„Лекција 17: Храна”, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)
„Лекција 17“, EnglishConnect 1 за Ученици
Lesson 17
Food
Цел: Ќе научам да нарачувам храна и да примам нарачки.
Personal Study
Подгответе се за вашата група за разговор со пополнување на вежбите А до Е.
Study the Principle of Learning: Press Forward
Пробивање напред
With God’s help, I can press forward even when I face obstacles.
Со Божја помош, јас можам да продолжам да се пробивам напред дури и кога се соочувам со препреки.
Во светите писма читаме за жена по име Рута која се соочила со многу тешкотии. Нејзиниот сопруг починал, а таа немала деца. Нејзината свекрва, Ноемина планирала да се врати во својата земја и ѝ рекла на Рутa да остане, но таа одговорила:
„Каде што одиш ти, таму ќе одам и јас; и каде ќе живееш ти, таму ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мојот народ, и твојот Бог, мој Бог. … [Наомина] виде дека [Рута] е цврсто решена да оди со неа” (Рута 1:16, 18).
Рута била одлучна и верна. Рута избрала да остане со Наомина и да живее на туѓо место, далеку од нејзиното семејство и култура. Избрала да биде верна на нејзината нова религија. Работите станале многу тешки за Рута и Наомина. Биле многу сиромашни и се бореле да имаат доволно за јадење. Рута продолжила да напредува со верба во Бога, и се грижела за Наомина. Бог видел како таа се бори и го благословил нејзиниот труд. По некое време, Рута повторно се омажила, имала деца и доволно храна за нејзиното семејство. Можете да му верувате на Бога како што го направила тоа Рута. Вие можете да се пробивате напред со вера дури и кога работите одат тешко.
Ponder
-
Како можете да ги сфатите искуствата на Рута?
-
Како можете да се пробивате напред со надеж во Бога?
-
Како ова се однесува на вашето искуство за учење англиски?
Memorize Vocabulary
Научете го значењето и изговорот за секој збор пред да се состане вашата група за разговор. Обидете се да ги примените зборовите во вашиот живот. Размислете кога и каде би ги употребиле овие зборови.
Can I take your order? |
Сакате ли да нарачате? |
What would you like to order? |
Што би сакале да нарачате? |
I’d like … |
Би сакал … |
I’d like to order … |
Би сакал да нарачам … |
in |
во |
on |
на |
with |
со |
Nouns
beans |
грав |
dessert |
десерт |
drink |
пијалок |
fries |
помфрит |
hamburger (burger) |
хамбургер (бургер) |
ice |
мраз |
noodles |
тестенини |
onion |
кромид |
pizza |
пица |
salad |
салата |
sandwich |
сендвич |
sauce |
сос |
soup |
супа |
spices |
зачини |
tomato/tomatoes |
патлиџан/патлиџани |
Practice Pattern 1
Вежбајте да ги користите реченични шеми сé додека не успеете да поставувате и да одговарате на прашањата со самодоверба. Можете да ги замените подвлечените зборови со зборовите во делот „Memorize Vocabulary“.
Q: Can I take your order?A: I’d like to order (noun), please.
Examples
Q: Can I take your order?A: Yes, I’d like to order beans, rice, and a drink, please.
Q: What would you like to order?A: I’d like soup and a salad, please.
Practice Pattern 2
Вежбајте да ги користите реченични шеми сé додека не успеете да поставувате и да одговарате на прашањата со самодоверба. Обидете се да ги приметите овие реченични шеми за време на вашето секојдневно вежбање.
Q: What do you want in your (noun)?A: I want (noun) in my (noun).
Examples
Q: What do you want in your soup?A: I want noodles in my soup.
Q: What do you want with your hamburger?A: I want a drink with my hamburger.
Q: What do you want on your pizza?A: I want tomatoes on my pizza.
Use the Patterns
Напишете четири прашања што можете да му ги поставите некому. Напишете одговор за секое прашање. Прочитајте ги на глас.
Conversation Group
Activity 1: Practice the Patterns
(10–15 minutes)
Прoверете ги новите зборови со партнерот.
Вежбајте ја реченичната шема 1 со партнер:
-
Вежбајте поставување прашања.
-
Вежбајте одговарање на прашања.
-
Вежбајте разговор користејќи ги реченичните шеми.
Повторете ја реченичната шема 2.
Activity 2: Create Your Own Sentences
(10–15 minutes)
Играјте улоги. Партнерот А работи во ресторан. Партнер Б е муштерија во ресторанот. Поставете и одговорете на прашања за храната за секоја слика. Кажете онолку прашања и одговори колку што можете. Заменете ги улогите. Променете ги партнерите и вежбајте повторно.
Example
-
A: Can I take your order?
-
B: I’d like pizza, please.
-
A: OK. What do you want on your pizza?
-
B: I want cheese, meat, and olives on my pizza.
-
A: Great. And what do you want with your pizza?
-
B: I want a drink, please.
Activity 3: Create Your Own Conversations
(15–20 minutes)
Погледнете во менито. Играјте улоги. Партнерот А работи во ресторан. Партнер Б е муштерија во ресторанот. Користете ги новите зборови од оваа и од лекцијата 16 Променете ги партнерите и вежбајте повторно.
New Vocabulary
Anything else? |
Уште нешто? |
Example
-
A: What would you like to order?
-
B: I’d like chicken, please.
-
A: What do you want with your chicken?
-
B: I want rice with my chicken.
-
A: OK. Anything else?
-
B: Yes. I’d like cake, please. Thank you!