„Следач на Самостојно Проучување“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)
„Следач“, EnglishConnect 1 за Ученици
Personal Study Tracker
Следач на Самостојно Проучување
Напишете зошто сакате да учите англиски.
Цел: Сакам да научам англиски затоа што:
Можете да ја подобрите вашата способност за учење со следење на вашиот труд и поставување цели за подобрување. Користете ја „Следач на Самостојно Проучување“ за да го следите вашиот труд. По секоја лекција, поставете едноставна цел. Прославете го вашиот напредок; секој обид ве придвижува поблиску до вашата цел.
Минимален Труд
Умерен Труд
Значаен Труд
Печатлив „Следач на Самостојно Проучување“
Example
Пример
Lesson |
Study the Principle of Learning |
Memorize Vocabulary |
Practice the Patterns |
Practice Daily |
My Goal |
---|---|---|---|---|---|
Lesson 1 | Study the Principle of Learning
| Memorize Vocabulary
| Practice the Patterns
| Practice Daily
| My Goal Прочитајте го Воведот. Изработете го делот „Самостојно Проучување“ за лекција 2. |
Lesson 2 | Study the Principle of Learning
| Memorize Vocabulary
| Practice the Patterns
| Practice Daily
| My Goal Проучете го принципот на учење пред лекцијата. |
Lesson 3 | Study the Principle of Learning
| Memorize Vocabulary
| Practice the Patterns
| Practice Daily
| My Goal Кога се молам, ќе користам новонаучени зборови (од англискиот фонд на зборови). |
Study Suggestions
Предлози за Проучување
Размислете внимателно како да го подобрите вашето проучување корситејќи ги предлозите подолу.
Study the Principle of Learning
Проучете го принципот на учење
-
Молете се. Започнете го и завршете вашето проучување со молитва. Побарајте помош од Бога за да ви помогне да го разберете и примените принципот.
-
Слушајте го Духот. Обрнете внимание на вашите мисли и чувства, дури иако ви се чини дека изгледаат неповрзани со она што го читате. Запишете ги Вашите Мисли и Чувства. Правете го она што Духот ве повикува да го правите.
-
Запишете ги зборовите и фразите кои ве инспирираат. Можеби ќе откриете одредени зборови и фрази што се лично битни за вас, ве инспирираат и мотивираат. Напишете ги на видливо место. Ставете ги на вашето огледало или на телефонот.
-
Применете го принципот на учење. Размислете како да го примените принципот на учење, цитатите и светите писма во вашиот живот. Снимете го она што сте го научиле додека го применувате принципот на учење.
-
Прочитајте нешто повеќе. Читајте ги светите писма или конференциските говори поврзани со принципот на учење.
-
Научете го фондот на зборови (речник на нови зборови). Изберете неколку зборови од принципот на учење што сакате сакате да ги научите на англиски. Побарајте го значењето на зборовите. Разговарајте со другите ученици за тоа што зборовите и фразите им значат.
Memorize Vocabulary
Научете ги напамет новите зборови
-
Фокусирајте се на значењето и изговорот. Вежбајте гласно повторување на зборот и размислувајте за неговото значење. Научете го изговорот на секој збор и вежбајте сé додека не го изговорите точно. Продолжете сé додека не го кажете зборот самоуверено и не знаете што тој значи.
-
Вежбајте со едукативни картички. Користете картички за белешки (или апл) за создавање на едукативни картички. Напишете го зборот на едната и дефиниција, превод, или слика на другата страна. Повторувањето е клучно за да се запаметат новите зборови.
-
Вежбајте зборови во речениците. Вежбајте изговор на научениот збор во реченица. Можете да користите реченични модели за да ги извежбате зборовите што ги учите.
-
Применете го зборот. Размислете за ситуации кога би го користеле зборот во вашиот секојдневен живот. Вежбајте ја ситуацијата сé додека не ви стане природно да го користите зборот. Кога одите на работа, училиште, пазарување, или на кое било друго место, користете ги зборовите што ги имате на ум за да ги опишете работите.
