„24. Мисионерски Препораки и Служба,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„24. Мисионерски Препораки и Служба,“ Извадоци од Општиот Прирачник.
24.
Мисионерски Препораки и Служба
24.0
Вовед
Во старо време, Господ дал налог за собирање на Израел меѓу „сите народи, кршатавајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух“ (Матеј 28:19; види и стих 20). Господ го обнови овој налог во овие последни денови (види Учењата и Заветите 39:11; 68:6–8; 112:28–30).
Да му се служи на Господа како мисионер е света привилегија. Тоа носи вечен благослов за лицето и за оние на кои тој или таа им служи (види Учењата и Заветите 18:14–16).
Господ бара секој достоен, способен млад човек да се подготви и да служи мисија.
Господ исто така ја поздравува желбата за служење на достојни, млади жени.
Постарите мисионери се исто така потребни и се охрабруваат да се подготват за служба.
24.1
Повикот за Служба
Мисионерите се претставници на Господ и мора да бидат повикани од соодветна власт (виде Учењата и Заветите 42:11; Поставки на верата 1:5). Повикот да се служи мисија обично е упатен од Претседателот на Црквата. За постарите мисионери кои служат, повикот е упатен од претседателот на кол.
24.2
Мисионерски Задачи
Повикот да служи како мисионер вклучува конкретна задача. Овие задачи се многу различни.
24.2.1
Млади Мисионери кои подучуваат
Повеќето млади мисионери се назначени да го подучуваат евангелието далеку од дома. Овие задачи се дадени со откровение на Апостолите. Овие мисионери служат под раководство на претседател на мисија.
24.2.2
Млади Мисионери кои Служат
Некои млади мисионери се назначени да служат во Црквата и заедницата додека живеат дома. Овие задачи се дадени со откровение на Апостолите и се дава на кандидатите чии околности се најпогодни за служење мисија (види 24.3.3).
24.2.3
Постари Мисионери
Сите постари мисионери се охрабруваат да најадат луѓе за подучување и им помагаат да се подготват за крштевање. Постарите мисионери може исто така да бидат назначени за поддршка на:
-
Членовите, областа и локалните водачи.
-
Црковните одделенија и објекти.
-
Добротворните организации.
Од постарите мисионери не се очекува да работат исто толку долго, за да ги извршуваат истите активности, или да ги исполнат истите очекувања како помладите мисионери.
Задачите за постарите мисионери се даваат со откровение на Апостолите. Кандидатите може да изразат претпочитање за некоја задача, но мора да бидат подготвени да прифатат каква било задача.
24.2.4
Постари Мисионери кои Служат
Покрај повиците во нивиот оддел и кол, членовите може да му служат на Господ како постари мисионери на служба. Овие мисионери служат вредно во црковните оддели, објекти и мисии (види 24.7.1). Тие живеат дома.
Постарите мисионери на служба се повикани од претседателот на кол. Тие служат под негово водство. Должината на времето поминато во служење секоја недела зависи од нивниот капацитет, можности за служење во нивната област и насоката дадена од Обласното Претседателство.
24.2.5
Резиме на мисионерски задачи
Следната табела ги сумира видовите на мисионерски задачи.
Млади Мисионери кои подучуваат |
Млади Мисионери на Служба |
Постари Мисионери |
Постари Мисионери на Служба | |
---|---|---|---|---|
Е повикан од | Млади Мисионери кои подучуваат Претседателот на Црквата | Млади Мисионери на Служба Претседателот на Црквата | Постари Мисионери Претседателот на Црквата | Постари Мисионери на Служба Претседателот на кол |
Се задаваат од | Млади Мисионери кои подучуваат Апостол | Млади Мисионери на Служба Апостол | Постари Мисионери Апостол | Постари Мисионери на Служба Претседател на кол |
Се издвојува од | Млади Мисионери кои подучуваат Претседател на кол | Млади Мисионери на Служба Претседател на кол | Постари Мисионери Претседател на кол | Постари Мисионери на Служба Претседател на кол или советник |
Живее | Млади Мисионери кои подучуваат Далеку од дома | Млади Мисионери на Служба Дома | Постари Мисионери Далеку од дома или дома | Постари Мисионери на Служба Дома |
Црковен водач | Млади Мисионери кои подучуваат Претседател на мисија или претседател на историски знаменитости | Млади Мисионери на Служба Претседател на кол | Постари Мисионери Претседател на мисија, храм или историски знаменитости; или Претседател на Област | Постари Мисионери на Служба Претседател на кол |
Известува на/Пријавува до | Млади Мисионери кои подучуваат Претседател на мисија или на историски знаменитости | Млади Мисионери на Служба Водач на Мисија за Служење | Постари Мисионери Претседател на мисија, храм, или на историски знаменитости; Претседател на област; директор на центарот за посетители; или раководител на црковен оддел или на објектите | Постари Мисионери на Служба Раководител на задачата за служење |
Возрасни барања | Млади Мисионери кои подучуваат 18–25 (мажи) | Млади Мисионери на Служба 18–25 (мажи) | Постари Мисионери 40 или постари доколку се во брак или самохрана сестра | Постари Мисионери на Служба 26 или постари |
24.3
Подготвување и Квалификување за Служење Мисија
Потенцијалните мисионери се охрабруваат за служење мисија од љубов кон Господа и Неговите чеда. Тие треба да бидат запознаени со прашањата за интервју за добивање мисионерска препорака.
