„Трајната радост на живеењето според евангелието“, Liahona, Февруари 2024.
Месечна Порака на Liahona , Февруари 2024
Трајната радост на Живеење според евангелието
Трајната радост доаѓа со истрајување во евангелието на Исус Христос и преку помагање на другите да го сторат истото.
Концизен израз на целта на нашиот живот се наоѓа во пророчките учења на Лехи за почетокот на човековиот живот на земјата. Во Рајската градина, Адам и Ева живееле во состојба на невиност. Да останеа во таа состојба, „ќе немаа радост, зашто не знаеја за беда; не правеа добрини, зашто не знаеја што е грев“ (2 Нефи 2:23). На тој начин, како што објаснува Лехи, „Адам отпаднал за да постојат луѓе; а луѓето се, за да имаат радост” (2 Нефи 2:25; види и Мојсеј 5:10–11).
Како што растеме во отпаднат свет, учиме да разликуваме добро и зло преку она што нѐ учат и она што го доживуваме. Ние „го вкусуваме горкото, за да знаеме да [го] цениме доброто” (Мојсеј 6:55). Радоста доаѓа кога го отфрламе горкото и сѐ повеќе и повеќе го цениме и се држиме за доброто.
Пронаоѓање Радост
Поради Неговата совршена љубов за нас, нашиот Небесен Отец е нестрплив да ја сподели Неговата совршена љубов со нас, сега и во вечноста. Ова беше Неговата мотивација во сѐ од почетокот, вклучувајќи го и Неговиот славен план за среќа и жртвата на Неговиот Единороден Син за да нѐ искупи.
Бог не само што се обидува да ни наметне радост или среќа, туку и нѐ поучува како да ја најдеме. Тој исто така ни кажува каде не може да се најде среќа—злобата никогаш [не е и] не била среќа” (Алма 41:10). Според Неговите заповеди нашиот Небесен Отец ни го открива патот до радоста.
Претседателот Расел М. Нелсон се изрази на овој начин:
„Еве ја големата вистина: додека светот инсистира дека моќта, поседувањата, популарноста и телесните задоволства носат среќа, Неговите заповеди тврдат дека не е така! Тие не би можеле да донесат среќа! Она што тие го предизвикуваат не е ништо друго освен шуплива замена за „благословената и среќна состојба на оние [кои] се држат до Божјите заповеди’ [Мосија 2:41].
„Вистина е дека е многу поисцрпувачки е да се бара среќа онаму каде што никогаш не се наоѓа! Меѓутоа, ако му се посветите на Христос и извршувате духовна работа потребна за да го победите светот, Тој, и само Тој, има моќ да ве издигне над привлечноста на овој свет.”1
Така, трајната радост се наоѓа во држење до Божјите заповеди, а Божјите заповеди се наоѓаат во евангелието на Исус. Но на нас е да избереме. Но ако поради наша слабост извесно време не успеваме да ги одржиме заповедите, сѐ уште имаме шанса да го отфрлиме горчливото, и да стремиме кон доброто. Божјата љубов не го оправдува гревот–тогаш милоста би ја ограбила правдата–туку со Неговото Помирување, Исус нуди искупување од грев:
„Амулек … вели … Господ сигурно треба да дојде да го искупи својот народ, но да не дојде да го искупи во неговиот грев, туку да го искупи од неговиот грев.
„И тој има моќ дадена од Отецот да ги искупи од нивните гревови поради покајание; затоа ги испрати своите ангели да ја објават веста за условите на покајание, кои водат до моќта на Искупителот, за спасение на нивните души“ (Хеламан 5:10–11; додаден акцент).
Исус рекол:
„Ако ги запазите моите заповеди, ќе останете во љубовта моја; како што јас ги запазив заповедите на мојот Отец, и останувам во љубовта Негова.“
„Ова ви го реков за да остане љубовта моја во вас и радоста ваша да биде полна“ (Јован 15:10–11).
Ова е она што Лехи го почувствува во Неговиот сон кога го вкусил плодот од дрвото на животот–што ја претставува љубовта Божја. Тој вели, „Кога го вкусив плодот од тоа дрво тоа ја исполни мојата душа со неверојатно голема радост” (1 Нефи 8:12; види и 11:21–23).
Лехи, исто така ни откри уште еден начин на кој можеме да внесеме радост во нашите животи кога рече, „Поради тоа, посакав и моето смејство да вкуси од [плодот]” (1 Нефи 8:12).
