Улоги,“ Децата и Младите на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни: Воведен Водич за Родители и Водачи (2020)
„Улоги“
Улоги
Дом и Родители
Која е мојата улога?
Бидете пример за праведност за вашите деца. Научете ги како да растат во сите области од нивните животи. Пронајдете начини да им помогнете како да ја научат радоста на одржување на заветите, да откриваат нови таленти и да прават тешки работи. Помогнете му на семејството да се приближи до Небесниот Отец и Исус Христос и да живее според евангелието во секојдневниот живот.
Што да направам?
Дозволете им на вашите деца да знаат колку многу ги сакате. Бидете вклучени во нивните животи. Преку молитва идентификувајте ги нивните индивидуални потреби и направете план за проучување на евангелието и за активностите за да ги задоволите овие потреби. Редовно споделувајте го вашето сведоштво со нив. Разговарајте со водачите за тоа како можат да ги поддржат вашите деца.
Од каде да почнам?
Продолжете да зборувате и да ги слушате вашите деца. Молете се за да дознаете како може да ги поддржите. Помогнете им да откријат и започнат да работат во оние области на учење за кои се заинтересирани. Започнете или продолжете со семејната молитва, проучување на евангелието, со можностите за служење и со активностите за да им помогнете на вашите деца да растат.
Водачи и Учители за Основно
Која е мојата улога?
Сакајте ги и зајакнувајте ги децата. Асистирајте им на родителите во помагањето на нивните деца да ја почувствуваат љубовта на Небесниот Отец кон нив, да го разберат евангелието на Исус Христос, да го почувствуваат и препознаат влијанието на Светиот Дух, и да се подготват за да ги склучат и да ги одржуваат светите завети.
Што да направам?
Да осигурате за време на часовите за Основно и часовите за пеење децата да го почувствуваат Духот, да ја зајакнат својата верата и да ја почувствуваат радоста на евангелието за Исус Христос во нивините животи. Користејќи ги областите на раст предложени во Лука 2:52 како водич, испланирајте забавни и ангажирани дејствија на служба и активности што градат сведоштва, зајакнуваат семејства и негуваат единство и личен развој.
Од каде да почнам?
Запознајте ги децата и нивните семејства и служете им според нивните потреби. Во улога на Претседателство на Основно, преку молива прашувајте како можете да им помагате на вашите учители, водачи за музика и за активности за да им помогнат на децата да го следат Спасителот.
Водачите на Млади Жени
Која е мојата улога?
Асистирајте им на родителите и на раководството на епископството во насочувањето и инспирирањето на младите жени да го разберат нивниот идентитет како ќерки на Бог, да се подготват за храмските завети и да ги исполнат нивните божествени цели. Насочувајте ги претседателствата додека ги водат, се подготвуваат за час и им служат на членовите од нивните класови.
Што да направам?
Поставете пример како ученик на Исус Христос. Насочувајте ги претседателствата на клас додека молитвено планираат и помагаат да се научат лекциите од прирачникот Дојдете, Следете ме—За Млади Жени. Охрабрете ги да предводат во планирањето и спроведувањето на службите и активностите што ќе им помогнат на младите жени да растат во сите области од нивниот живот. Понудете дополнителна поддршка на младите жени кои имаат потреба од тоа.
Од каде да почнам?
Запознајте ги младите жени поединечно. Зборувајте со младите жени, нивните родители и раководствата на епископството за тоа како можете да ги поддржите младите жени да растат. Молете се за да знаете како можете да им помогнете на претседателствата на клас да успеат во нивините повици.
Водачи на Ароново Свештенство
Која е мојата улога?
Асистирајте им на родителите и раководството на епискоство во подготовката на младите мажи за ракополагање на свештеничките повици, храмскит завети, мисии и божествени улоги. Инспирирајте ги да ја разберат нивната цел и идентитет како синови Божји. Насочувајте ги претседателствата на кворум додека водат, се подготвуваат за и им служат на членовите на своите кворуми и додека служат за време на обредот на сакраментот.
Што да направам?
Поставете пример како ученик на Исус Христос. Водете ги претседателствата на кворум додека ги практикуваат своите клучеви, служат за време на обредот на сакараментот, и молитвено ги планираат и помагаат да се научат лекциите од прирачникот Дојдете, Следете ме—За Млади Мажи. Помогнете им да ги испланираат и да ги спроведат дејствијата на служење и активностите што ќе им помогнат на младите мажи да растат во сите области од нвините животи. Дозволете им да водат. Понудете дополнителна поддршка на младите мажи кои имаат потреба од тоа.
Од каде да почнам?
Минувајте време со младите мажи. Запознајте ги и сакајте ги секој поединечно. Зборувајте со раководството на епископствата, со младите мажи и нивните родители за да одредите како може да ги поддржите додека растат за да наликуваат сѐ повеќе на Спасителот. Молете се за да знаете како можете да им помогнете на претседателствата на кворум да ги вежбаат своите клучеви и да успеат во нивините повици.
Учители на Неделно Училиште
Која е мојата улога?
Залагајте се да им помагате на младите да се приближат до Христос преку учење и следење на Неговото учење. Поучувајте ги младите да го разберат, да го споделуваат и да живеат според евангелието на Исус Христос.
Што да направам?
Поставете пример како ученик на Исус Христос, и помогнете им на младите да ја изградат својата вера. Охрабрете ги да ги проучуваат светите писма дома—индивидуално и со своите семејства. Помогнете им да се подготват и да поучуваат за принципите на учењето. Поканете ги да го применат наученото во нивниот личен развој.
Од каде да почнам?
Настојувајте да поучувате како што Спасителот поучувал. Запознајте ги младите индивидуално. Молете се за да знаете како можете да им помогнете да растат за да наликуваат сѐ повеќе на Спасителот. Зајакнете ги членовите на класот и нивните родители во нивните напори да учат и да поучуваат за евангелието во црквата и во нивните домови.
Раководство на Епископства и Претседателства на Кворум и Клас
Која е нивната улога?
Епископство е претседателство на Ароновото Свештенство во одделот и е одговорно за младите жени и младите мажи. Претседателствата на кворумот на Ароново Свештенство фукционираат со клучеви потврдени кога претседателите на кворум се издвојуваат. Претседателствата на класови на Млади Жени функионираат под свештеничко овластување откако се издвоени од член на претседателството на епископството.
Што прават тие?
Престседателствата треба да се залагаат да бидат вистински ученици на Исус Христос додека му помагаат на секој член на кворумот или на класот да се почувствува сакано и да ја открие радоста од живеење на евангелието. Под раководство на претседателството на епископството, претседателствата на кворум управуваат со носителите на Ароновото Свештенство додека служат за време на обредот на сакраментот. И претседателствата на кворум и на клас предводат во собирањето на Израел од двете страни на превезот и во грижата за оние кои имаат потреба од тоа.
Од каде да почнат?
Претседателствата учат за своите обврски од Господ и од своите водачи. Се молат за членовите на кворум и клас и ги запознаваат нивните потреби. Ги поддржуваат во намерата да станат ученици на Исус Христос. Се советуваат заедно за тоа кои лекции, активности, и служби ќе ги благословат и ќе ги зајакнат младите и ќе внесат единство во нивните кворуми или класови.