„17. Учење на Евангелието,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„17. Учење на Евангелието,“ Извадоци од Општиот Прирачник
17.
Подучување на Евангелието
Поучуваме за евангелието за да им помогнеме на луѓето да ја зајакнат својата вера во Небесниот Отец и Исус Христос.
17.1
Начелата на Христолико поучување
Кога поучуваат за евангелието, родителите, учителите и водачите го следат примерот за Исус Христос, кој е Учителот.
Водачите ги споделуваат следните принципи на Христолико поучување со учителите во своите организации. Овие принципи се поподробно објаснети во Поучувањето на начинот на Спасителот.
17.1.1
Сакајте ги Оние кои ги Поучувате
Сето она што Спасителот го прави е израз на Неговата љубов (види 2 Нефи 26:24).
17.1.2
Поучување според Духот
Учителите бараат водство од Духот кога се подготвуваат за поучување и се трудат да го живеат секој ден достојно за Неговото влијание.
17.1.3
Поучување на Доктрината
Следејќи го примерот на Спасителот, учителите се фокусираат на суштинските спасителни вистини за евангелието. Тие поучуваат користејќи ги светите писма, учењата на пророците од подоцнежните дни и одобрените наставни матерјали.
17.1.4
Повикајте на Вредно Учење
Учителите ги охрабруват членовите да бидат одговорни за сопственото учење.
17.2
Евангелско учење и Поучување Дома
Црковните водачи и учителите го поттикнуваат и поддржуваат домашното евангелско учење и поучување.
Водачите и учителите ги охрабруваат членовите да бараат сопствена инспирација за методите за проучување и поучување на евангелието. Нивните основни ресурси треба да бидат светите писма и пораките од генералните конференции
17.3
Одговорностите на Водачите
-
Поставете пример учејќи го и поучувајќи за евангелието на начинот на Спасителот.
-
Осигурајте поучувањето во нивните организации да ја гради верата и да биде доктринарно коректно.
-
Давајте постојана поддршка на учителите во нивните организации.
17.4
Состаноци на Советот на Учители
На состаноците на советот на учители, учителите се советуваат за принципите на Христолико учење. Тие исто така се советуваат за тоа како да го подобрат евангелското проучување и поучување. Го користат прирачникот Поучувањето на начинот на Спасителот како ресурс.
Состаноците на советот на учители се одржуваат квартално (еднаш месечно) за време на 50 минутен час во недела.