24.3.1
Преобраќање кон Исус Христос
Потенцијалните мисонери се трудат да го зајакнат своето преобраќање кон Исус Христос и Неговото обновено евангелие.
24.3.2
Исполнување на Стандардите за Достојност
Потенцијалните мисионери се трудат да бидат достојни за придружбата на Светиот Дух. Ова е потребно за ефикасно мисионерско служење (види Учењата и Заветите 42:13–14).
24.3.2.1
Покајание
Покајанието бара да се практикува вера во Христос, да се има искрена намера и да се одржуваат заповедите. Тоа вклучува признавање и напуштање на гревот. За сериозни гревови, покајанието бара признавање на епископот или претседателот на кол.
На лицето кое се покајува му е простено и е исчистено преку Помирувањето и милоста на Исус Христос. Господ повеќе не се сеќава на гревот. (Види Исаија 43:25; Јаков 6:5; Алма 34:15–17; Хеламан 5:10–11; Учењата и Заветите 58:42–43. Види и 32.1 во овој прирачник.)
Кандидатот мисионер мора да се покајал за сериозен грев пред претседателот на кол да ја поднесе неговата или нејзината препорака (види 32.6; види и 24.4.4). Процесот на покајание вклучува доволно време за личноста да покаже преку праведно живеење дека таа или тој го примил духот на Христос за простување на гревовите.
24.3.3
Физичко, Ментално и Емоционално Здравје
Мисионерската работа е предизвик. Млади Мисионери кои подучуваат мора да бидат посветени и физички, ментално и емоционално способни да го одработат целосниот мисионерски распоред.
24.3.4
Финансии
24.3.4.1
Финансирање Млади Мисионери кои Служат Далеку од Дома
Младите кандидати кои се подготвиле според своите можности не треба да одложуваат поради финансиски причини. Оние на кои им е потребна финансиска помош за да ги исполнат планираните обврски за придонес, може да ја добијат од поширокото семејство и пријателите.
Ако потребата продолжи, епископот или претседателот на кол може да побара од членовите на одделот или колот да придонесат во мисионерскиот фонд на одделот.
Буџетите на локалната единица и средствата од посни прилози не смеат да се користат.
Месечна обврска за придонес. Млади Мисионери за подучување и нивните семејства секој месец даваат одредена сума за да помогнат во покривањето на трошоците на мисионерската програма.
Придонесите одат во фондот за мисионери на одделот. Епископите проверуваат дали средствата се исплаќаат секој месец. Средствата кои го надминуваат месечниот износ не треба да се плаќаат однапред. Авансно уплатените средства не можат да се вратат ако мисионер се врати дома порано.
Трошоци во полето. Секој месец, младите мисионери добиваат средства за мисија за да обезбедат храна, транспорт и други животни трошоци. Овие средства се свети. Мисионерите ги користат само за цели поврзани за мисијата. Тие не треба да се користат за лични трошоци, да се чуваат или да се испраќаат до членови на семејството или други. Мисионерите ги враќаат непотребните средства на мисијата.
Мисионерите користат лични средства за покривање на други трошоци. Овие лични трошоци треба да бидат минимални. (Види Мисионерски Стандарди за Учениците на Исус Христос, 4.8.)
24.3.4.2
Финансирање Постари Мисионери кои Служат Далеку од Дома
Месечна Обврска за Придонес. Постарите мисионери кои служат далеку од дома секој месец даваат средства во мисионерскиот фонд на нивниот оддел дома. Овие средства им помагаат да се покријат трошоците за домување и возила.
