Прирачници и Повици
13. Неделно Училиште


„13. Неделно Училиште,” Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„13. Неделнно Училиште,” Извадоци од Општиот Прирачник

семејство проучува свето писмо

13.

Неделно Училиште

13.1

Цел

Водачите на Неделна Школа, учителите, и класовите:

  • Ја зајакнуваат верата во Небесниот Отец и Исус Христос предавајќи ја „доктрината за царството“ (Учењата и Заветите 88:77).

  • Го поддржуваат црковно поддржаното насочено кон домот евангелско предавање и учење.

  • Им помагаат на членовите да поучуваат на начинот на Спасителот.

13.2

Раководство на Неделно Училиште за оддел

13.2.1

Претседателство на Епископија

Претседателство на Епископија ја надгледува Неделната Школа. Обично епископот назначува еден од неговите советници да ја исполнуваат оваа обврска под негово водство.

13.2.2

Претседател на Неделно Училиште

13.2.2.1

Повикување на Претседателство на Неделното Училиште

Епископот го повикува и издвојува носителот на Мехиседеково Свештенство да биде претседател на Неделно Училиште на оддел. Доколку се потребни советници, и доколку постојат доволен број на мажи да служат на овие позиции, претседателот на Неделна Школа може да препорача еден или двајца советници.

13.2.2.2

Одговорности

  • Да служи на советот на оддел.

  • Да го надгледува и подобрува евангелското учење во домот и во црквата.

  • Да препорача на претседателството на епископија возрасни членови да служат како учители во Неделно Училиште.

  • Да ги поддржува, охрабрува и да им дава упатства на учителите во Неделно Училиште.

  • Да ги водат состаноците на советот учители според упатствата на епископот (види Поучување на Начинот на Спасителот, 3).

13.2.3

Учители на Неделно Училиште

За да се подготви за поучување, учителот на Неделна Школа ги користи следните прирачници за свети писма, Come, Follow Me—For Individuals and Families, и Come, Follow Me—For Sunday School.

13.3

Класови за Неделно Училиште

Класовите на Неделно Училиште се одржуваат првата и третата недела од месецот

Со одобрение на претседателството на епископија, претседателот на Неделна Школа организира класови за возрасни и млади.

Најмалку двајца одговорни возрасни треба да бидат присутни на секој младински клас.

Сите возрасни кои работат со млади мора да ја завршат обуката за заштита на деца и млади во рок од еден месец откако ќе бидат поддржани (ProtectingChildren.ChurchofJesusChrist.org).

13.4

Подобрување на учењето и Поучувањето во Одделот

Водачите на оддел се одговорни за подобрување на учењето и поучувањето во своите организации. Тие може да побараат помош од претседателот на Неделно Училиште на оддел доколку имаат потреба од помош.

13.5

Подобрување на учењето и Поучувањето во Домот

Родителите се одговорни за поучување на евангелието на своите деца. Тие може да побараат од претседателот на Неделно Училиште да им помогне да се подобрат како учители.