„30. Повици во Црквата,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„30. Повици во Црквата,“ Извадоци од Општиот Прирачник
30.
Повици во Црквата
30.0
Вовед
Повиците им даваат можности на членовите да ја почувствуваат радоста од служењето на Бога служејќи им на Неговите деца (види Мосија 2:17). Повиците исто така им помагаат на членовите да ја зголемат својата вера и да се приближат до Господ.
Не е соодветно да имате претензии кон конкретни повици во Црквата (види Марко 10:42–45; Учењата и Заветите 121:34–37). Ниту пак црковните членови „напредуваат“ од еден повик до друг. Верно служење на повик е поважно од она што претставува самиот повик. Господ ја почитува посветеноста на сите кои служат во Неговата Црква.
30.1
Одлучување Кој да се Повика
30.1.1
Општи насоки
Оние кои служат во Црквата се повикани од Бога (види Евреите 5:4; Поставки на Верата 1:5). Водачите бараат водство од Духот за да одредат кого да повикаат (види и 4.2.6). Тие исто така ги земаат во предвид:
-
Достојноста на членот (како што е утврдено во интервју).
-
Дарбите и способностите што ги има членот, или што би можел да ги развие, за да ги благослови другите.
-
Личните околности на членот, вклучувајќи го неговото или нејзиното здравје и работа.
-
Влијанието што повикот може да го има врз бракот на членот и семејството.
Членовите се благословени за жртвите што ги прават за да служат во Црквата. Меѓутоа, повикот не треба да става непотребни оптоварувања на поединци и семејства. Ниту пак повиците треба да ги спречуваат членовите да ги исполнат своите професионални обврски.
Општо земено, секој член е повикан да служи во само еден повик во исто време, покрај тоа што е брат или сестра на служба.
Кога се упатува повик до член кој е во брак, водачите треба да се погрижат сопружникот да биде свесен и да го поддржува повикот. Пред да се упати повик до млад маж или млада жена, водачите обезбедуваат одобрение од неговите родители или старатели.
Пред да биде доделен повик, епископот внимателно го проверува членскиот запис на лицето за да провери дека тоа не содржи анотација или формално ограничување на членство.
30.1.2
Повици за Нови Членови
Можностите за служење им помагаат на членовите да растат духовно.
Водачите на оддел им даваат на новите членови можности за служење набрзо откако ќе бидат крстени и потврдени.
30.1.3
Повици за Оние Кои Не се Членови
Луѓето кои не се членови на Црквата може да бидат повикани на некои позиции, како што се органист, музички директор или повик што ќе помогне да планира активности. Меѓутоа, тие не треба да бидат повикани како учители, како членови на претседателство на кворум или организации, или како водачи на музика за Основно.
30.1.4
Доверливост
Повиците и објавите се свети. Поради оваа причина, водачите ги третираат информациите за предложените повици и ослободувања како доверливи.
30.1.5
Препораки и Одобренија за Повици
Графиконот за повици укажува кому му е дозволено да дава препораки за секој повик и кој дава одобрение (види 30.8).
Епископите и претседателите на кол внимателно ја разгледуваат секоја препорака, признавајќи дека е дадена во молитва. Претседателството на епископија и на кол ја имаат конечната одговорност за да добијат вдахновение кого да повикаат.
30.2
Продолжување на Повик
Прифаќањето повик за служење треба да биде значајно духовно искуство за еден член.
Кога водачот упатува повик, објаснува дека тој доаѓа од Господ.
Водачот може исто така:
-
Да ја објасни целта, важноста и одговорноста на повикот.
-
Да го охрабри членот да го бара Господовиот Дух во исполнување на повикот.
-
Да сведочи дека Господ ќе му помогне на членот и ќе го благослови за неговата верна служба.
-
Да му каже на членот кој ќе обезбеди обука и поддршка за повикот.
-
Да го информира членот за било какви средби на кои треба да присуствува и за било какви ресурси што се достапни.
30.3
Поддржување на Членови за Повици
Оние кои се повикани на повеќето црковни позиции треба да се присутни за поддршка пред да почнат да служат (види Учењата и Заветите 28:13; 42:11).
Лицето кое го води поддржувањето најнапред објавува кој е ослободен од позиција (доколку има). Тој ги повикува членовите да изразат на благодарност за службата на тоа лице (види 30.6).
Кога се претставува лице за поддршка, овластен свештенски водач го повикува да стане. Водачот мора да користи формулација како следната:
„[Име] се повикува за [позиција]. Оние кои се за поддржување на [него или неа] може да го покажат тоа со подигната рака. [Кратка пауза.] Може да покажат, доколку има, и оние кои се против. [Кратка пауза.]“
Ако член во добра состојба се противи на повикот, претседавачот или друг назначен свештенски водач се состануваат насамо со него по средбата.
30.4
Издвојување на членови за Служба на Повик
За повеќе информации, види 18.11.
30.6
Ослободување Членови од Повици
Кога претседател или епископ е ослободен, неговите или нејзините советници автоматски се ослободуваат.
Упатување на ослободување е важна можност за водачот да изрази благодарност и да ја признае Божјата рака во службата на членот. Водачот лично се среќава со членот за да го информира за ослободувањето пред тоа јавно да биде објавено. Само оние кои треба да знаат се информираат за ослободувањето пред тоа јавно да биде објавено.
