Децата и Младите Помагаат
Вовед


„Вовед,“ Децата и Младите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни: Воведен Водич за Родители и Водачи (2020)

„Вовед“

Вовед

Заедно, родителите и водачите им помагаат на децата и младите да го продлабочат нивното преобратување, да станат достојни ученици на Господ Исус Христос и да станат мажи и жени со интегритет преку:

  • Учење на Евангелието што инспирира лична посветеност.

  • Служење и активности кои го воздигнуваат телото и умот.

  • Личен развој што создава целосен раст.

Водечките принципи и општите улоги наведени во оваа брошура се прилагодливи. Не постои еден правилен начин да ги примените. Некои идеи и примери се достапни на интернет на ChildrenandYouth.ChurchofJesusChrist.org. Барајте инспирација за да знаете што е најдобро за секој поединец (види “Променете се и Прилагодете се”).

Генерацијата што Расте

млади како се смеат

Пророците кажаа дека оваа генерација на деца и млади е меѓу најдобрите што Господ ги испрати на земјата (види Расел М. Нелсон, молитвена духовна сесија за млади ширум светот (Russell M. Nelson, “Hope of Israel,” worldwide youth devotional), јуни 3, 2018, 16). Тие имаат потенцијал да направат огромно влијание врз светот. Повикани се да помогнат да се собере Израел од обете страни на превезот. Потребен е повисок, посвет пристап за нивно згрижување и служење. Овој пристап ќе им помогне на децата и младите:

  • Да го знаат нивниот вечен идентитет и цел.

  • Да го продлабочат нивното преобратување во Исус Христос, внесувајќи го евангелието во нивните срца и инспирирајќи ги да изберат да го следат Него.

  • Да ги исполнуваат должностите на Ароновото Свештенство.

  • Да учествуваат заедно во работата на спасение.

  • Да се развиваат лично со поддршка на родителите и асистенција на водачите кога ќе биде потребно.

  • Да бидат достојни да го посетат храмот и да ја имаат трајната радост на заветниот пат.

Како што децата и младите добиваат откровенија за својот живот, градат односи врз база на евангелието, и успешно ги постигнуваат овие цели вежбајќи ја слободата на избор како што растат.

Настојувајте да го Следите Спасителот

Во Својата младост, Исус морал да го научи Својот божествен идентитет и мисија, исто како што мора секое Божјо дете да го направи тоа. Тој „се величеше во мудрост и раст, и во служба на Бога и луѓето.“ (Лука 2:52). Израсна на урамнотежен начин, на кој можат и сите деца и млади.

Помогнете им на децата и младите да го воведат Спасителот во сите аспекти од нивниот живот—не само на Сабат. Додека настојуваат да го постават Исус Христос во центарот на нивните животи, Тој ветува дека ќе го испрати Светиот Дух да биде нивниот утешител и да ги води.

Во идеален случај, следењето на Спасителот започнува во домот. Црковните водачи можат да обезбедат витална поддршка за поединци и семејства.

насочено кон Домот

семејство како седи на клупа

Родителите планираат семејни искуства и разговори за да го поучуваат евангелието на Исус Христос и да им излезат во пресрет на уникатните потреби на секое дете. Ова се случува кога семејствата работат и играат заедно на начини што поучуваат за основните вештини, го зајакнуваат карактерот, и нудат можности за раст.

Поттикнувајте раст

  • Молете се за насока. Небесниот Отец ги познава вашите деца и ќе ви помогне при поучувањето.

  • Помогнете им на своите деца да го побараат и да го препознаат влијанието на Светиот Дух.

  • Изразувајте љубов и често давајте им комплименти на своите деца за напорите што ги вложуваат да работат добро и за Христијанските особини што ги препознавате кај нив.

  • Побарајте можности да им служите на другите како семејство.

Обезбедете Насока

  • Помогнете им на вашите децата да увидат како можат да го применат евангелието во сите области од нивниот живот.

  • Насочувајте ги вашите деца и охрабрувајте ги да си постават сопствени цели и планови.

  • Помогнете им да смислат сопствени решенија за проблемите.

  • Понудете поддршка, помош и охрабрување на тој пат.

Зборувајте со Водачите

Воспоставете комуникација со учителите и водачите за да одредите како можат најдобро да ги поддржат вашите деца. Бидете внимателни да не ја нарушите довербата на вашите деца или да ги посрамотите.

Црковно-поддржано

насочено кон Домот (Семејно)

симблол за евангелско учење
симбол за служење и активности
симбол за личен развој

Црковно-поддржано (Водачи)

Улогата на Црквата вклучува поучување на евангелието на Исус Христос, овозможување на обреди и поддршка на домот. Водачите и учителите ги поддржуваат родителите воспоставувајќи силни, грижливи односи со децата и младите на кои им служат.

Зборувајте со Родителите

  • Воспоставете неформална комуникација со родителите за да откриете како да ги поддржите нивните деца. Споделете ги силните страни што ги забележувате.

  • Прашајте што се надеваат дека нивните деца ќе доживеат и ќе научат во кворумите на Ароново Свештенство, на часовите за Млади Жени и за време на активностите.

Кога родителите не се активни членови на Црквата:

  • Објаснете им ги на родителите овие напори за поддршка на децата и младите, и прашајте дали и како би сакале да бидат вклучени нивните деца.