-
Приметувајте зборови. Барајте и слушајте нови зборови во текот на денот. Можете да учите од филмовите, тв-шоуата, книгите, подкасти или песни. Запишете ги новите зборови.
-
Дознај повеќе Користете речник за да дознаете нешто повеќе за новите зборови. Учете дефиниции, делови од говор, делови од зборови, изговор и пример реченици.
-
Проверете. Одвојте време за одвреме навреме да ги проверувате зборовите што сте ги научиле во минатото. Ова ќе ви помогне да увидите колку сте научиле и да не ги заборавате зборовите.
Practice the Patterns
Важбајте ги реченичните шеми
-
Фокусирајте се на значењето и на флуентноста. Вежбајте гласно повторување на реченица од реченичната шема и размислете за нејзиното значење. Продолжете сé додека не ја изговорите реченицата непречено, самоуверено, и не дознаете што таа значи.
-
Снимете се. Снимете се како поставувате и одговарате прашања на телефонот. Слушнете го снименото и обрнете внимание на флуентноста и изговорот.
-
Вежбајте со партнер. Вежбајте со пријател користејќи реченични шеми за поставување и одговарање на прашања. Можете да вежбате самостојно или на телефон. Вежбајте користејќи реченични шеми додека му пишувате пораки на пријател.
-
Размислувајте и зборувајте за реченичните шеми. Што приметувате во врска со тоа како функционира англискиот? Во кој поглед англискиот е сличен со вашиот мајчин јазик? Во кој поглед англискиот се разликува од вашиот мајчин јазик? Како би можеле да ја искористите реченичната шема од лекцијата во друга ситуација?
-
Користете и други ресурси. Граматика, апл-ии, веб-страници, и другите ученици можат да ви помогнат да дознаете нешто повеќе за англиските граматички реченични шеми.
-
Обрнете внимание на реченични шеми. Барајте ги и слушајте ги реченичните шеми што ги учите додека читате и слушате на англиски.
Practice Daily
Вежбајте Секојдневно
-
Поставете рутина Испланирајте кога и каде ќе учите секој ден и направете го тоа. За да ви помогне да се сетите, напишете ја вашата цел во „кога“ изјава. На пример, „Која јас , јас “. Еве неколку примери: „Кога го возам автобусот, јас ги проверувам новите зборови“.; „Кога готвам вечера, јас опишувам што правам на англиски“.; и „Која се молам, јас кажувам колку што можам на англиски“.
-
Извршувајте ги секојдневните активности на англиски. Најдете начини да го замените вашиот мајчин јазик со англискиот за време на вашите секојдневни активности. На пример, кога слушате музика, слушајте ја на англиски јазик. Други идеи: гледајте филмови на англиски или со англиски превод, заеменете ги поставките на телефонот на англиски, и читајте ги светите писма на англиски.
-
Читајте. Читајте колку што е можно повеќе на англиски. Читајте ги светите писма, говорите од генералните конференции, списанијата, блоговите, вестите и останатите информации на англиски.
-
Слушајте Активно слушајте онолку колку што можете. Слушајте подкасти, свети писма, говори, презентации, видео записи, тв-шоуа, или филмови.
-
Зборувајте Најдете пријатели, семејство и соработници и вежбајте зборување со нив. Споделете што сте учеле и правеле за да повежбате англиски. Создадете интернет група за разговори и испратете гласовни белешки.
-
Пишувајте. Наоѓајте можности да пишувате на англиски. Започнете да пишувате дневник или создадете група за разговор. Користете ги речениците и новите зборови што ги учите.
-
Пополнете ги вежбите од лекцијата. Пополнете ги вежбите од лекцијата и оценете се на интернет на englishconnect.org или во Работната Тетратка EnglishConnect.