Лиахона
Благодарноста го трасира Патот до „Престолот на Благодатта“
Aприл 2024


Порака на Обласното Раководство

Благодарноста го трасира Патот до „Престолот на Благодатта“

Пред да бидам повикан за член на Обласните Седумдесетмина, се соочив со најтешките фази од моето верско патување. Поради финансиски тешкотии не можевме да набавиме храна, што резултираше со продажбата на целиот наш имот. Беше особено потресно да се види како мојата сопруга се збогува со скапоцените спомени на нејзината баба и мајка. Бидејќи нашиот автомобил немаше бензин, шетав низ нашиот град барајќи позајмувачница.

Шетајќи, се сетив на разговорот со еден многу добар пријател кој доживуваше сопствени сериозни предизвици. Во обид да му помогнам, го советував да гаи благодарност. Неговиот одговор, предизвика реакција: „За да бидам благодарен, морам да се сетам на некој кој минува низ полоши работи од мене. Многу е тешко да се најде таквиот“. Длабоко сочуствував со него, чувствувајќи се емотивно заробен помеѓу страдањата на мојата сопруга и тагата на моите деца. И покрај се ја поставив сета моја верба во Спасителот. Тој ми рече: „Ти си мој“1. Тој ме избра преку Своите ветувања дека ќе создаде „негов сопствен народ2 и „дека тој ќе те постави погоре од сите народи што ги создал“3. Јас верно се придружував кон плаќање на десеток, постење, молитва и храмско служење, но ветените „отвори небески“4 останаа затворени и се чувствував напуштен.

Во моменти на зголемена тага, воспоставив пракса да му ги поставувам двете основни прашања на божеството: „О Господе, што сакаш да направам? Која е твојата желба, што да научам?“ Скоро истовремено, се појави една мисла: „И се случи да се изгради олтар од камења, и да се понуди принос на Господ, и да се изрази благодарност кон Бога“.5 Ова ме поттикна да размислувам за неволјата на Лехи, кој, без своја вина, бил принуден да го напушти својот дом, оставајќи се што поседува, вклучувајќи ја и куќата, земјата на неговото наследство, и неговото злато, сребро и неговите скапоцени работи, и не зел ништо со себе“.6 Минувајќи го целиот свој живот во Ерусалим, Лехи ги оставил зад себе животните соништа и плодовите на својот труд, соочувајќи се со наизглед непремостлив предизвик. И покрај се, благодарноста била принципот според кој живеел и барал спасение. „Големи и чудесни се твоите дела, О Господе Боже Семоќен!“7

За Лехи, благодарноста не зависела од околностите; таа била одлука со одредена цел: Исус Христос. И така, јас благодарно открив „Ако се искачам на небото-ти си таму: Ако слезам во подземјето, ти си тука“.8 Среде моите сопствени искушенија, ја интернализирав практиката на секојдневно градење олтари на благодарност преку молитва. Мојата цел беше да бидам благодарен без да се споредувам, без да имам некакви очекувања или без да зависам од надворешни околности-една длабока промена во погледот на сваќање.

На почеток на секоја молитва, намерно ги насочував своите мисли кон животот и мисијата на мојот Спасител. Овој процес преобразуваше. Колку поискрено изразував благодарност, толку повеќе Духот сведочеше за вистините на милосрдието и благодатта. Преку оваа пракса, стекнав сведштво за „намерата на ова последно жртвување“9 на мојот Спасител и за тоа дека неговата „утроба е исполнета со сочувство кон (нас)“10.

Совршено ме познаваше во Неговата утроба на милосрдието. Како што се изразуваше мојата благодарност кон Него, така мојата вера се продлабочуваше и мојата душа се радуваше. Започнав да сваќам дека овие секојдневни олтари на благодарност го трасираат патот кон „престолот на благодатта“.11 Во деновите што следеа бевме благословени и духовно и матерјално. Но, и покрај се низ што поминав, не би сакал да го менувам местото со ниту еден цар. Моите искушенија ме зближија и ме запознаа со мојот Спасител Исус Христос. Тој живее!

Белешки

  1. Исаија 43:1.

  2. Второзаконие 7:6.

  3. Второзаконие 26:19.

  4. Малахија 3:10.

  5. 1 Нефи 2:7.

  6. 1 Нефи 2:4.

  7. 1 Нефи 1:14.

  8. Псалми 139:8.

  9. Алма 34:15.

  10. 3 Нефи 17:6, 7.

  11. Евреите 4:16.