Учење англиски
Вовед


„Вовед“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)

„Вовед“, EnglishConnect 1 за Ученици

мажи и жени се смеат

Introduction

Вовед

Welcome to EnglishConnect!

Добредојдовте на EnglishConnect!

EnglishConnect ги зближува луѓето кои се обидуваат да ги прошират своите можности преку учење англиски јазик. Сите ние доаѓаме од различни средини и зборуваме различни јазици. Можеби имаме различни стапен на познавање на англиски, но заедно можеме да ги постигнеме нашите цели.

Why Are You Learning English?

Зошто учите англиски?

Имањето на јасна цел може да ви помогне да останете фокусирани и мотивирани. Ајде да видиме зошто учите англиски. Дали се надевате дека ќе добиете подобра работа? Дали ви е потребен англискиот за понатамошно школување? Одвојте момент за да ги запишете причините за учење англиски.

Сакам да научам англиски бидејќи :

Учењето англиски може да ги зголеми вашите можности за школување, вработување, служење и пријателство. EnglishConnect може да ви помогне да ги постигнете вашите цели.

What Is EnglishConnect?

Што е тоа EnglishConnect?

EnglishConnect е единствена програма за учење англиски обезбедена од Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни. EnglishConnect е создаден да им помогне на поединци да развијат вештини за англиски јазик во опкружување исполнето со вера, заедништво и раст. Тоа значи дека ова нема да го правите сами. Ќе учите со другите и ќе се поддржувате и охрабрувате едни со други. Ќе ја развиете и вашата верба дека Бог може да ви помогне да научите.

EnglishConnect вклучува повеќе нивоа. EnglishConnect 1 and 2 им помагаат на учениците да развијат основни вештини за англиски. EnglishConnect 3 ги подготвува учениците за можности за школување–конкретно за програмата BYU–Pathway Worldwide. Можете да дознаете нешто повеќе за програмата BYU–Pathway Worldwide на byupathway.org. Дознајте нешто повеќе за EnglishConnect на englishconnect.org.

Графикон кој го прикажува редоследот на EnglishConnect 1, EnglishConnect 2, EnglishConnect 3, и BYU-Pathway Worldwide

What Makes EnglishConnect Unique?

Што е тоа што го прави EnglishConnect Единствен?

две жени вежабаат англиски

Во EnglishConnect, развиваме вештини за англиски јазик во опкружување исполнето со вера, заедништво и раст.

Faith

Вера

Во EnglishConnect, учиме со проучување и со вера. Секоја лекција започнува со принцип на учење. Овие се духовни принципи што ни помагаат да се потпреме на Господ за да го зголемиме нашиот капацитет за учење. Верувањата што ги имате за вашата способност за учење ќе имаат значајно влијание врз вашиот труд и исход. Принципите на учење можат да ви помогнат да го разберете вашиот вистински потенцијал и Божјата способност да ви помогне. Следните се принципите што ќе ги проучувате:

Вие Сте Божјо Дете

„Јас сум Божјо чедо со вечен потенцијал и цел“.

(види Римјаните 8:16–17; Семејството: Проглас кон Светот)

Практикувајте Вера во Исус Христос

„Исус Христос ќе ми помогне да направам сė кога практикувам вера во Него“.

(види Филипјаните 4:13; Етер 12:27; Морони 7:33 )

Преземете Одговорност

„Имам моќ да избирам, и јас сум одговорен сум за моето сопствено учење“.

(види 2 Нефи 2:14, 16; Учење и Завети 58:27–28)

Сакајте се Едни со Други

„Можам да учам од Светиот Дух кога сакам, поучувам и учам со другите“.

(види Јован 13:34–35; Јован 14:26–27; Учењата и Заветите 88:77, 88:122–123)

Пробивајте се Напред

„Со Божја помош, јас можам да се пробивам напред дури и кога се соочувам со препреки“.

(види 2 Нефи 31:20; 2 Нефи 32:9; Учењата и Заветите 50:41–42)

Советувајте се со Господа

„Го подобрувам моето учење со тоа што секојдневно се советувам со Бога за моите напори“.

(види Поговорки 3:5–6; Матеј 7:7–8; Алма 37:37)

Принципите на учење се изјави за вистината. Можете да си ги кажувате овие изјави кога ви е потребна мотивација и охрабрување. Кога ги применувате овие принципи, вашата способност за учење ќе се зголеми. Ќе знаете дека со Божја помош, можете да ги постигнете вашите цели.

Fellowship

Заедништво

Важен дел од EnglishConnect искуството е учењето со другите. EnglishConnect групите се сакаат, си помагаат и се поддржуваат едни со други. Средбите на групите се безбедно место за зборување и правење грешки. Учествувото во една EnglishConnect група може да ви помогне да останете мотивирани и да изградите пријателства.

Growth

Раст

EnglishConnect не е само програма за учење англиски. Без оглед на вашата почетна точка, искуството што го имате ќе ви помогне да станете подобар ученик. Ќе имате можности да:

  • Да вежбате англиски секој ден

  • Го следите вашиот напредок.

  • Да учите со другите.

  • Се молите на Бога за да ви помогне да ги постигнете вашите цели.

What Will I Do in EnglishConnect?

Што ќе направам во EnglishConnect?

