Кога размислувате селетсијално, вашата вера ќе се зголемува. Кога бев младиот практикант, моите приходи беа 15$ месечно. Една ноќ, мојата сопруга Дензел ме праша дали плаќам десеток од таа скудна стипендија. Не плаќав Брзо се покајав и започнав да плаќам дополнителни 1,50 долари месечен десеток.

Дали Црквата беше нешто поразлична поради нашиот зголемен десеток? Секако не. Сепак, фактот што станав целосен плаќач на десеток мепромени. Тогаш научив дека плаќањето десеток е најмногу повзано со верата, а не со парите. Кога станав целосен плаќач на десеток, отворите небесни почнаа да се отвораат за мене. Неколку последователни професионални можности му ги припишувам на нашето целосно плаќање на десеток.20

Плаќањето десеток бара вера, и тоа исто така гради вера во Бога и Неговиот Возљубен Син.

Да се избере да се живее доблесен живот во сексуалниот политизиран свет гради вера.

Да се поминува повеќе време во храмот гради вера. И вашата служба и восхитување во храмот ќе ви помогнат да размислувате селестијално. Храмот е место за откровение. Таму ви се прикажува како да напредувате кон селестијален живот. Таму се приближувате до Спасителот и ви се дава поголем пристап до Неговата моќ. Таму сте водени при решавањето на проблемите во вашиот живот, па дури и оние најсрамните.

Храмските обреди и завети имаат вечно значење. Продолжуваме да градиме повеќе храмови за да овозможиме овие свети можности да станат реалност во сечиј живот. Благодарни сме што ги најавуваме нашите планови за изградба на храм во секоја од следните 20 локации:

  • Саваи, Самоа

  • Канкун, Мексико

  • Пиура, Перу

  • Хујанкао, Перу

  • Виња дел Мар, Чиле

  • Гојанија, Бразил

  • Жоао Песоа, Бразил

  • Калабар, Нигерија

  • Кејп Кост, Гана

  • Луанда, Ангола

  • Мбуџи-Маји, Демократска Република Конго

  • Лаоаг, Филипини

  • Осака, Јапонија

  • Кахули Мауи, Хаваи

  • Фербенкс, Алјаска

  • Ванкувер, Вашингтон

  • Колорадо Спрингс, Колорадо

  • Тулса, Оклахома

  • Роанок, Вирџинија

  • Улан-Батор, Монголија

Господ нѐ насочува да ги градиме овие храмови за да ни помогне да размислуваме селестијално! Бог живее. Исус е Христос. Неговата Црква е обновена за да ги благослови сите Божји чеда. Јас така сведочам во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Јован 6:38.

  2. Алма 7:11.

  3. Види Алма 7:12.

  4. Учењата и Заветите 19:18.

  5. 2 Нефи 9:40.

  6. 2 Нефи 28:7.

  7. Можеби е полесно човек да се покае и духовно да напредува овде, додека нашиот дух е соединет со нашето тело, отколу во идниот свет помеѓу времето на нашата смрт и нашето воскресение. Како што Амулек го поучува отпаднатиот Зорамит, „Ова е времето … за подготовка за средба со Бога“ (види Алма 34:32–35).

  8. 2 Нефи 9:39.

  9. Види Мосија 4:30, каде Царот Бенџамин го предупредува својот народ, „ако не внимавате на вас, на вашите мисли, зборови, дела, и не ги одржувате Божјите заповеди, и не истраетево верата … , мора да се покаете“.

  10. Учењата и Заветите 132:7; додаден акцент.

  11. Секако, вашата слобода на избор не може да ја надмине туѓата слобода на избор и придружните последици. Очајно посакував да бидам запечатен со моите родители. Сепак, морав да почекам сѐ додека тие не избраа да бидат обдарени, кога навршија повеќе од 80 години. Тогаш беа запечатени како маж и жена, а ние децата бевме запечатени со нив.

  12. Светите писма постојано сведочат дека дарот за вечен живот е единствено можен преку заслугите, милоста и благодатта на Спасителот Исус Христос (види, на пример, Морони 7:41; види и 2 Нефи 2:6–8, 27).

  13. Види 2 Нефи 2:11.

  14. Види Учењата и Заветите 122:7.

  15. Учењата и Заветите 121:8.

  16. Види Исаија 1:16–18; Учењата и заветите 58:42–43.

  17. 1 Тимотеј 4:1./////слушајки измамнички духови, и злодуховски учења Следниот стих продолжува „лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест“ (стих 2). Павле исто така изјавува дека сите што „сакаат да живеат побожно во Исус Христос ќе бидат гонети“ (2 Тимотеј 3:12).

  18. 2 Нефи 32:5; додаден акцент. Ако прашаме, можеме „да добиеме откровение врз откровение, знаење врз знаење“ (Учењата и заветите 42:61).

  19. Види Russell M. Nelson, “Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,” Liahona, May 2018, 96.

  20. Ова не треба да имплицира на причинско-последичен однос. Некои кои никогаш не плаќаат десеток добиваат професионални можности, додека други кои плаќаат не. Ветувањето е дека отворите небесни ќе бидат отворени за плаќачите на десеток. Природата на благословите ќе се разликува.

Печати