Прирачници и Повици
27. Храмски Обреди за Живите


„27. Храмски Обреди за Живите,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„27. Храмски Обреди за Живите,“ Извадоци од Општиот Прирачник

невеста и младоженец

27.

Храмски Обреди за Живите

27.0

Вовед

Храмот е дом Господов. Нѐ насочува кон нашиот Спасител, Исус Христос. Во храмовите, учествуваме во свети обреди и склучуваме завети со Небесниот Отец што нè врзуваат за Него и за Нашиот Спасител. Овие завети и обреди нè подготвуваат да се вратиме во присуството на Небесниот Отец и да бидеме запечатени како семејства за вечноста.

Преку храмските завети и обреди, „се открива моќта на божествената природа” (Учењата и Заветите 84:20).

Храмските завети и обреди се свети. За симболите поврзани со храмските завети не треба да се дискутира надвор од храмот. Ниту, пак, треба да дискутираме за светите информации за кои дадовме ветување во храмот дека нема да ги откриеме. Меѓутоа, можеме да разговараме за основните цели и доктрината на храмските завети и за духовните чувства што ги имаме во храмот.

Водачите на кол и оддел разговараат за информациите во ова поглавје со членовите кои се подготвуваат да примат обдарување или обреди за запечатување.

27.1

Примање на Храмските Обреди

27.1.1

Подготовка за Примање Храмските Обреди

Членовите треба духовно да се подготват за примање храмските обреди и да ги почитуваат храмските завети.

Родителите имаат примарна одговорност да им помогнат на своите деца да се подготват да ги примат храмските обреди. Водачите на кол и оддел, браќата и сестрите на служба и поширокото семејство ги поддржуваат родителите во оваа улога.

Достапни се ресурси кои ќе им помогнат на членовите да се подготват да ги примат храмските обреди на temples.ChurchofJesusChrist.org.

Членовите кои се подготвуваат да го примат сопственото дарување или да бидат запечатени со сопружникот се охрабруваат да присуствуваат на час за подготовка за храм (види 25.2.8).

27.1.3

Членови Со Телесен Инвалидитет

Достојни членови кои имаат физичка попреченост може да ги добијат сите храмски обреди. Овие членови се охрабруваат да присуствуваат во храмот со обдарени роднини или пријатели од ист пол кои може да им помагаат. Ако членовите немаат можност да донесат член на семејството или пријател, можат да се најават однапред за да видат што може да договорат.

27.1.4

Помош при Превод или Толкување

Ако на членовите им треба помош со превод или толкување, тие треба да однапред да се најават во храмот за да видат дали е достапна.

27.1.5

Облека што се Носи во Храм

Кога одат во храмот, членовите треба да ја носат онаа облека што вообичаено ја носат на сакраменталните средби.

Види 27.3.2.6 за информации за облека што треба да се носи за брак или запечатување во храм.

Види 38.5 за информации за:

  • Облека што се носи за време на обдарувањето и обредите за запечатување.

  • Обезбедување, носење и грижа за свечена храмска облека и долна облека.

27.1.6

Детска Грижа

Децата мора да имаат надзор од возрасен, доколку се на територија на храмот. Храмските работници се достапни за да ги надгледуваат децата само во следните околности:

  • Ако треба да се запечатат со родителите

  • Ако го набљудуваат запечатувањето на нивните живи браќа и сестри, полубраќа или полусестри, или полубраќа, полусестри со нивните родители.

27.1.7

Среќавање со Членовите откако Ги Примиле Храмските Обреди

Членовите често имаат прашања откако ќе примат храмските обреди. Обдарените членови на семејството, епископот, другите водачи на оддел и браќата и сестри на служба може да се среќаваат со членовите за да разговараат за нивното храмско искуство.

Ресурси кои ќе помогнат да се одговори на прашањата се достапни на temples.ChurchofJesusChrist.org.

27.2

Обдарувањето

Зборот обдарување значи „дар“. Храмската обдареност е буквално дар од Бога со кој што Тој ги благословува Своите чеда. Некои од даровите што членовите ги добиваат преку храмската обдареност вклува:

  • Подобро познавање на Господовите цели и учења.