Во EnglishConnect, ќе стекнете навика за самостојно учење дома, ќе вежбате разговарање со групата, и секојдневно ќе вежбате. Секоја лекција во прирачникот за ученици EnglishConnect е поделена на два дела—„Самостојно Проучување” и „Група за разговарање“.

графикон кој покажува дека стремежот за учење преку проучување и вера го вклучува циклусот на самостојно проучување, разговарање со групата и секојдневно вежбање

Personal Study

Самостојно Проучување

маж кој учи на своето биро

Делот „Самостојно Проучување“ ве подготвува за групата за разговорарање. Во „Самостојно Проучување“, ги извршувате следните активности:

икона а
Study the Principle of Learning

Го проучувате Принципот на учење.

Секоја лекција вклучува принцип на учење. Овие се духовни принципи што ви помагаат да соработувате со Бога во изучувањето на англиски јазик. Пред да започне групата за разговор, прочитајте го принципот на учење, размислете за прашањата и запишете ги вашите мисли.

икона б
Memorize Vocabulary

Научете ги напамет новите зборови

Научете го значењето и изговорот на секој збор. Искористете ги новите зборови за вежбање на реченичните шеми. Можете исто така да побарате и дополнителни зборови што може да се искористат во реченичните шеми.

икона ц
икона д
икона е
Practice the Patterns

Важбајте ги Реченичните шеми

Започнете со меморирање на реченичните шеми. Потоа искористете ги реченичните шеми за да составите сопствени прашања и одговори. Можете да ги замените подвлечените зборови со други зборови од списокот на нови зборови. Продолжете да вежбате на глас сé додека не почнете да ги користите реченичните модели самоуверено за да поставувате и одговарате на прашања.

Conversation Group

Група за Разговор

три мажи се смеат

Делот „Група за разговори“ вклучува активности што ќе ги користите за да учите со другите. Во „Групата за Разговори“, вие ги извршувате следните активности:

Discuss the Principle of Learning (20–30 minutes)

Разговарајте за Принципот на учење (20– 30 мин.)

Во вашата група, читате и разговарајте за принципот на учење. Ова е можност за споделување и учење од другите.

Activities

Активности

Во активностите 1, 2, и 3, користете нови зборови и реченични модели за да се вклучите во осмислен разговор. Активностите ви помагаат да напредувате од повторување на извежбаното до составување на сопствени разговори. Секоја активност ве подготвува за следната активност.

икона 1
Activity 1: Practice the Patterns (10–15 minutes)

Активност 1: Вежбање на реченични модели (10–15 мин.)

Во активност 1, провере ги новите зборови и реченични модели што сте ги научиле додека самостојно учите. Ваша цел е да ги користите реченичните модели за да кажете и разберете едноставни прашања и одговори.

икона 2
Activity 2: Create Your Own Sentences (10–15 minutes)

Активност 2: Смислете свои Сопствени Реченици (10–15 мин.)

Во активност 2, фокусирајте се на користење реченични модели за да смислите свои сопствени реченици. Бидете креативни. Ваша цел е да ги искористите реченичните модели за да смислите што поголем број на прашања и одговори.

икона 3
Activity 3: Create Your Own Conversations (15–20 minutes)

Активност 3: Осмислете свои Сопствени Разговори (15–20 мин.)

Во активност 3, вежбајте целосни разговори за реални ситации од животот. Ваша цел е да имате осмислени разговори користејќи го англискиот кој сте го научиле.

Evaluate (5–10 minutes)

Оценете (5–10 мин.)

На крајот на секоја средба на групата, оценете го сопствениот напредок во однос на целите на часот. Користете ја „Следач на Самостојното проучување“ за да го оцените вложениот труд во самостојното проучување, и да поставите цели за подобрување. Одвојте време за да го прославите вашиот напредок и вашиот труд.

Daily Practice

Секојдневно Вежбање

За да научите англиски, потребно е да развиете навика за секојдневно вежбање. Покрај времето поминато во проучување, најдете начини да ги замените вашите секојдневни активности со англиски. На пример, кога слушате музика, слушајте ја онаа на англиски јазик. Кога гледате филм, гледајте на англиски или вклучете англиски превод. Секогаш кога чекате некаде, вежбајте англиски разговори во вашите мисли. Кога се молите, кажувајте ја молитвата на англиски колку што можете. Клучно за секојдневнoто вежбање е да се користи англискиот јазик во вашата вообичаена рутина.

Можете исто така да ги пополните вежбите од лекцијата и оценките на интернет на englishconnect.org/learner/resources и во EnglishConnect Работна Тетратка.

Како што ги извршувате вежбите за самостојно проучување за секоја лекција и вежбате секојдневно, ќе учите побрзо и ќе бидете подобро подготвени за вашата група за разговори. Користете ја „Следач на Самостојното проучување“ дадена на крај од овој вовед за да го следите вашиот труд и вашите цели.

Remember This

Запомнете го ова

Со пополнување на вежбите за самостојно проучување, секојдневното вежбање, и активното учество во вашата група за разговори, ќе ги развиете вештини за разговор на англиски јазик. Уште поважно, кога ги применувате принципите на учење и го молите Бога за помош, Тој може да ви помогне да ги постигнете вашите цели сега и во иднина.