“Верување во Христа пред Тој повторно да дојде,” За Силата на Младите, Апр. 2024.
Месечна Порака на For the Strength of Youth , април 2024
Верување во Христа пред Тој повторно да дојде
Нефитите имаа вера пред да дојде Спасителот, а ние можеме да имаме вера пред Тој повторно да дојде.
Дали некогаш сте помислиле како би било да верувате во Спасителот пред Тој да дојде на земјата? Древните Нефити морале да го направат токму тоа—“да Го очекуваат Месијата, и да веруваат во Него дека ќе дојде како што Тој веќе дошол” (Јаром 1:11).
Во денешно време, имаме библиски и историски записи кои сведочат дека Исус Христос живеел, умрел и воскреснал. Ние веруваме во Спасителот кој веќе дојде. Но, ние исто така веруваме во Спасителот кој ќе дојде повторно.
Пред да дојде Исус Христос, Нефитите имаа вера:
Да им бидат простени гревовите.
“дека сите кои веруваат дека Христос ќе дојде, тие ке добијат опростување на своите гревови, и ќе се радуват со извонредно голема радост,, како Тој веќе да беше дошол меѓу нив.” (Mosiah 3:13; акцент е додаден).
Да си простат
“И дојде до мене глас, велејќи: Еносе, твоите гревови ти се простени. … Затоа, мојата вина беше избришана.. И му реков: Господе, како е сторено? И Тој ми рече: Поради твојата вера во Христос, кого не си го слушнал претходно ниту видел. И многу години ќе поминат пред Тој да се прикаже Самиот во телото; … твојата вера те направи цел” (Енос 1:5–8; акцент е додаден).
Прави чуда.
И имавме надеж за Неговата слава многу стотици години пред Неговото доаѓање. … Толку што навистина можеме да заповедаме во името на Исус и самите дрва нѐ слушаат, односно планините, односно морските бранови” (Јаков 4:4, 6; акцент е додаден).
Прими откровение.
“И постоеја многу чија вера беше толку прекумерно силна, и пред да дојде Христос, што не можеше да биде скриена зад превезот, туку навистина ги видоа со свои очи” (Етер 12:19; акцент е додаден).
Пред да дојде Исус Христос повторно, ние можеме да имаме вера да:
Ни биде простено, да си простиме себеси, да правиме чуда и да добиеме откровение (како Нефитите).
Подгответе се за Неговото доаѓање.
Додека се трудиме да ги држиме нашите завети, се подготвуваме да живееме во целестиално царство. “Зашто ете, овој живот е времето за луѓето да се подготват да Го сретнат Бог; да, ете, денот од овој живот е денот за луѓето да ги извршат нивните дела.” (Алма 34:32).
Подгответе го светот за Неговото доаѓање.
Бевме поканети од Претседателот Расел М. Нелсон да бидеме дел од „најголемото дело на земјата“ - собирот на Израел. „Нашиот небесен Отец резервира многу од своите најблагородни духови - можеби, би можел да кажам, неговиот најдобар тим - за оваа последна фаза. Тие благородни духови - тие најдобри играчи, тие херои - сте вие!”1
Имајте надеж во тешки времиња.
Кога Спасителот повторно ќе дојде, праведниците ќе живеат во мир. Спасителот ќе владее, а неправедноста ќе се исправи. “Зашто Господ ќе биде во нивна средина, и Неговата слава ќе биде врз нив, и Тој ќе биде нивен цар и нивен законодавач.” (Doctrine and Covenants 45:59).
Доверба во Воскресението.
Целото човештво ќе воскресне. Ќе имаме совршени, бесмртни тела. Повторно можеме да ги видиме саканите кои починале. “Духот и телото повторно ќе бидат соединети во својата совршена форма; и екстремитетот и зглобот ќе бидат обновени во својата соодветна рамка, токму како што сме ние сега во овој момент” (Алма 11:43).
Древните Нефити имаа вера во Спасителот пред да дојде. Можеме да имаме вера дека Спасителот ќе дојде повторно—кога „[ние] ќе го видиме [Него] на небесните облаци, облечен во сила и голема слава” (Учење и Завети 45:44; исто така види Дела 1:11). Како знаејќи дека Тој повторно ќе дојде го менува она што ќе го правите денес?
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. English approval: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, April 2024. Language. 19353 158