  • Сила да се прави сѐ она што Небесниот Отец сака Неговите чеда да го направат.

  • Божествено водство кога му служите на Господа, на нивните семејства и на другите.

  • Зголемена надеж, утеха и мир.

Исполнувањето на овие благослови зависи од верноста кон евангелието на Исус Христос.

Обдарувањето се добива во два дела. Во првиот дел, човекот добива прелиминарен обред наречен иницијален обред. Иницијалниот обред исто така е познат како миење и помазание (види Излез 29:4–9). Вклучува посебни благослови поврзани со божественото наследство и потенцијал на лицето.

За време на иницијалниот обред, членовите се обврзани да носат храмска долна облека. Долната облека го претставува личниот однос на човекот со Бога и посветеноста да се покори на заветите дадени во храмот. Кога членовите се верни на своите завети и ја носат долната облека правилно во текот на нивниот живот, тоа служи и како заштита. За информации за носење и грижа за долната облека, види 38.5.5.

Во вториот дел од обдарувањето, се учи планот за спасение, вклучувајќи го Создавањето, Падот на Адам и Ева, Помирувањето на Исус Христос, Отпадништвото и Обновувањето. Членовите добиваат и упатства како да се вратат во присуство на Господ.

Во обдарувањето, членовите се поканети да влезат во следните свети завети:

  • Да го живеат законот за послушност и да настојуваат да се држат до заповедите на Небесниот Отец.

  • Да се покоруваат на законот за жртвувањето, што значи да се жртвуваат себе си за да го поддржат делото на Господ и да се покаат со скршено срце и скрушен дух.

  • Да се покорат на евангелието за Исус Христос, што е повисокиот закон што Тој го проповедаше додека беше на земјата.

  • Да го почитуваат законот за чедност, што значи дека член има сексуални односи само со личноста со која е законски во брак според Божјиот закон.

  • Да го почитуваат законот за осветување, што значи дека членовите го посветуваат своето време, таленти и сѐ она со што Господ ги благословил за да ја изградат Црквата на Исус Христос на земјата.

За возврат, Небесниот Отец ветува дека оние кои остануваат верни на храмските завети ќе бидат обдарени „со сила одозгора“ (Учењата и Заветите 38:32, 38; види и Лука 24:49; Учењата и Заветите 43:16).

27.2.1

Кој Може да Прими Обдарување

Сите одговорни возрасни членови на Црквата се поканети да се подготват и да го примат сопственото обдарување. Сите претходно побарани обреди мора да се извршат и заведат пред членовите да примат обдарување (види 26.3.1).

27.2.1.1

Новокрстени Членови

Достојните возрасни нови членови можат да бидат обдарени по најмалку една цела година од датумот на нивното потврдување.

27.2.1.2

Членови Со Телесен Инвалидитет

Достоен член чиј брачен другар кој не е обдарен може да биде обдарен кога се исполнети следниве услови:

  • Необдарениот брачен другар ја дава својата согласност.

  • Членот, епископот и претседателот на кол се уверени дека одговорноста која произлегува од храмските завети нема да го наруши бракот.

Овие услови се применуваат без разлика дали брачниот другар е член на Црквата или не.

27.2.1.3

Членови Со Интелектуална Попреченост

Членовите кои имаат интелектуална попреченост може да го примат своето сопствено дарување ако:

  • Ги примиле сите предусловни обреди (види 26.3.1).

  • Имаат интелектуален капацитет да ги разберат, да ги склучат и да се држат до потребните завети

Епископот се консултира со членот и доколку е применливо со неговите родители Тој, исто така, бара насока од Духот. Може да се советува со претседателот на кол.

27.2.2

Одлука Кога да се Прими Дарувањето

Одлуката дали да се прими обдарувањето е лична и треба да се донесе преку молитва. Обдарувањето е благослов за сила и откровение за сите кои се подготвени да го примат. Членовите може да изберат да го примат своето сопствено дарување кога се исполнети следните услови:

  • Имаат најмалку 18 години.

  • Имаат завршено или повеќе не посетуваат средно, средно училиште или еквивалент.

  • Поминала една цела година од нивното потврдување.

  • Чувствуваат желба да ги примат и да ги почитуваат светите храмски завети во текот на нивниот живот.

