Лиахона
Евангелието е Одговорот на сите Прашања и Проблеми во Животот
Март 2024


Порака од Обласното Раководство

Евангелието е Одговорот на сите Прашања и Проблеми во Животот

Кога неодамна јас и мојата сопруга го посетивме Солт Лејк Сити, требаше да најдеме банкомат на улицата. Додека гледавме наоколу, слушнавме глас од паркиран автомобил позади нас кој вели, „Барате нешто? Како можам да ви помогнам?“ Човекот, кој се претстави како Мајк, додаде со насмевка дека најверојатно е чудно кога некој непознат ви се дере од автомобил, но во Јута можеби нема да вѐ изненади. Тој праша од каде сме и кога дозна дека сме од Прага, неговите очи светнаа. Тој неодамна разговарал со една своја пријателка која имала потешкотии да добие информации за нејзините претци во Чешка. Затоа веднаш се запраша дали може нешто да направиме за да му помогнеме. Одговоривме дека со задоволство ќе му испратиме контакт од браќата и сестрите кои работат на генеологија во нашата држава. Тој ни заблагодари, ние се збогувавме и влезе во неговиот автомобил. На заминување, забележавме дека Мајк повторно излезе од автомобилот и се врати накај нас. Овој пат, сепак, среќната насмевка ја замени со емоции.

Со солзи во очите, ни кажа колку е благодарен за нашата кратка средба и дека почувствувал нагон повторно да излезе од автомобилот. Долго време неуспешно се обидуваше да и помогне на својата пријателка со родословието во Бохемија, но поради нејзината поодмината возраст, таа изгубила секаква надеж дека ќе ги најде нејзините претци во Бохемија. И Мајк само што не се откажа, но претходниот ден додека го посетувал храмот почувствувал дека ќе дојде до решение–и тоа дојде преку нас. Затоа сакаше да ја сподели со нас радоста и благодарноста што ја почувствува во уште едно сведоштво за тоа како едно прекрасно Божјо водство профункционира во нашите животи.

Од светите писма знаеме за ветувањето што Морони го даде во врска со начинот како да се дознае вистинитоста на Книгата на Мормон, изјавувајќи: „А со помош на Светиот Дух можете да ја дознаете вистината за сѐ.“1 Врз основа на ова ветување, очекуваме да стекнеме разбирање, духовно знаење и одговори за основните прашања за верата, вистината од Светите писма, или обновувањето на евангелието преку Светиот Дух.

Но ова ветување го допира и секој од нашите животи во нашите секојдневни радости и грижи. Моќта на Светиот Дух ни помага да ги препознаеме Божјите нагони и правилното значење на настаните што ни се случуваат или ни помага да донесеме одлуки. Секој член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни по крштевањето добива дарба од Светиот Дух и ние ја имаме привилегијата да уживаме во Неговата придружба. Но ја имаме и слободата да избереме да одлучиме како ќе се манифестира влијанието на овој Дух во нашите животи. Без разлика дали ќе го почувствуваме и разбереме Неговото водство ако живееме чисто и се трудиме да живееме според Евангелието на Исус Христос или, обратно, дали понекогаш нашите постапки или мисли ќе Го истераат. Претседателот Расел М. Нелсон нѐ научи, „Го слушаме појасно и додека ја усовршуваме нашата способност да ги препознаеме поттикнувањата на Светиот Дух. Никогаш не било поважно од сега, да знаете како Духот ви зборува. Во Божеството, Светиот Дух е гласникот. Ќе ви ги донесе на ум мислите што Отецот и Синот сакаат да ги примите“.2

Нашата средба со Мајк е пример за тоа како функционира Духот. Мајк се обиде да ги послуша поттикнувањата од Светиот Дух и преку неговата спремност да им помогне на потполно напознати лица, тој не само што доби помош за својата пријателка, туку сите ние добивме уште едно сведоштво за тоа како Бог, преку Духот, ни дава одговори и носи решенија. Да, тоа беше само една мала работа, но токму од мали и ситни нешта се прави големиот мозаик на духовно знаење во нашите животи.

Алма вели дека „преку мали и едноставни работи се постигнуваат големи дела“3. Јас сведочам дека нема ништо поголемо и поважно во нашите животи од тоа што преку овие мали искуства со Духот ја запознаваме љубовта, грижата и милоста на нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос. Јас знам дека Бог постои, и дека Неговиот Син, Исус Христос воскресна и живее. Тој е вашиот и мој Спасител, и тоа го исполнува моето срце со радост и благодарност. Начинот на кој го живееме нашиот секојдневен живот, нека му дозволи на Духот да ни го соопшти она што Отецот и Синот го посакуваат за нас. За да ги запознаваме сè подобро и подобро преку разбирање на овие пораки зашто „ова е живот вечен, за да те познаат тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого си го испратил“.4

Во името на Исус Христос, Амин.

Белешки

  1. Морони 10:4-5.

  2. Претседателот Расел М. Нелсон, Него Слушајте Го, Генерална Конференција 04/2020.

  3. Алма 37:6.

  4. Јан 17:3.