Прирачници и Повици
21. Служење


„21. Служење,” Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„21. Служење,” Извадоци од Општиот Прирачник

мажи креваат карпа

21.

Служење

21.0

Вовед

Служење значи служење на другите како што служел Спасителот (види Матеј 20:26–28).

Господ сака сите членови на Неговата Црква да добијат ваква грижа. Од оваа причина, носителите на свештенството се назначени како браќа на служба на секое домаќинство. Сестрите на служба се назначуваат на секоја возрасна сестра.

21.1

Одговорности на Браќата и Сестри на Служба

Браќата и сестри на служба ги имаат следните одговорности за поединците и семејствата што им се доделени:

  • Да им помогнат да ја зајакнат нивната вера во Небесниот Отец и Исус Христос.

  • Да им помогнат да се подготват и да се држат до светите завети со Бога кога ги примаат обредите.

  • Да ги распознаат потребите и да се обезбеди Христијанска љубов, грижа и служење.

  • Да им помогнат да станат духовно и времено самостојни.

21.2

Организирање на Службата

21.2.1

Задавање Задачи

Претседателствата на кворумот старешини и Здужението за Помош молитвено размислуваат кои задачи да им се зададат на браќата и сестрите на служба. Обично назначуваат по двајца браќа или две сестри како придружби. Бараат одобрение од епископот за придружници и задачи за служба.

Брачна двојка може да биде назначена на заедничка служба на една личност или семејство.

Браќата и сестри на служба не се повикуваат, поддржуваат или издвојуваат.

21.2.2

Задачи за Служење на Млади

Млада жена може да служи како придружник за служење на некоја сестра од Здружението за Помош, кога е подготвена и слободна. Таа може да почне со служење во годината кога ќе наполни 14 години.

2:30

Млад маж служи како придружник на служба на носител на Мелхиседеково Свештенство кога е ракоположен за повикот учител или свештеник.

21.3

Интервјуа за Служење

2:34

Претседателот на кворумот старешини и неговиот советник ги интервјуираат браќата на служба. Претседателот на Здружението за Помош и неговите советници ги интервјуираат сестрите на служба.

Овие интервјуа се одржуваат најмалку еднаш на четири месеци.

Нивната цел е да:

  • Се советуваат за силните страни, потребите и предизвиците на доделените поединци и семејства.

  • Да расправаат за начините за да им се помогне на лицата да ги примат обредите ако е потребно.

  • Да размислат како кворумот старешини, Здружението за Помош, совет на оддел и другите може да помогнат.

  • Да ги поучуваат и охрабруваат браќата и сестри за служење.

21.4

Координација на Напорите за Служење

2:49

Претседателствата на Здружението за Помош и кворумот старешини се среќаваат заедно најмалку еднаш на четири месеци Проверуваат што научиле од Интервјуата за служба (види 21.3). Тие исто така ги координираат задачите доделени на лицата на служење.

Во единиците со малку активни членови, Претседателствата на Здржението за Помош и Кворумот Старешини може да одлучат да не им доделат браќа и сестри служење на некои членови.