Порака од Обласното Раководство
Напуштете ја секојдневната култура на живеење за да го најдете „Христовиот ум“
И покрај деновите на чуда и скроени учења, Исус открил дека Неговите ученици се препираат. Непосредно пред тоа Петар, Јаков и Јован ја прифаќаат поканата на Исус да му се придружат на високата гора каде што ги гледаат Мојсеј и Илија заедно, додека Исус се преобразува пред нив. Исус и овие избрани ученици слегуваат од планината во хаос, откривајќи дека другите ученици не се во можност да ја прифатат молбата на еден вознемирен татко и да го исцелат неговиот син кој се распаѓа (во кого нема дух). Откако го уверил таткото, Исус го исцелувал младото момче а потоа, подоцна, ги уверувал своите ученици дека и тие би можеле да го направат истото доколку поцелосно се посветат на „молитва и пост“1.
По сето ова, откако заедно патувале низ Галилеја и пристигнале во Капернаум, Исус ги прашал своите ученици: „Што размислувате меѓу себе патем?“2 Скршени од ситни препукувања за да се соочат со Синот Човечки, занемените ученици не можеле ни да се натераат да ја дошепнат темата на нивната попатна дебата: имено, „кој треба да биде најголем“3.
Иако се со Исус, овие ученици не успеваат да ги обземат Неговите мисли или да ги пресликаат неговите постапки. Без прекор, Исус мирно седнал, ги повикал дванаесте покрај него, и објаснил: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на сите“4. Надвор од патеката, она што се смета за „најголем“ изгледало јасно, или барем доволно јасно за да ги привлече верниците, следбеници на Исус кои влегле во слична дебата за правото на вледеење што ги измачувало браќата на Јосиф, Ламан и Лемуил, и многу други во светото писмо и секојдневниот живот5. Но кога Исус ја насочува Неговата светлина на нивната борба, условите се менуваат. Она што некогаш изгледало важно повеќе не е, а она што било невидливо одеднаш засјајило.
Зборувајќи им на Коринтјаните, Павле потврдува дека „та верата ваша да не почива … на човечка мудрост, ниту на мудроста на кнезовите од овој свет, кои се неточни… туку на силата Божја”6. Како приврзаници на Обновеното Евангелие на Исус Христос, разбираме дека „светот“ како таков не е проблемот. Светците од подоцнежните Дни ги прифаќаат „сите вистини што Бог им ги дава на Своите деца, без разлика дали се научени во научна лабораторија или добиени како директно откровение од Него“7. Во согласност со 13-тата Поставка на Верата и опомената на Павле, ние веруваме и се надеваме на „сѐ“.
Меѓутоа, од разговорот на Исус со Своите ученици заклучуваме дека мораме да се одвоиме од природните претпоставки за да му дозволиме Него да нѐ научи на нови начини на постоење, нова култура. „Телесниот човек“, објаснува Павле, „не го прима она што е од Божјиот дух: за него тоа е безумство: и не може да го разбере, зашто тоа треба со помош на Духот да се испита. … Зашто кој го спознал духот Господов, та да го објасни? Но ние го имаме Христовиот ум“8.
Во секоја генерација имаме живи пророци да нѐ водат и да нѐ поучуваат како да го одвоиме умот од секојдневието и „да го имаме Христовиот ум“. Нашиот жив пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, го прави токму тоа. Оние кои го слушаат и ги применуваат неговите совети ќе откријат дека се ослободени од своите ограничувачки ставови и го развиваат Христовиот дух со воспоставување на мир и спокој9, одржување на сопствениот духовен моментум10, одвојување време за Господа11, посетување на храм12, дозволување Бог да надвладее во нивните животи13, слушајќи Го Него14, покајувајќи се15, барајќи и добивајќи откровенија16, и „размислувајќи селестијално“ (што во суштина значи да се биде духовно настроен“)17. Откриваме нови работи за себе и за нашиот ум кога сме вклучени во делото за спасение и егзалтација со тоа што го запознаваме и сакаме Исус Христос, се грижиме за потребите на другите, ги повикуваме сите да го примат евангелието на Исус Христос, и го извршуваме делото за да ги обединиме сите Божји чеда за вечноста.