Епископите проверуваат секој месец дали се дадени средства. Средствата над месечниот износ не треба да се даваат однапред.
Дополнителни трошоци. Покрај месечната обврска за придонес, што помага да се покријат трошоците за домување и возила, постарите мисионери треба целосно да ги покријат сите други трошоци, вклучувајќи ја и храната.
24.3.4.3
Финансирање Мисионери кои Служат Дома
Мисионерите кои служат дома се одговорни за сите свои финансиски потреби.
24.3.4.4
Здравствено Осигурување и Трошоци
На сите мисионери им се препорачува да го задржат постојното здравствено осигурување доколку е можно, вклучително и младите мисионери кои подучуваат.
Мисионерите кои служат дома мора да обезбедат сопствено здравствено и друго осигурување. Постарите мисионери кои служат далеку од дома, исто така, мора да го обезбедат ова покривање. Постарите мисионери кои ќе служат надвор од својата татковина можеби ќе можат да добијат осигурување преку Здравствен План за Постари Лица на Служба.
24.3.5
Улогата на Членовите на Семејството и Водачите во Подготовка на Мисионерите
Членовите на семејството, епископите и другите водачи им помагаат на младите да се подготват да служат мисија.
Членовите на семејството и водачите ги охрабруваат сите кандидати за мисионери да ги проучуваат:
-
Книгата на Мормон и другите свети писма.
-
Safeguards for Using Technology.
Членовите на семејството и водачите им помагаат на сите кандидати да се посветат на почитување на мисионерските стандарди. Тие ги охрабруваат кандидатите да го проучат прирачникот за мисионерски стандарди што се однесува на нивната идна задача:
-
За млади мисионери кои подучуваат: Мисионерски Стандарди за Учениците на Исус Христос
24.4
Изавање Препораки на Мисионери
24.4.1
Здравствени Проценки
Сите кандидати мора да ја проценат здравствената подготвеност од страна на здравствените работници.
24.4.2
Интервјуа и Формулар за Препорака
Епископот и претседателот на кол спроведуваат темелни, духовно испитувачки и возбудливи интервјуа со секој кандидат. Тие ги користат прашања за интервју за добивање мисионерска препорака.
Епископот и претседател на кол исто така ги проверуваат информациите за стандардите за достојност и здравствена подготвеност во Мисионерскиот интернет Систем за Препораки. Епископот и претседателот на кол не додаваат никакви стандарди за подобност. Ниту пак ги менуваат прашањата за интервју.
Ако епископ и претседател на кол имаат одредени сомнежи за тоа дали кандидатот ги исполнува критериумите за достојност или за неговото здравје, тие се консултираат заедно со лицето. Со дозвола на младиот кандидат, тие може да се советуваат и со неговите или нејзините родители. Епископот или Претседател на кол не доставуваат препорака сѐ додека лицето не се покае за сериозен грев (види 24.3.2.1). Во зависност од физичкото, ментално или емоционално здравје на лицето тие може да ја разгледаат можноста да бидат назначени за служење мисија.
Во итни случаи кога епископот или претседателот на кол не се достапни, тој може да овласти еден од неговите советници да ги спроведе овие интервјуа.
Во окрузите, претседателот на мисија или назначениот советник ги интервјуираат и им даваат препораки на кандидатите за мисионери. Претседателите на округ не ги водат овие интервјуа.
24.4.4
Оние кои не се во Можност за Служење Полновремена Мисија
Понекогаш член кој сака да служи можеби нема да биде повикан како полновремен мисионер. Ова може да се должи на здравствените предизвици, неисполнување на критериумите за достојност, правни прашања или други околности. Претседателот на кол може да ги ослободи од служење полновремена мисија.
24.5
Откако ќе се Добие Мисионерски Повик
Новоповиканите мисионери се охрабруваат да ја читаат или да ја препрочитаат Книгата на Мормон пред почетокот на својата мисија. Тие го следат советот на Цар Бенџамин да „обрнат внимание на себе, на своите мисли, на зборовите и на своите дела“ (Мосија 4:30).
24.5.1
Храмско Дарување и Храмско Служење
Ако новоповиканите мисионери не го примиле обредот на дарување во храмот, тие треба да го сторат тоа пред почеток на мисионерското служење онаму каде е возможно (види Учењата и Заветите 43:15–16; 105:33). Ова ги вклучува мисионерите кои служат ако тоа одговара на нивните околности.