Овластен свештенски водач го објавува ослободувањето во ист амбиент каде лицето било поддржано. Водачот мора да користи формулација како следната:
„[Име] се ослободува од [позиција]. Оние кои би сакале да искажат благодарност за [неговата или нејзината] служба може да го покажат тоа со подигната рака.
Водачот не бара некој да се противи.
30.8
Графикон за Повици
30.8.1
Повици за Оддел
Повик |
Препорачан од |
Одобрен од |
Поддржан од |
Повикан и издвоен од |
---|---|---|---|---|
Повик | Препорачан од Претседателство на кол, користи РВС | Одобрен од Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол по добивање одобрение од Првото Претседателство |
Повик | Препорачан од Епископ | Одобрен од Претседателство на кол и висок совет | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник |
Повик | Препорачан од Претседателство на Епископија | Одобрен од Претседателство на кол и висок совет | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник или висок советник (член на совет) |
Повик | Препорачан од Претседателство на Епископија | Одобрен од Претседателство на кол и висок совет | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник или висок советник (член на совет) |
Повик | Препорачан од Претседателство на кол (во консултација со епископот) | Одобрен од Претседателство на кол и висок совет | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол |
Повик | Препорачан од Претседател на Кворум (во консултација со епископот) | Одобрен од Претседателство на кол и висок совет | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник или висок советник (член на совет) |
Повик Други повици за Кворумот старешини | Препорачан од Претседателство на Кворум | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Кворум | Повикан и издвоен од Претседател на кворум или назначен советник |
Повик Претседатели на Организацијата на Оддел | Препорачан од Претседателство на Епископија | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ |
Повик Советници во претседателствата на Организација на Оддел | Препорачан од Претседател на Организација | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик Други повици на Здружени за Помош за оддел | Препорачан од Претседателство на Здружение за Помош | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Здружение за Помош | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик Други повици за Млади Жени, Основно и Неделна Школа за оддел | Препорачан од Претседателство на Организација | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик | Препорачан од Претседателство на епископија (во консултација со кворумот на старешини и претседателите на Здружение за Помош) | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик | Препорачан од Претседавач на Претседателството на Епископија или Претседатели на Кворумот Старешини и Здружение за Помош | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик | Препорачан од Претседателство на епископија (во консултација со кворумот на старешини и претседателите на Здружение за Помош) | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик | Препорачан од Епископ (како претседател на кворумот Свештеници) | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Кворум | Повикан и издвоен од Епископ |
Повик | Препорачан од Претседателство на Епископија | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Кворум | Повикан и издвоен од Повикан од епископ или назначен советник; издвоен од епископот |
Повик Советници во претседателствата на учители и кворумот на ѓакони и секретари на кворум | Препорачан од Претседател на Кворум | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Кворум | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик | Препорачан од Претседателство на епископија (во консултација со претседателството на Млади Жени) | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Клас | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик Советници во претседателствата на Млади Жени и секретарки на клас | Препорачан од Претседател на клас | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Клас | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
Повик Други Повици за Оддел | Препорачан од Претседателство на Епископија | Одобрен од Претседателство на Епископија | Поддржан од Членови на Оддел | Повикан и издвоен од Епископ или назначен советник |
30.8.2
Повици за Гранка
Повик |
Препорачан од |
Одобрен од |
Поддржан од |
Повикан и издвоен од | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Повик | Препорачан од Претседателство на кол, мисија или округ | Одобрен од Претседателство на кол или висок совет или претседателство на мисија | Поддржан од Членови на гранка | Повикан и издвоен од Претседател на кол или мисија (или претседател на округ ако е назначен) | ||||||||||||
Повик | Препорачан од Претседател на гранка | Одобрен од Претседателство на кол и висок советник или претседател на мисија (или, кога е овластен од претседателот на мисија, претседателство на округ) | Поддржан од Членови на гранка | Повикан и издвоен од Претседател на кол, мисија, округ или назначен советник | ||||||||||||
Повик Службеник на Гранка, асистент на службеник и извршен секретар | Препорачан од Претседателство на гранка | Одобрен од Претседателство на кол и висок советник или претседател на мисија (или, кога е овластен од претседателот на мисија, претседателство на округ) | Поддржан од Членови на гранка | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник или висок советник (за гранките во коловите); претседател на округ или свештенски водач што тој го назначува (за гранките во мисии) | ||||||||||||
Повик | Препорачан од Претседателство на кол, округ или мисија (во консултација со претседателот на гранка) | Одобрен од Претседателство на кол и висок советник или претседател на мисија (или, кога е овластен од претседателот на мисија, претседателство на округ) | Поддржан од Членови на гранка | Повикан и издвоен од Претседател на кол или мисија (или претседател на округ ако е назначен) | ||||||||||||
Повик | Препорачан од Претседател на Кворум (во консултација со претседателот на гранка) | Одобрен од Претседателство на кол и висок советник или претседател на мисија (или, кога е овластен од претседателот на мисија, претседателство на округ) | Поддржан од Членови на гранка | Повикан и издвоен од Претседател на кол или назначен советник или висок советник (или претседател на округ или друг свештенски водач ако е назначен) | ||||||||||||
Повик Други Повици за Оддел | Препорачан од Види 30.8.1, замена за претседател на гранка за епископ и гранка за оддел. | Одобрен од Види 30.8.1, замена за претседател на гранка за епископ и гранка за оддел. | Поддржан од Види 30.8.1, замена за претседател на гранка за епископ и гранка за оддел. | Повикан и издвоен од Види 30.8.1, замена за претседател на гранка за епископ и гранка за оддел. |