  • Прашајте ги децата или младите каква поддршка би сакале.

  • Зборувајте со советот на оддел за тоа како да ги вклучите родителите што е можно повеќе.

Поддржувајте ги Децата и Младите

  • Помогнете им на децата и младите да го препознаат влијанието на Светиот Дух.

  • Запрашајте ги што тие би сакале да научат и да доживеат во кворумите, на часовите и за време на активностите.

  • Охрабрувајте ги да го превземат водството во планирањето и спроведувањето на активностите.

  • Помагајте им на носителите на Ароновото Свештенство во исполнувањето на кворумските одговорности.

Учење на Евангелието

семејство како заедно проучува

Во домот

Личното и семејното проучување на светите писма и молитвата ќе им помогнат на децата и на младите да го почувствуваат и да го препознаат влијанието на Светиот Дух и да научат да го сакаат Спасителот. Поединци и семејства се охрабруваат да го користат прирачникот Дојдете, Следете Ме—За Поединци и Семејства и зборовите на живите пророци за да го проучуваат евангелието на Исус Христос.

Во Црква

Деца и млади се среќаваат заедно за да го научат евангелието на Исус Христос. Децата го учат евангелието преку лекции и за време за пеење од Основно. Младите учат за учењето на часовите и во кворумите. Децата и младите се поканети да споделат што научиле дома и да го применат евангелието во нивните животи.

Служба и Активности

Волонтери „Мормонски Раце што Помагаат“

Во домот

Службите и активностите создаваат побожни дневни навики, градат семејни односи, поучуваат животни вештини, развиваат Христолики особини и им помагаат на децата и младите да растат. Семејното служење и активности можат да не насочат кон потребите на поединци и семејства и да обезбедат можности за применување на евангелските принципи во секојдневните искуства.

Во Црква

Службата—вклучувајќи ја и онаа на носителите на Ароновото свештенство кои служат во обредот на сакраментот—и редовните активности обезбедуваат можности за собирање, за учење на нови вештини, за постигнаување успех при решавање на тешки задачи и за градење на евангелски односи со врсниците и водачите. Овие можности им помагаат на децата и младите да растат духовно, социјално, физички и интелектуално и да им пружаат смислена служба на другите. JustServe (JustServe.org) е корисен ресурс за служење на општо корисна работа во заедницата.

Повеќедневните активности за млади вклучуваат конференции За Силата на Младите (ЗСМ), младинските конференции, кампови и други собири. Овие активности можат да им помогнат на младите да ја продлабочат својата желба да го следат Спасителот, да ги извлечат од нивните вообичаени дневни рутини, и да им помогнат да увидат дека се дел од поголема група млади луѓе кои споделуваат побожни цели.

ЗСМ Бразил 2016

Личнен Развој

Во домот

Децата и младите избираат што можат да сторат за да растат и да научат да го следат Спасителот. Родителите може да им помогнат да препознаат како веќе растат и каде можеби ќе треба да се подобрат. Сите активности, вклучувајќи ги црковните, училишните, пријателските, спортските, уметничките, работните и други индивидуални интереси може да им помогнат на децата и младите да го следат Исус Христос.

Во Црква

Водачите го сакаат и му служат на секое дете и млад човек и стануваат свесни за нивните потреби и интереси. Градејќи однос полн со љубов, водачите можат да обезбедат единствено и моќно влијание за да ги поддржат и охрабрат децата и младите во нивните индивидуални служби и раст.

Променете се и Прилагодете се

две млади жени како се смеат

Секој поединец, смејство и конгрегација се единствени. Она што најмногу одговара на еден, не значи дека ќе одговара и на друг. Направете така како што е најдобро за вашето семејство, класот, кворумот, или одделот. Зборувајте за вашите можности и грижи, и барајте откровение за тоа како да ја скроите оваа иницијатива за да им помогнете индивидуално на децата и младите да го достигнат нивниот божествен потенцијал.

На пример, децата и младите ќе се разликуваат во тоа како пристапуваат кон личниот раст: видот, бројот и зачестеноста на целите, како и тоа колкава поддршка им е потребна, треба да се одредат индивидуално. Класовите и кворумите исто така се прилагодуваат на потребите. Покрај тоа, видот и зачестеноста на активностите може да варираат во зависност од локалните околности.

Бидете едноставни. Направете го она што делува.

Мотивација и Признавање

младо момче како стои во клас

Мотивација

Децата и младите природно ќе бидат мотивирани додека се чувствуваат сакани, растат, се подобруваат и го чувствуваат Светиот Дух во нивните животи. Кога промените и растот ќе станат тешки за нив, охрабрете ги да најдат начини да ги надминат предизвиците или да ги прилагодат своите планови. Силните и доверливи односи со родителите, водачите и врсниците можат да им дадат сила да продолжат да се обидуваат.

Признавање

Како што децата и младите напредуваат, фалете ги и охрабрувајте ги нивните напори. Дајте им можност да го споделат она што го учат и да го прослават нивниот раст. Покрај тоа, сите деца и млади можат да примаат предмети, како прстен или медалијон, за да ги потсетат дека се дел од една светска група која се стреми да го следи Исус Христос. Како што децата и младите постигнуваат духовни, социјални, физички и интелектуални цели, тие можат да добијат дополнителни амблеми.