Членовите кои примиле мисионерски повик или се подготвуваат да бидат запечатени во храмот треба да добијат обдарување.

Пред да се издаде храмска препорака за член да биде обдарен, епископот или претседател на кол треба да добие впечаток дека лицето е подготвено да ги разбере и да се држи до светите храмски завети. Оваа подобност се одредува поединечно за секое лице.

27.2.3

Планирање и Закажување на Дарувањето

27.2.3.1

Добивање на Препорака за Обреди за Живи

Член мора да добие препорака за обреди за живи за да влезе во храм и да биде обдарен. За информации за овие препораки, види 26.5.1.

27.2.3.2

Стапување во контакт со Храмот

Членовите кои планираат да го примат дарувањето треба однапред да стапат во контакт со храмот за закажување на обредот.

27.2.3.3

Придружба за Членовите кои треба да Примат Дарување

Членовите кои треба да бидат дарувани може да поканат обдарен член од истиот пол да ги придружува и да им помага за време на сесијата за дарување. Придружбата мора да има важечка храмска препорака. Храмот може да обезбеди придружба доколку е потребно.

27.3

Запечатување на маж и жена

Храмското запечатување ги обединува мажот и жената заедно за овој живот и за вечноста. Тие ќе ги примат овие благослови ако се верни на заветите што ги склучуваат во храмот. Преку овие обреди, и нивните деца може да бидат дел од нивното вечно семејство.

Црковните водачи ги охрабруваат членовите да се венчаваат и запечатуваат во храм. Онаму каде што храмските бракови не се законски признати, овластени црковни водачи или други може да извршуваат граѓански бракови проследени со запечатување во храмот (види 38.3). Овој модел може да се следи и кога храмскиот брак може да предизвика родителите или членовите на потесното семејство да се чувствуваат исклучени бидејќи тие не смеат да присуствуваат на храмската свеченост.

27.3.1

Кој Може да Биде Запечатен во Храм

Сите одговорни невенчани членови на Црквата се поканети да се подготват за храмско запечатување. Оние кои стапиле во граѓански брак се охрабруваат да бидат запечатени во храмот за овој живот и вечноста штом ќе бидат подготвени. Членовите мора да бидат обдарени пред да бидат запечатени (види 27.2).

Паровите кои се запечатени во храмот мора да бидат или (1) во граѓански брак пред да бидат запечатени или (2) венчани и запечатени на истата храмска свеченост. Види 27.3.2.

27.3.1.2

Членови Со Интелектуална Попреченост

Членовите кои имаат интелектуална попреченост може да бидат запечатени со нивниот брачен другар, вереник или свршеница ако:

  • Тие ги примиле сите предусловни обреди, вклучувајќи го и дарувањето (види 27.2.1.3).

  • Имаат интелектуален капацитет да ги разберат, да склучат и да се држат до потребните завети

Епископот се советува со членот и неговиот брачен другар, вереник или свршеница. Тој, исто така, бара насока од Духот. Може да се советува со претседателот на кол.

27.3.2

Планирање и Закажување на Храмски Брак и Запечатување

27.3.2.1

Добивање на Препорака за Обреди за Живи

Член мора да прими препорака за обреди за живи за да биде запечатен со својот брачен другар. За информации за овие препораки, види 26.3.

27.3.2.2

Стапување во контакт со Храмот

Членовите кои планираат да се венчаат или да бидат запечатени со брачен другар треба однапред да стапат во контакт со храмот за да го закажат обредот.

27.3.2.3

Добивање на Дозвола за Брак

Пред да стапат во брак, двојката мора да добие законска дозвола за брак што е валидна каде што ќе се склучи бракот. Ако двојката планира да се венча и да се запечати во текот на една свеченост, тие мора да понесат важечка дозвола за брак во храмот.

Двојките што се запечатуваат по склучување на граѓански брак не треба да ја носат брачната дозвола во храмот. Наместо тоа, тие доставуваат датум и локација на нивниот граѓански брак како дел од процесот на верификација на записот.