Помагајќи им на Другите да Пронајдат Радост
Како и Цар Бенџаминовот народ, „нѐ исполнува радост“ кога добиваме простување за нашите гревови и доживуваме „мирна свест“ (Мосија 4:3). Повторно ја чувствуваме кога гледаме нанадвор и се трудиме и им помагаме на семејството и другите да ја постигнат истата радост и мир.
Како млад човек, Алма бара среќа во сѐ што е спротивно на евангелието на Исус Христос. Откако бил укорен од ангел, преку покајание „приближно до смрт“ и Спасителовата обилна благодат, тој поминал долг пат од „горчливото“ до „добрината“. (Мосија 27:28) . Години подоцна, Алма во занес му изјавува на својот син Хеламан:
„И ох, каква радост и каква прекрасна светлина видов; да,мојата душа беше исполнета со радост толкава колку мојата болка! …
„Да, и оттогаш па сѐ досега, се трудев непрекинато, да можам да ги доведам душите на покајание; за да ја вкусат таа силна радост што ја вкусив. …
„Да, и сега ете, О сине мој, Господ ми дава огромна радост во плодот на мојот труд:
„Зашто поради словото [евангелието на Исус Христос] што ми го предаде, ете, мнозина се родени од Бога и го вкусија она што јас го вкусив” (Алма 36:20, 24–26).
Во друга прилика, Алма сведочеше:
„Ова е мојата слава“, вели тој, „што можам да бидам орудие во рацете на Бога да доведам некоја душа на покајание; и тоа е мојата радост.
„И ете, кога гледам како многу од моите браќа навистина се каат и доаѓаат кај Господ нивниот Бог, тогаш мојата душа е исполента со радост” (Алма 29:9–10).
Алма продолжи да ја објавува огромната радост што ја почувствував кога другите успеаја да донесат души кај Христос:
„Но не само што се радувам поради сопствениот успех, туку и мојата радост е потполна поради успехот на моите браќа [синовите на Мосија], кои беа во земјата на Нефи.
„Ете, се трудеа тие премногу, и тоа вроди многу плодови; И колку голема ќе биде нивнтата награда!
„Сега, кога размислувам за успехот на овие мои браќа, душата моја се занесува, и дури до одвојување од телото, така да се каже, толку голема е мојата радост“ (Алма 29:14–16).
Можеме да ја најдеме истата радост кога ги сакаме другите со „чистата Христова љубов“ (Морони 7:47; види и стих 48), да ја споделиме обновената вистина со Нив, и да ги поканиме да се соберат со заветенииот народ.
Радост среде неволја
Не треба да се плашиме дека искушенијата и предизвиците што ги среќаваме во смртноста ќе ја спречат или уништат нашата радост. Алма беше еден од оние чија несебична служба го чинеше многу. Тој беше затворен, изложен подолг период на глад и жед, тепан, изложен на смртни закани, постојано исмеван и отфрлан. И сепак, сето тоа беше „проголтано во Христовата радост“ (Алма 31:38). Можеби страдањето на Алма ја направи радоста на следбеникот дури и поголема.
Претседателот Нелсон нѐ потсетува дека радоста играла важна улога во страдањето на Спасителот—„за радоста што беше поставена пред него [Тој] поднесе крстот” (Евреите 12:2).
„Помислете на тоа! Со цел да Го издржи највозбудливото искуство досега издржано на земјата, нашиот Спасител се фокусира на радоста!
„И каква беше радоста што беше поставена пред Него? Секако дека ја вклучува радоста на нашето прочистување, исцелување и зајакнување; радоста која ни овозможи мене и вам да се вратиме дома–чисти и достојни–за живот со нашите Небесни Родители и семејствата.
„Ако се фокусираме на радоста што доаѓа до нас, или до оние кои ги сакаме, дали она што можеме да го издржиме сега изгледа огромно, болно, страшно, неправедно или едноставно невозможно?”2
Трајната радост доаѓа со истрајување во евангелието на Исус Христос и преку помагање на другите да го сторат истото. Трајната радост доаѓа кога остануваме во Божјата љубов, покорувајќи се на Неговите заповеди и примајќи ја Спасителовата благодат. На патот на евангелието, има радост во патувањето и радост на крајот. Евангелието на Исус Христос е патот до секојдневна радост.
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Translation approval: 6/23. Превод на Monthly Liahona Message, February 2024. Language. 19276 158