2023
Нашиот Постојан Придружник
Ноември 2023


Месечна Порака на Лијахона , ноември 2023

Наш Постојан Придружник

Извадоци

Слика
алт текст

Нам ни е потребна, а и вам, постојаната придружба на Светиот Дух. Сега, ние ја посакуваме, но од искство знаеме дека тоа не е лесно да се постигне. Секој од нас размислува, кажува, и прави работи во секојдневниот живот што може да го навредат Духот.

Кога тоа се случува, како што ќе се случи, може да почувствуваме неодобрување од Господ. И можеби ќе бидеме во искушение да се чувствуваме дека сме сами. …

Ако имате потешкотии да го почувствувате Светиот Дух, може да се запрашате дали има нешто поради кое би можеле да се покаете или да добиете прошка. Можете да се молите со вера за да знаете што да направите за да се исчистите и на тој начин со поголема веројатност да се квалификувате за постојана придружба на Светиот Дух.

Ако сакате да добиете придружба од Светиот Дух, мора да го сакате тоа од вистински причини. Вашите цели мора да бидат Господовите. Доколку вашите мотиви се премногу себични, ќе ви биде тешко да ги примите и почувствувате поттиквувања од Духот.

Клучот за мене и за вас е да го сакаме она што Спасителот го сака. Нашите мотиви треба да бидат водени од чиста љубов кон Исус. …

… Светиот Дух им е испратен на верниците, заветените членови на Црквата на Исус Христос. Сега, вашите искуства ќе бидат единствени, а Духот ќе ве води на начин што најмногу одговара на вашата вера и способност да добивате откровение за вас и за оние кои ги сакате и им служите. Се молам со целото мое срце вашата самодоверба да расте.

Печати