27.3.2.4

Придружба за Невестата и Младоженецот

Обдарена сестра може да ја придружува невестата за да и помага во собата за облекување. Обдарен брат може да го направи истото за младоженецот. Придружбата мора да има важечка храмска препорака. Храмот може да обезбеди придружба доколку е потребно.

27.3.2.5

Кој Врши Храмски Брак или Запечатување

Храмски брак или запечатување обично го врши запечатувач кој е назначен во храмот каде што двојката ќе биде венчана или запечатена. Ако член на семејство или познаник е носител на овластување за запечатување и е назначен во храмот каде двојката ќе биде венчана или запечатена, тие може да го поканат за да го изврши обредот на венчавање или запечатување.

27.3.2.6

Соодветна Облека за Храмски Брак или Запечатување

Невестински Фустан Невестинскиот фустан кој се носи во храмот треба да биде бел, скромен во дизајн или ткаенина, или без сложени украси. Тој треба да ја покрива храмската долна облека. Прозираната ткаенина треба да биде обложена.

За да се усогласи со другите фустани што се носат во храмот, невестинскиот фустан треба да има долги или три-четвртини ракави. Фустаните не треба да имаат додаток на задната страна што се движи зад вас додека одите освен ако тој не може да се прицврсти или отстрани за церемонијата на запечатување.

Храмот може да обезбеди фустан ако е потребно или посакувано.

Облека за Младоженецот Младоженецот носи обична храмска облека за време на венчавката или свеченоста на запечатување (види 38.5.1 и 38.5.2).

Облека за Гостите. Оние што присуствуваат на венчаваката или церемонијата за запечатување треба да облечат облека слична на облеката што би ја облекле за сакраментална средба. Членовите кои доаѓаат на запечатување директно од сесијата за дарување може да носат церемонијална храмска облека.

Цвеќиња. Двојката и нејзините гости не треба да носат цвеќиња за време на венчавката или церемонијата за запечатување.

27.3.2.7

Размена на Прстени по Храмски Брак или Запечатување

Размена на прстени не е дел од церемонијата на храмско запечатување. Меѓутоа, двојките може да разменуваат прстени после церемонијата во собата за запечатување. Двојките не треба да разменуваат прстени во било кое друго време или место во храмот или на храмска територија.

Двојките кои се венчани и запечатени во истата церемонија може подоцна да разменат венчални прстени во друга прилика за да ги задоволат членовите на семејството кои не можат да присуствуваат на венчавање во храмот. Размената не треба да го имитира било кој дел од венчавањето во храмот или церемонијата за запечатување. Двојката не треба да разменува ветувања откако ќе се биде венчана или запечатена во храмот.

Двојките кои се венчани граѓански пред нивното запечатување во храмот можат да разменат прстени за време на нивната граѓанска церемонија, на самото храмско запечатување или на двете церемонии.

27.3.4

Кој Може да Присуствува на Венчавање или Запечатување во Храмот

Двојките треба да ги поканат само најблиските членови на семејството и пријателите на венчавката или запечатувањето во храмот. Одговорни членови мора да бидат обдарени и да имаат важечка храмска препорака за да присуствуваат.

Претседателот на кол може да овласти лице кое не е крстено или дарувано поради интелектуална попреченост да ја набљудува храмската венчавка или запечатувањето на неговите или нејзините браќа и сестри. Лицето мора да:

  • Да има најмалку 18 години.

  • Да биде во можност да остане богобојажливо (да изразува длабока почит) за време на церемонијата.

Претседателот на кол пишува писмо во кое наведува дека лицето е овластено да го набљудува запечатувањето. Ова писмо се презентира во храмот.

27.4

Запечатување Живи Деца со Родителите

Децата кои се родени откако нивната мајка е запечатена со сопругот во храм се родени во заветот на тоа запечатување. Тие не треба да го примат обредот за запечатување со родителите.

Децата кои се родени во заветот може да станат дел од вечното семејство со запечатување со нивните родени родители или посвоители. Овие деца имаат право на истите благослови како и оние кои се родени во заветот.

27.4.2

Стапување во контакт со Храмот

Двојката која сака да ги запечати своите деца со нив, или децата кои сакаат да бидат запечатени со своите починати родители, треба однапред да стапат во контакт со храмот за да го закажат обредот.