Новоповиканите мисионери кои се дарувани може да служат како храмски обредни работници пред почетокот на служењето мисија доколку е применливо (види 25.5).
24.5.2
Сакраментални средби
Претседателството на епископија ги кани новоповиканите мисионери да зборуваат на сакраменталните средби пред почеток на нивната мисија. Ова е редовна сакраментална средба. Фокусот треба да биде ставен на сакраментот и на Спасителот.
24.5.3
Издвојување на Мисионери
Како што се приближува датумот за почеток на мисијата локалниот претседател на мисија го издовјува секој мисионер. Во итни случаи кога претседателот на кол е недостапен, тој може да овласти еден од неговите советници да ги издвои мисионерите.
Претседателот на мисија или еден од неговите советници ги издвојува мисионерите кои се повикани од окрузите во неговата мисија. Претседателот на округ не издвојува мисионери.
Брат кој служи далеку од дома мора да има примено Мелхиседеково Свештенство пред да биде издвоен како мисионер. Брат кој ќе служи како мисионер треба да биде носител на Мелхиседеково Свештенство доколку е соодветно за неговите околности.
24.6
Служба Далеку од Дома
24.6.2
Во Полето
24.6.2.5
Барање за Финансиска Поддршка, Школување или Имиграција на Други
Мисионерите и нивните семејства не треба да обезбедуваат финансиска поддршка за оние кои живеат каде што служат мисионерите, вклучувајќи финансиска поддршка за школување. Ниту треба мисионерите и нивните семејства да спонзорираат лица кои сакаат да имигрираат во други држави (види 38.8.19).
24.6.2.8
Членски Записи и Десеток
Домашниот оддел на мисионерот го задржува неговиот членски запис. Домашниот оддел исто така го заведува неговиот или нејзиниот стаус за десеток. Мисионерите не плаќаат десеток за средствата за поддршка што ги добиваат за мисијата. Меѓутоа, тие плаќаат десеток ако имаат лични приходи.
24.6.3
Враќање Дома од Мисија
24.6.3.1
Враќање Дома Како Што Првично е Планирано
Мисионерите и нивните членови на семејството не треба да бараат порано ослободување или продолжување на службата за лична погодност.
Младите мисионери треба да отпатуваат директно дома од своите мисии. Било какво друго патување може да биде одобрено само доколку мисионерот е придружуван од најмалку еден родител или старател.
Мисионерите не се ослободуваат сѐ додека не се пријават кај нивниот претседател на кол. Сѐ дотогаш ги следат мисионерските стандарди.
24.6.3.2
Враќање Порано Дома
Некои мисионери порано се ослободуваат поради нарушено здравје, недостаток на достојност или други причини. Епископите или претседателите на кол даваат посебна поддршка за овие вратени мисионери. Водачите им помагаат да работат на подобрување на зравствената состојба или да се вратат на служба доколку е возможно.
24.7
Мисии за Служење
24.7.1
Идентификување на можности за Мисионери кои служат
Епископот, претседателот на кол и мисионерот кој служи се консултираат за да идентификуваат локални можности за служење. За млади мисионери кои служат, водачот на мисионерите за служење и родителите или старателите на мисионерот учествуваат во дискусијата.
24.8
По отслужувањето Мисија
24.8.2
Интервју за Ослободување од Мисија
Претседателот на кол ги ослободува мисионерите и го води интервјуто за ослободување. Во окрузите, обично претседателот на мисија или назначениот советник ги ослободуваат мисионерите.
Следните упатства за ова интервју може да бидат од помош.
-
Охрабрете ги да продолжат како доживотни ученици на Исус Христос.
-
Советувајте ги да се изградат врз основа на добрите навики што ги развиле како мисионери.
-
Охрабрете ги да размислат и да се подготват за иднината, вклучително и образованието и вработувањето на младите мисионери.
-
Охрабрете ги секогаш да живеат достојно за храмска препорака.
24.8.4
Повици
Водачите веднаш им даваат задачи за служење и повици на неодамна ослободените мисионери. Ова вклучува да бидат вбројани како храмски обредни работници, доколу е применливо (види 25.5).
24.9
Ресурси за Мисионерски Препораки и Служење
24.9.2
Веб-страници
-
MissionaryRecommendations.ChurchofJesusChrist.org (достапни само на локалните водачи и на кандидатите мисионери)